Хајнрих Харер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајнрих Харер
Харер во 1930-тите
Роден(а)Хајнрих Јозеф Харер
6 јули 1912
Хутенберг, Австроунгарија
Починал(а)7 јануари 2006(2006-01-07) (возр. 93)
Фризах, Австрија
Алма матерГрацки универзитет
Занимањепланинар, спортист
географ, писател
Познат(а) поСедум години во Тибет (1952)
Белиот пајак (1959)
Сопружник
  • Шарлот Вегенер (в. 1938; р. 1943)
  • Маргарет Трукса (в. 1953; р. 1958)
  • Катарина Хархаус (в. 1962)
Страница
www.harrerportfolio.com

Хајнрих Харер (германски: Heinrich Harrer; Австроунгарија, 6 јули 1912Австрија, 7 јануари 2006) — австриски истражувач, планинар и писател, обершарфирер на СС, наставник и пријател од детството на 14-тиот далај-лама. Тој станал широко познат благодарение на книгата со мемоари за патувањето во Тибет, „Седум години во Тибет“, и истоимениот филм од 1997 г., каде што улогата на Х. Харер ја играл Бред Пит.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Хајнрих Харер е роден на 6 јули 1912 г. во Хутенберг, Австрија, во округот Санкт Вајт ан дер Глан во покраината Корушка. Неговиот татко, Јозеф Харер, бил поштенски службеник. Од 1933 до 1938 г., Харер студирал географија и спорт на Грацкиот универзитет Карл-Франц. Харер станал член на традиционалната студентска корпорација АТВ Грац.

Во 1935 г., Харер бил назначен да учествува на натпреварот во алпско скијање на Зимските олимписки игри од 1936 г. во Гармиш-Партенкирхен. Австриската екипа за алпско скијање, меѓутоа, го бојкотирала настанот поради судир во врска со статусот на учителите по скијање како професионалци. Како последица на тоа, Харер не учествувал.

Во 1937 г., Харер победил во спуст на Светското студентско првенство во Цел ам Зе.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Martin, Douglas (10 January 2006). „Heinrich Harrer, 93, Explorer of Tibet, Dies“. The New York Times. Архивирано од изворникот 6 December 2011. Посетено на 15 January 2012.
  2. „Heinrich Harrer Obituary“. The Telegraph. 9 January 2006. Архивирано од изворникот 9 July 2013. Посетено на 14 January 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]