Прејди на содржината

Српски филм

Од Википедија — слободната енциклопедија

Српски филм — српски филм на ужасите од 2010 година и прв филм на режисерот Срѓан Спасојевиќ. Во филмот се зборува за „пензиониран“ порноглумец што се согласува да учествува во „уметнички филм“, за на крај да открие дека го вовлекле во снаф-филм со сексуална злоупотреба на деца и некрофилски теми. Во филмот главни улоги се Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ.

На почетокот филмот добил огромно внимание поради деталните отсликувања на силување, некрофилија и сексуална злоупотреба на деца. Надлежните органи во Србија побарале стручно мислење за тоа дали филмот содржи елементи на кривично дело поврзано со заштита на малолетници. Филмот е забранет во неколку земји поради неговата брутална содржина. Забранет е во Шпанија, одбиен е во Норвешка и е привремено забранет за прикажување во Бразил. И цензурираната и нецензурираната верзија на филмот се забранети во Австралија и во Нов Зеланд, а во скоро време филмот добил забрана за прикажување во Малезија и во Сингапур, и тоа во истиот ден.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Mилош е пензиониран порно глумец кој живее со својата жена Марија и нивниот шестгодишен син Петар. Неговиот брат е корумпиран полицаец кого го привлекува жената на Милош, која пак е љубопитна за минатото на Милош и е загрижена за иднината на нејзиното семејство. Лејла, поранешна порно ѕвезда му нуди на Милош да се појави во „уметнички филм“ во режија на Вукомир, независен порнограф кој го бара Милош за неговите филмови поради неговата силна ерекција. Откако ќе го фати својот син како гледа еден од неговите филмови и неинформиран за деталите околу филмовите на Вукомир, Милош се двоуми околу понудата за филмот, но прифаќа само за да обезбеди подобра иднина на неговото семејство. Откако ќе се види со Вукомир, Милош поминува покрај еден сериозен човек кој го придружуваат повеќе луѓе кои му упатуваат чудни погледи. Снимањето започнува во сиропиталиште, Вукомир му дава инструкции на Милош преку слушалка која му ја дала возачот на Вукомир, Раша, а снимателите го следат секој потег на Милош. Тој гледа едно девојче кое се вика Јеца и која била злоставувана од нејзината мајка која го посрамотила споменот на нејзиниот татко-херој со тоа што станала проститутка. Во една темна соба Јеца заводливо јаде сладолед додека една медицинска сестра орално го задоволува Милош. Потоа Милош добива наредба да има секс со мајката на Јеца додека таа гледа. Тој одбива, но го принудуваат да продолжи. Марко подоцна му кажува на Милош дека Вукомир е поранешен психолог кој работел во програми за деца. Откако ќе му го објасни неговиот уметнички стил и ќе му покаже филм од жена која раѓа дете кое веднаш по раѓањето ќе биде силувано (уметност која режисерот ја нарекува „ново порно“), Вукомир забележува дека Милош се двоуми,. Милош бега од просторијата, но на автопатот ќе го пресретне и ќе го заведе лекарката на Вукомир.

Крвавиот Милош подоцна ќе се разбуди во кревет и без никаква претстава што му се случило. Се враќа на напуштениот сет и наоѓа неколку снимки. Кога ќе почне да ги гледа , ќе сфати дека бил издрогиран со дрога која предизвикува агресија и силна сексуална желба. По инструкциите на Вукомир, Милош ја тепал и силувал мајката на Јеца а потоа ѝ ја отсекол главата сè додека не се вкочанила а потоа самиот тој бил содомизиран од обезбедувањето на Вукомир. Потоа гледа како Лејла, загрижена за Милош им вели да престанат а некој човек ѝ ги вади забите. Снимките продолжуваат со тоа што го водат Милош во куќата на Јеца каде што една постара жена го фали бидејќи ја убил нејзината мајка и му ја нуди Јеца за возврат. Милош бега преку прозорецот и потоа го напаѓаат група разбојници, но Раша ги убива и го носи Милош во магацинот на Вукомир.

