Фунафути

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фунафути
Funafuti
атол
Училиште во Фунафути
Училиште во Фунафути
Поглед кон атолот Фунафути
Поглед кон атолот Фунафути
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу.
Координати: 08°31′S 179°13′E / 8.517° ЈГШ; 179.217° ИГД / -8.517; 179.217
Држава Тувалу
Површина
 • Вкупна2,4 км2 (9 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно4.492
 • Густина190/км2 (480/ми2)

Фунафути (тувалски: Funafuti) — атол во Тувалу кој служи како главен град на државата. Фунафути е исто така еден од деветте окрузи во Тувалу. Фунафути, според пописот од 2002 година, имал население од 4,492 жители, што е најнаселен атол во земјата. Атолот е широк од 20 до 400 метри и во средината се наоѓа лагуна која има 188 километри должина, 14 километри широчина и има површина од 275 км2, што ја прави најголема лагуна во Тувалу. Вкупната површина на копното на Фунафути изнесува 2.4 км2, што е помалку од еден процент од вкупната површина на земјата. На Фунафути има писта, хотел и административни згради, како и станбени објекти изградени на традицинален начин од палма или од цимент. Најистакнат објект на островот е Црквата во Тувалу.

Атолот е составен од неколку помали островчиња. Најголемо островче е Фонгафале, каде се наоѓаат четири села вклучувајќи го и Ваијаку кој е седиште на владата. На Фунафути има две основни училишта и едно средно училиште. Бидејќи Тувалу нема градови, целиот атол официјално се смета за главен град, но некогаш како главен град се смета Фонгафале или Ваијаку.

Села[уреди | уреди извор]

Централно Фонгафале
  • Факајфоу - 1007 жители
  • Сенала - 589 жители
  • Алапи - 1024 жители
  • Вајаку - 516 жители
Остатокот од Фонгафале

Остатокот од Фонгафале со полуостровот Тенгако на север имаат:

  • Лофеагај - 399 жители
  • Теоне - 540 жители
  • Текаватоетое- 343 жители
Фунафала
  • Фунафала - 22 жители
Аматуку
  • Аматуку - 52 жители

Лагуна[уреди | уреди извор]

Лагуната или на тувалски позната како TeNamo е најголемата лагуна во Тувалу. Таа има 24.5 километгри должина, 17 километри ширина и површина од 275 км2. Најдлабоката измерена точка е 52 метри, но има карпи кои можат да се достигнат на 6 метри длабочина.[1]

Островчиња[уреди | уреди извор]

Фунафути е составен од најмалку 33 островчиња. Најголем од сите е Фонгафале, кој е проследен од Фунафала. Најмалку три острови се населени, односно Фонгафале, Фунафала и Аматуку.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]