Тага (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Тага“
Плакатот на филмот
РежисерРоб Џабаз
СценаристРоб Џабаз
Главни улоги
  • Берант Џу
  • Реџина Леј
  • Цу Чианг Ванг
МузикаTZECHAR
КинематографијаЏјие Ли Баи
МонтажаРоб Џабаз
СтудиоMachi Xcelsior Studios
ДистрибутерRaven Banner Entertainment
Времетраење99 минути
ЗемјаТајван Тајван
Јазик

Тага (кинески: 哭悲) — тајвански филм на ужасите од 2021 г., режиран од Роб Џабаз по негово сценарио.[1] Во продукција на Machi Xcelsior Studios, „Тага“ бил објавен во кината во Тајван на 22 јануари 2021 г.[2] Меѓународната премиера на филмот се одржала на 12 август 2021 г. на 74. Меѓународен кинофестивал во Локарно во Швајцарија.[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во денешен Тајван, медицинските зналци и владините службеници спорат за вирусот „Алвин“, грипозна зараза. Владата одбива да преземе големи мерки за да го спречи преносот на Алвин, а многу обични луѓе се сомневаат дека вирусот воопшто постои. Сепак, некои виролози стравуваат дека има можност да се развие и да предизвика сериозни болести.

Џим и Кет, млад пар во Тајпеј, поминуваат покрај крвава сцена на злосторство додека возат до железничката станица. Џим ја остава Кет на постојката, а потоа оди во блиското кафуле. Таму, раскрвавена старица со затемнети очи ги напаѓа другите муштерии, плукајќи густа слуз на едниот и горејќи вработен со врело масло. Човекот по кој таа плукнала напаѓа друг муштерија. Таа го брка Џим на улица, каде што е прегазена од автомобил управуван од човек со истите затемнети очи и луд израз. Џим бега назад во својот стан пеш, бркан од заразените месни жители. Тој ѝ испраќа пораки на Кет да остане таму каде што е, ветувајќи ѝ дека ќе ја спаси. Тогаш соседот го напаѓа, отсекувајќи му два прста со градинарски ножици. Џим се брани од својот сосед и успева да избега, користејќи крпа за да се обиде да ја покрие својата повреда.

Во меѓувреме, возот на Кет е нападнат од двајца заразени мажи што ги прободуваат патниците со ножеви и заразуваат други, вклучително и средовечен стопанственик што признал дека е маѓепсан од неа. Додека другите заразени патници ги колат другите, Кет бега од возот со Моли, жена што стопанственикот ја прободел во окото. Стопанственикот ги гони, вооружен со секира.

Кет и Моли пристигнуваат во болницата, која е преплавена со луѓе повредени од заразата. Владата пренесува итна порака во која ветува дека ќе ја преземе контролата врз ситуацијата, но заразениот генерал потоа го убива претседателот со граната. Пациентите во болницата почнуваат да паничат, одвлекувајќи им го вниманието на полицајците таму, токму во мигот кога стопанственикот и другите заразени мештани ги пробиваат вратите. Кет бега по скалите додека стопанственикот ја силува раната на окото на Моли, заразувајќи ја.

Џим бега во работ на градот, поминувајќи низ ужасни сцени на патот. Тој успева да се поврзе со Кет, која му кажува каде е. Додека разговараат, тој почнува да плаче и халуцинира дека фрлената манекенска глава почнува да му ја пие крвта и потта — знаци дека е заразен.

На друго место, стопанственикот ја продолжува својата потера по Кет низ забранетите ходници на болницата, но таа му ја здробува главата со апарат за гаснење пожар. Кет потоа е спасена од д-р Вонг, кој се криел во породилното одделение. Вонг објаснува дека се обидел да го најде лекот за вирусот Алвин, кој во неговиот мутиран облик ги поврзува деловите од мозокот што управуваат со половиот однос и агресијата. Вонг, исто така, претполага дека причината за плачот на заразените е затоа што тие се целосно свесни за ужасните работи што ги прават, но целосно не можат да престанат, споредувајќи го со отпорот на нагонот за трепкање.

Кога Кет наоѓа заразено бебе во корпа за медицински отпад, Вонг ѝ вбризгува серум од вирусот за да испита дали е имуна на него. Тој признава дека направил слични испитувања на бебиња што биле оставени во одделението, но сите биле заразени; Вонг бил принуден да ги успие. Ако Кет се зарази, ќе ја убие и неа; ако не, таа го држи клучот за запирање на ширењето на вирусот. Кет успева да му испрати порака за нејзината местоположба на Џим, кој штотуку пристигнал во болницата. Сфаќајќи дека е имуна на вирусот, Вонг повикува воен вртолет, со намера да ја однесе на безбедно место. Ја предупредува дека без него војниците нема да ја спасат.

Додека се упатуваат кон покривот, двајца заразени ги напаѓаат. Вонг успева да ги убие, но е ранет. Потоа пристигнува Џим и, по борба, го убива заразениот Вонг, кој со последниот здив признава дека уживал да ги убива бебињата.

Кет сфаќа дека Џим е заразен и го заклучува надвор од скалите до покривот. Џим ѝ кажува дека да си заразен е прекрасно и дека не може да смисли некој пољубовен чин од тоа да ја осакати и убие. Кет почнува хистерично да се смее, можеби затоа што е психички скршена поради она што го доживеала или затоа што самата подлегнува на вирусот. Таа бега по скалите и низ вратата што води кон покривот. Набргу по нејзиното излегување, се слуша звук на автоматски истрел. Седејќи наспроти портата на скалите, Џим умира со насмевка на лицето.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Берант Џу Џим
Реџина Леј Кет
Цу Чианг Ванг стопанственикот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „USHER IN A SUMMER OF ULTRA VIOLENT GORE WITH "RUE MORGUE #201"! (JULY/AUGUST 2021 ISSUE)“. Архивирано од изворникот на 2022-02-21. Посетено на 2022-02-21. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Taiwan-made zombie movie creeps into theaters Friday“. Архивирано од изворникот на 2022-02-21. Посетено на 2022-02-21. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „RAVEN BANNER ENTERTAINMENT UNLEASHES REDBAND TRAILER FOR "THE SADNESS". Архивирано од изворникот на 2022-02-21. Посетено на 2022-02-21. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]