Во магацинот лекарката на Вукомир се обидува уште повеќе да го издрогира Милош, но тој ја убива со тоа што ѝ го набива шприцот во грлото. Потоа го носат во соба и го тераат да има секс со две тела чиишто лица не се гледаат. Додека Милош му се приближува на едното тело, доаѓа човекот со маската од филмот со Лејла и го силува другото тело. На крајот Вукомир ги открива телата, човекот со маска е Марко кој ја силува Марија, а Милош си го силува сопствениот син. Бесниот Милош го убива Вукомир а Марија го убива Марко. Милош наоѓа пиштол и ги убива сите освен Раша, кому му го вади окото. Додека умирал Вукимир го пофалил Милош дека овие дела се навистина вредни за на филм.

Милош се враќа дома откако се сетил на сè, и на тоа дека ги заклучил Марија и Петар во нивниот дом. Заедно со Марија одлучуваат дека треба да умрат заедно, легнуваат на креветот во спалната и се прегрнуваат, а по неколку истрели тројцата ќе бидат мртви. Подоцна во спалната влегува нов филмски екипаж, меѓу кои и сериозниот човек кој Милош го видел претходно. Тој го откопчува својот патент а режисерот му вели: „Почни од најмалиот“.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Во пишувањето на сценариото за филмот, Срѓан Спасојевиќ имал помош од Александар Радивојевиќ, познат српски критичар за хорор-филмови кој работел на сценариото на српскиот филм Солзи на продажба. Српски филм е домашен филм направен за прикажување во странство, една од многуте работи на Драгољуб Војнов.

Филмот го финансирал Контра филм, српска компанија регистрирана само за таа намена. За време на одбирањето на глумци, режисерот мислел дека главните ликови- познатите Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ ќе се откажат од филмот поради екстремната содржина, но тие веднаш ги прифатиле улогите.

Поради проблеми со буџетот, филмот се снимал со дигитална камера од типот Red One.

Процесот на префрлање на материјалот во 35 мм филм се претворил во борба против цензурата. Откако го бојкотирале договорот со компанијата Ари во Минхен и откако компанијата ги завршила 35мм примероци, управата на компанијата се појавила заедно со адвокати и германски полицајци и им рекле на продуцентите дека тие примероци нема да им ги дадат. Продуцентите тогаш си го повлекле материјалот и го однеле во Унгарија каде што компанијата Magyar Filmlab требало да им го префрли материјалот во 35мм. За да избегнат проблеми какви што имале во Германија, продуцентите предвреме го прикажале филмот пред управата на компанијата која не направила никакви проблеми. Сепак, кога требало да се избираат филмските снимки, продуцентите добиле писмо од компанијата дека не можат да им го префрлат филмот бидејќи се коси со унгарското граѓанско и семејно право. Поради оваа ситуација продуцентите го поделиле филмот на повеќе делови и тие делови им ги дале на неколку компании низ Европа. Процесот на префрлање бил завршен само десет дена од закажаната премиера на фестивалот Саутвест во Остин, Тексас.

Првото прикажување на Српски филм беше на 15 март 2010 година на полноќ во Остин. Кога сопственикот на Alamo Drafthouse cinema, Тим Лиг, одржал говор за филмот ја предупредил публиката за екстремноста на сцените кои ќе ги видат и им дал последна шанса да го напуштат театарот. Исто така повикал неколкумина гледачи да му се придружат на сцената каде што ги натерал да шмркаат сол и да ги мијат очите со сок од лимон за „да разберат низ што поминале Србите додека го направат Српски филм“. Наредниот ден филмот бил повторно пуштен. Потоа бил прикажан на Меѓународниот фестивал во Брисел во април. Потоа следел Нови Сад, а потоа во Монтреал.

