Прејди на содржината

Јована I Кастиљска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хуана Кастилјска)
Јована I
Кралица на Кастиља и Леон
На престол26 ноември 1504 - 12 април 1555
ПретходникИзабела I
НаследникЈована II
Почивалиште
Фердинанд II Арагонски
ДецаЛеонор Австриска
Карло I од Шпанија
Изабела Австриска
Фердинанд I
Марија Австриска
Каталина Австриска
ДинастијаТрастамара
ТаткоФернандо II
МајкаИзабела I

Јована I Кастиљска (шпански: Juana I de Castilla; 6 ноември 1479 во Толедо, Шпанија - починала на 12 април 1555 во Тордесиљас, Шпанија) — кралица на Кастиља и Леон. Во историјата е позната и како Јована Лудата, поради нејзината опсесивна љубов кон сопругот, Филип I Кастиљски, која на крајот ѝ придонела да го изгуби разумот.

Титули и кралство

[уреди | уреди извор]

Најпрвин била инфанта од Кастиља и Арагон, подоцна надвојвотка од Астурија, војвотка од Бургундија и Брабант и грофица од Фландрија. По смртта на својата мајка, Изабела I Кастиљска, станала кралица на Кастиља, Леон, Галисија, Гранада, Севиља, Мурсија, Гибралтар и Канарските Острови. Била кралица и на Западните Инди (1504-1555), а по смртта на својот татко Фернандо II Арагонски, и на Навара, Неапол и Сицилија (1516-1555). Таа исто така имала и други титули, како: кнегиња од Барселона и господарка од Бискаја.

Јована I ги наследила сите титули од своите родители, Изабела I, кралица на Кастиља, и Фернандо II, крал на Арагон, и по смртта на татко ѝ на 16 јануари 1516, практично ја обединила круната на Шпанија. Иако била прогласена за ментално неспособна и била затворена во Тордесиљас, формално владеела заедно со својот син Карло I од Шпанија, сè до смртта во 1555.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Јована била во брак со Филип I Кастиљски, со кого имала 6 деца и сите 6 станале владетели:

Претходник
Изабела I
Кралица на Кастиља и Леон
1504-1555
Наследник
Филип I Кастиљски