Убанги-Шари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ubangi-Shari
Oubangui-Chari
Составен дел на на Француска Екваторијална Африка
1903–1958
Знаме Грб
Знаме Грб
Химна
La Marseillaise  •  La Renaissance
Местоположба на Убанги-Шари
зелено: Убанги-Шари (до 1916)
светло-зелено: Убанги-Шари (1916 отстапена од Камерун)
темно-зелено: Француска Екваторијална Африка
сиво: останати француски територии
темно-сиво: Француска Република
Главен град Лес Абирас (1903–1906)
Форт де Посел (1906)
Банги
Историја
 -  Основана 1903
 -  Соединета со Чад 1906
 -  Соединета со Француска Екваторијална Африка 1910–1916
 -  Административно одделена 1916–1934
 -  Соединета со Француска Екваторијална Африка 1934–1958
 -  Автономија 1 декември 1958

Убанги-Шари (француски: Oubangui-Chari) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Екваторијална Африка во периодот од 1903 до 1958 година. Земјата се наоѓала на територијата на Централноафриканска Република и била именувана по реките Убанги и Шари, по кое била колонизирана. Колонијата била основана на 29 декември 1903 година со обедионување од Горен Убанги и Горен Шари, територии кои му припаѓале на Француско Конго. На 1 декември 1958 година земјата била преименувана во Централноафриканска Република (ЦАР), а додека на 13 август 1960 година добила независност.[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Француската активност во областа започнала во 1889 со формирањето на Банги. Горен Убанги бил формиран како дел од Француско Конго на 9 декември 1891 година. И покрај конвенцијата на Слободна Држава Конго која ја воспоставила границата, областа била оспорена од 1892 до 1895 година од Слободна Држава Конго која го сметала дека регионот за своја територија. Горен Убанги претставувал посебна колонија од 13 јули 1894 до 10 декември 1899 година, а потоа бил припоен кон во Француско Конго. Регионот Горен Шари бил формиран како дел од Француско Конго на 5 септември 1900 година[1]. Истата година Компанијата на Горните Султанати Убанди зазела повеќе од 140.000 км2 од Горен Убанги како концесија[2].

Териториите биле обединети како посебна колонија Убанги-Шари на 29 декември 1903 година. На 11 февруари 1906 година, оваа колонија се споила со француските населби околу езерото Чад и територијата била позната како Убанги-Шари-Чад. На 15 јануари 1910 година, оваа администрација била споена со францускиот Средно Конго и Габон како област на Убанди-Шари на Француска Екваторијална Африка. На 12 април 1916 година повторно станала посебна колонија Убанги-Шари, но ја загубила територијата околу езерот9 Чад во 1920 година и повторно била вклучена во ФЕА на 30 јуни 1934 година. Како дел од Француска Екваторијална Африка, била прогласена за прекуокеанска територија на 31 декември 1937 година.

За време на Втората светска војна, земјата останала лојална на Вишиевска Франција од 16 јуни до 29 август 1940 година, пред да биде преземена од Слободна Франција. На 1 декември 1958 година на земјата и било одобрена автономија како Централноафриканска Република и истата стекнала независност под исто име на 13 август 1960 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 World Statesmen. "Central African Republic." Accessed 29 Mar 2014.
  2. Richard Bradshaw and Juan Fandos-Rius, Historical Dictionary of the Central African Republic (Scarecrow Press, 2016), p. 176.