Прејди на содржината

Метаморфна карпа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Метаморфни карпи)
Мермер. Во Македонија наоѓалиште на мермер има во Прилеп (Мермерен комбинат)

Метаморфните карпи (Meta - morphe - изменување на формата, видоизменување) се голема група на карпи. Тие се настанати со преобликување на магматските и седиментните, или веќе постоечките метаморфни карпи. Ваквите промени се резултат на физичко - хемиски услови кои се разликуваат од оние кои владееле во времето на настанување на матичната (магматска или седиментна) карпа. Најчесто метаморфизмот се врши поради промена на притисокот и температурата, при што преобразбата на матичната карпа може да биде структурна, минералошка и хемиска. Со процесот на прекристализација се зголемуваат зрната, при што, на пример од варовниците настануваат мермери, од песочниците кварцити и сл.

Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот и други.

Терминот шкрилавост или фолијација се користи за взаемниот паралелен распоред на листовидните минерали, како биотит, мусковит, хлорит, талк итн.

Метаморфните карпи се делат на регионално-метаморфни, динамометаморфни и контактно-метаморфни.

Поврзано

[уреди | уреди извор]