Тефтан
Тефтан | |
---|---|
Кох и Тефтан[1] | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3941 м [2] |
Истакнатост | 2901 м [2] 109-то место |
Заведена како | Ultra |
Координати | 28°36′00″N 61°07′57″E / 28.60000° СГШ; 61.13250° ИГД [2] |
Друго име | Кох и Тефтан[1] |
Географија | |
Место | Систан и Балуџистан, Иран. |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | Unknown |
Тафтан или Тефтан (персиски: تفتان, Taftân) — активен стратовулкан кој се наоѓа во југоисточен Иран во провинцијата Систан и Балуџистан. Со варијабилни пресметани височини од околу 4.000 метри (13.000 стапки) над морското ниво, Тафтан е највисоката планина во југоисточен Иран. Најблискиот град е Хаш.
Тафтан има два главни врвови, Наркух и Матеркух, а за двата врва се пресметани различни висини. Северозападниот Наркух има два кратери и е постар од двата врвови. Југоисточниот врв Матеркух е опкружен со лавини текови и има најмалку три кратери. Главната карпа во Тафтан е составена од андезит.
Извештаите за историска вулканска активност се нејасни и најмладите радиометриски датуми се 0,71 ± 0,03 mya. Во моментов, вулканот има енергична фумаролична активност која е видлива од голема далечина и вклучува бројни отвори во Матеркух. Тафтан се чини дека е дел од геотермална област, а голем број на топли извори може да се најдат околу вулканот.
Тафтан е дел од вулканскиот лак во Иран, заедно со Базман, исто така во Иран, и Кох-и-Султан во Пакистан. Овој вулкански лак се формирал на седиментни слоеви од Еоценот и резултирал од подвлекување на океанските Арапски плочи под Иран.
Географија и геологија
[уреди | уреди извор]Тафтан се наоѓа во иранската провинција Систан и Балуџистан. Градови кои се наоѓаат во близина на Тафтан се Хаш на 45 километри на југ и Захедан кој се наоѓа на 100 километри на север[3]. Во 1844 година, Абдул-Наби пријавил за постоење на вулканска активност на планината.[4]. Во 1971 година било објавено дека некои племиња кампуваат на падините на Тафтан во текот на зимските сезони[5].
Регионална поставка
[уреди | уреди извор]Вулканска активност се случила во делови од Иран од периодот на Креда[6]. За време на еоценската и олигоценската епоха, вулканската активност достигнала максимум, со дебели пирокластички слоеви кои биле депонирани во централниот дел на Иран и планините Алборз[7]. Областа околу вулканот Тафтан припаѓа на тектонската зона која е различно наведувана како Шустан или зоната Забул-Балох. По формирањето на океанот, тектонските блокови Нех и Лут се судриле за време на еоценската епоха[8].
Вулканската активност во врвот Тафтан се чини дека се однесува на подвлекување на Арапската плоча под плочата на Централен Иран[8], која се појавува со темпо од 3,5 до 4,2 сантиметри годишно[9]. Оваа подвлекување исто така е одговорнo за вулканизам кај Базман во Иран и Кох-и-Султан во Пакистан[10]. Овој синџир е познат како Вулкански лак Балуџистан.[9].
Локална поставка
[уреди | уреди извор]Тафтан е највисоката планина во југоисточниот дел на Иран[11]. Топографијата е генерално стрмна[12]. Длабоките долини со U и V форми се развиле со текот на времето, а вулканот има силно еродиран изглед.[10] Една од овие долини, Таминдан, би можело да биде долината во верските текстови на Авеста[13]. Една серија на игнимбритски карпи околу вулканот која достигнува дебелина од 50 метри (160 стапки) би можело да биде стара 2 милиони години[14].
Во внатрешноста на Тафтан се формираат различни седиментни карпи, заедно со некои мафички вулкански карпи и метаморфни карпи. Во Тафтан, флишот Нехбандан-Каш се граничи со Макранската зона[15]. Најстарите карпи се варовници од периодот Креда[10]. Кората под Тафтан е дебела околу 60 километри[16]. Главната градба е изградена на врвот на еоценскиот флиш, иако некои кредарни седименти исто така се дел од внатрешноста[17]. Голем дел од овие карпи се розово обоени од хематит[18].
Тафтан е вулкан со неколку врвови. Највисоките два се разделени со седло и се нарекуваат Наркух или Наркоу и Матеркух или Мадеку[19], кои се оддалечени 2 километри еден од друг[20]. Наркух е висок 4.100 метри[21] и Матекух 3.950 метри. Постојат различни висини пресметани за врвовите, некои од нив го поставуваат Матекух како највисок од двата[19]. Така на пример, поновите ирански мапи цитирани во 2004 година го покажуваат Наркух со висина од 3.840 метри и Матекух со висина од 3.940 метри (12.930 стапки), додека Гансер во 1964 година покажал височина на врвот од 4.050 метри[22]. Друг извештај од 1931 година тврди дека висината на врвот е 3.973 метри (13.034 стапки)[23], во 1976 година бил објавен извештај за висина од 4.032 метри, а мапирањето во 2004 година покажало мерење од 4.061 метри (13.323 стапки)[24]. Овие врвови се искачуваат на 2.000 метри над околните равнини.[8]
Наркух има два кратери[20]. Северниот е понизок и е извор на повеќе лавини текови од јужниот. Северозападниот конус Наркух од плеистоценот е многу еродиран, додека југоисточниот конус Матекух има свежи лавини текови и покажува фумаролна активност[10][19]. Матекух има три главни кратери[25], иако источната страна на источниот кратер, исто така, била погодена од ерозија[20]. Алтернативно, експлозивната ерупција ја отстранила источната страна и создала стрмна клисура. Северниот кратер е извор на лавини текови, од кои некои се добро сочувани и достигнуваат должина од 12 километри[25]. Генерално, дебелите лавини текови го покриваат Матеркух[26]. Во 1893 и 1914 година, Перси Сајкс опишал плато со врв од 370 метри, а на другата страна се поставени двата врвови Зијарет Кух (Рид на жртвата, каде што се жртвувале жртви) и Мадар Кух кој содржи фумароли според извештајот од 1893 година)[27][28]. Фумаролошката промена на областа на врвот создала сулфур и глинени депозити кои личат на снежна покривка.[22]. Еден извештај во 1893 година посочил дека областа на врвот на вулканот била покриена со пепел од 3.400 метри[28].
Најголемиот дел од вулканот се формирал со лавини текови[15], заедно со вулкански слоеви, со дацити и пирокластици што лежат на врвот[29]. Овие карпи формирани со ерозија, експлозивна активност и топли лавини, биле депонирани врз основа на вулканот кој се протегал на повеќе од 30 километри подалеку од централните отвори[30].
Состав
[уреди | уреди извор]Тафтан избувнува главно лава од базалтиски андезит до дацит. Доминантната карпа е андезит, со содржина на силициум диоксид која се движи од 49,8 до 63,5%[31]. Сивите андезити ги формираат најмладите карпи на главниот врв и содржат хлоритен шкрилец и биотитен гнајс[32]. Андезитите се везикуларни[4]. Магмата на вулканот Тафтан е многу оксидирана, како што може да се заклучи од составот на околните игнимбритски и фумаролошки гасови[33].
Лавата од Тафтан е порфирна. Минералните компоненти вклучуваат биотит, пироксени, хорнбленд, ортопироксен, плагиоклас и кварц. Други компоненти се халкопирит, хематит, илменит, магнетит и пирит[10]. Комплексните фенокристални склопови пронајдени во примерокот покажуваат дека формирањето на магмата била комплексен процес. Целокупните карпи на Тафтан се богати со калиум[21]. Магмата која ги формирала овие карпи била под влијание на процесите на мешање на кристали. Неговиот состав има одлики на вулкански магми.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Тафтан се одликува со ладни зими придружени со снежни врнежи кога температурите паѓаат помеѓу декември и февруари, и жешки лета со температури во текот на јули и август со над 30 °C[10]. Тафтан се наоѓа на сува местоположба, но има повеќе врнежи од околината, со што се обезбедува вода за околниот терен[3]. Просечните врнежи се 150 милиметри годишно.
Еруптивна историја
[уреди | уреди извор]Околу пет различни периоди на активна ерупција се откриени во вулканот Тафтан[15]. Првата активност вклучувала лава и пирокластици од дацитски до ридацитски состав. Подоцна, горните плиоценски лави избиле заедно со агломерати. Овие можат да се најдат до 10 километри од конусот[8]. Три фази се датирани во периодот 6,95 ± 0,72, 6,01 ± 0,15 и 0,71 ± 0.03 милиони години[21]. Истражувањето објавено во 1897 година укажува на отсуство на многу нови свежи лавини текови, но авторите заклучиле дека вулканската активност се случила за време на сегашната геолошка епоха[28]. Бидејќи името „Тафтан“ може да се изведе од древниот ирански збор „тафт“ кој значи „полуцврст течен материјал“, овде може да се заклучи дека луѓето биле сведоци на ефузивната активност од тој временски период околу вулканот[6].
Ерупции се регистрирани во 1902, 1970 и 1993 година. Овие ерупции биле придружени со земјотресна активност. За време на ерупцијата од 1902 година, бил забележан чад и ноќен сјај на вулканот. Ерупцијата во 1993 година вклучувала лава со должина од 60 метри но тоа би можело да е проток на стопен сулфур. Вулканот во моментов е класифициран како заспан вулкан. Сателитските снимки укажуваат дека сепак се јавува деформацијата на земјата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McMahon, C. A. (1899). „The Persian Volcano Koh-I-Taftan“. Geological Magazine. 6 (07): 336. doi:10.1017/S0016756800142359.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 . Peaklist.org http://peaklist.org/WWlists/ultras/iran.html. Посетено на 2013-02-10. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ 3,0 3,1 Biabangard, H.; Moradian, A.; Bavali, Y. (2009). „STUDY OF THE HYDROGEOCHEMISTRY OF TAFTAN VOLCANO'S MINERAL SPRINGS AND THEIR RELATION TO HARD-ROCK MASSES OF REGION“. Geosciences. 19 (73): 99–108. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ 4,0 4,1 Reclus, Elisée (1906). Les volcans de la terre (француски). Société belge d 'astronomie, de météorologie et de physique du globe. стр. 23–24. Посетено на 2 August 2016.
- ↑ Gansser, 1971, p.320
- ↑ 6,0 6,1 Gansser, 1971, p.321
- ↑ Gansser, 1971, p.322
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Sadeghi et al., 2015, p.2
- ↑ 9,0 9,1 Perello, J.; Razique, A.; Schloderer, J.; Asad-ur-Rehman (1 December 2008). „The Chagai Porphyry Copper Belt, Baluchistan Province, Pakistan“. Economic Geology. 103 (8): 1586. doi:10.2113/gsecongeo.103.8.1583.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 Shakeri et al., 2008, p.830
- ↑ Erfurt-Cooper, Patricia (10 August 2014). Volcanic Tourist Destinations. Springer Berlin Heidelberg. стр. 301. ISBN 978-3-642-16191-9. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ Shakeri et al., 2015, p.50
- ↑ Skrine, 1931, p.322
- ↑ Saadat, S.; Karimpour, M.H.; Stern, Ch. (2010). „Petrochemical Characteristics of Neogene and Quaternary Alkali Olivine Basalts from the Western Margin of the Lut Block, Eastern Iran“ (PDF). Iranian Journal of Earth Sciences. 2: 89. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBiabangardMoradian2009
. - ↑ Saadat et al., 2011, p.617
- ↑ Gansser, 1971, p.324
- ↑ Ghazban, 2002, p.810
- ↑ 19,0 19,1 19,2 Kiyanoosh Kiyani Haftlang; Kiyānūsh Kiyānī Haft Lang (2003). The Book of Iran: A Survey of the Geography of Iran. Alhoda UK. стр. 15–16. ISBN 978-964-94491-3-5.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Gansser, 1971, p.325
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Biabangard, H.; Moradian, A. (April 2008). „The geology of Mount Taftan stratovolcano, southeast of Iran“. Nuovo Cimento della Societa Italiana di Fisica. C, Geophysics and Space Physics (2): 119–134. doi:10.1393/ncc/i2008-10295-3. Посетено на 13 July 2016.
- ↑ 22,0 22,1 Wunderman, Richard (2004). „Report on Taftan (Iran)“. Bulletin of the Global Volcanism Network. 29 (10). doi:10.5479/si.GVP.BGVN200410-232050.
- ↑ Skrine, 1931, p.321
- ↑ Ghazban, 2004, p.46
- ↑ 25,0 25,1 Gansser, 1971, p.326
- ↑ Biabangard and Moradian, 2008, p.357
- ↑ Sykes, P.N. (April 1914). „Twenty years' travel in Persia“. Scottish Geographical Magazine. 30 (4): 175–176. doi:10.1080/14702541408555166.
- ↑ 28,0 28,1 28,2 McMahon, C. A.; McMahon, A. H. (1 February 1897). „Notes on some Volcanic and other Rocks, which occur near the Baluchistan-Afghan Frontier, between Chaman and Persia“. Quarterly Journal of the Geological Society. 53 (1–4): 292–293. doi:10.1144/GSL.JGS.1897.053.01-04.23.
- ↑ Ghazban, 2004, p.45
- ↑ Shakeri et al., 2008, p.835
- ↑ Biabangard and Moradian, 2008, p.360
- ↑ Gansser, 1971, p.328
- ↑ Mokhtari, Zahra; Ahmadi, Ali. „INVESTIGATION OF CHEMICAL COMPOSITION OF GAS EXHALATION AND POST VOLCANIC ACTIVITIES OF TAFTAN VOLCANO, SE IRAN“. Researchgate. Geochemistry. Посетено на 13 July 2016.
Извори
[уреди | уреди извор]- Biabangard, H.; Moradian, A. (26 November 2008). „Geology and geochemical evaluation of Taftan Volcano, Sistan and Baluchestan Province, southeast of Iran“. Chinese Journal of Geochemistry. 27 (4): 356–369. doi:10.1007/s11631-008-0356-z. Посетено на 14 July 2016.
- Gansser, Augusto (August 1971). „The Taftan Volcano (SE Iran)“. Eclogae Geologicae Helvetiae. 64 (2): 319–344. doi:10.5169/seals-163985.
- Ghazban, Fereydoun (2002). „Geological and Geothermal Investigation of Mount Taftan, SE Iran“ (PDF). Geothermal Resources Council Transactions. 26 (Geothermal Energy: The Baseload Renewable Resource): 809–814. ISBN 0-934412-86-3. ISSN 0193-5933. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-14. Посетено на 9 August 2016.
- Ghazban, Fereydoun (2004). „Alteration and Geochemistry of Mount Taftan Geothermal Prospect Southeastern Iran“ (PDF). Iranian International Journal of Science. 5 (1): 43–62. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-21. Посетено на 14 July 2016.
- Saadat, Saeed; Stern, Charles R. (July 2011). „Petrochemistry and genesis of olivine basalts from small monogenetic parasitic cones of Bazman stratovolcano, Makran arc, southeastern Iran“. Lithos. 125 (1–2): 607–619. doi:10.1016/j.lithos.2011.03.014.
- Sadeghi, Pouya; Khatib, Mohammad Mahdi; Moridi, Ali Asghar; Bagheri, Sasan (21 November 2015). „3D Mechanical modeling of faults planes based on stress fields: a case study of Saravan fault, SE Iran“. Modeling Earth Systems and Environment. 1 (4). doi:10.1007/s40808-015-0046-x.
- Shakeri, Ata; Moore, Farid; Kompani-Zare, Mazda (December 2008). „Geochemistry of the thermal springs of Mount Taftan, southeastern Iran“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 178 (4): 829–836. doi:10.1016/j.jvolgeores.2008.05.001.
- Shakeri, Ata; Ghoreyshinia, Sayedkazem; Mehrabi, Behzad; Delavari, Morteza (October 2015). „Rare earth elements geochemistry in springs from Taftan geothermal area SE Iran“. Journal of Volcanology and Geothermal Research. 304: 49–61. doi:10.1016/j.jvolgeores.2015.07.023.
- Skrine, C. P. (October 1931). „The Highlands of Persian Baluchistan“. The Geographical Journal. 78 (4): 321. doi:10.2307/1784749.