Филмот требало да се прикаже и на фестивал во Лондон на 29 август, но организаторите го прекинале тоа бидејќи имало реакции од Советот во Вестминистер. Филмовите кои се прикажуваат на тој фестивал најчесто не биле класифицирани, но Советот одбил да даде дозвола за прикажување сè додека филмот не го одобри Британскиот Одбор за класификација на филмови. Revolver Entertainment, дистрибутерот за В. Британија, одлучил дека многу делови од филмот треба да се скратат, а фестивалот не прикажува верзии кои се премногу изменети, па затоа филмот бил отстранет од распоредот. Бил заменет со Закопани на Родриго Кортес.

Филмскиот фестивал Реинденс кој го избрал филмот за Канскиот филмски фестивал ја одржал премиерата на филмот, но премиерата ја сметале за „приватен настан“. Таблоидот Сан го опишал филмот како болен, а Советот во Вестминистер побарал филмот да не се прикажува на кој било фестивал. На 21 октомври филмот се прикажувал во Торонто и публиката била задоволна.

На 26 ноември во Австралија биле забранети продажбата и прикажувањето на филмот, но на 5 април 2011 година била одобрена цензурираната верзија за веднаш потоа да ја забранат. Во Бразил филмот бил прикажан во Порто Алегре и на уште некој филмски фестивал, но потоа бил забранет токму пред прикажувањето во Рио де Жанеиро. Најпрво филмот бил забранет само во Рио, а потоа и во другите градови во државата. Во март 2011 година Српски филм ја добил специјалната награда од жирито во Фантаспорто, најголемиот португалски филмски фестивал кој се одржува во Порто.

Прикажување во кино-сали

[уреди | уреди извор]

На 24 септември 2010 година, „Српски филм“ почнал да се прикажува во српските кино-сали, и тоа доцна во ноќта. Филмот се прикажувал и во кино-салите во Велика Британија, но бил скратен од Британскиот совет за класификација на филмови бидејќи, како што сметале тие, филмот имал елементи на сексуално насилство. „Српски филм“ станал најцензурирано филмско дело во Велика Британија по индискиот филм „Намавар“ од 1994 година, од кој биле скратени пет минути од насилните сцени. Исто така, некои сцени од филмот биле избришани и во САД.

Домашно прикажување

[уреди | уреди извор]

Премиерата на ДВД изданието на филмот била на 25 октомври 2011 година. Многу компании одбиле да го издаваат филмот на ДВД. Договорено било да се појави целата верзија на филмот на 22 мај 2012 година, но тоа издание да биде ограничено. Генералниот директор на компанијата Инвизабл изјавил дека тие ја претпочитале нецензурираната верзија на филмот но имале потешкотии додека да ја издадат. Рекол и дека ги надминале тие потешкотии и дека обожавателите на Српски филм ќе можат да го гледаат онака како што неговиот режисер го замислил.

Во септември 2011 година, Нетфликс без никакво објаснување го повлекол филмот од нивната список на филмови кои се дозволени за гледање. Филмот е достапен во нецензурирана форма на други поголеми страници за преземање филмови.

„Српски филм“ бил забранет од судот во Сан Себастијан, Шпанија, поради загрозување на сексуалната слобода, па затоа не било дозволено да се прикажува на 21. Фестивал на хорор филмови. Во октомври 2010 година, филмот бил прикажан на Филмскиот фестивал во Сиџе, на публика над осумнаесет години. Поради ова, во мај 2010 година, откако добил поплака од Римокатоличката организација, шпанскиот обвинител поднел тужба за прикажување детска порнографија против директорот на фестивалот, Анхел Сара. Организацијата се пожалила дека во филмот има сцени во кои има силување на дете и на новороденче. Подоцна, тужбите биле повлечени.

Германија

[уреди | уреди извор]

Кога филмот излегол за првпат Германската организација за оценување на филмови одбила да го оцени филмот бидејќи сметала дека содржината ги повредува германските закони. Сепак, на 30 јуни 2011 година Организацијата објавила скратена верзија на филмот во која биле отстранети сите екстремни сцени. Оваа верзија била пократка за 13 минути од оригиналната и била наменета за лица постари од 18 години.

Норвешка

[уреди | уреди извор]

Филмот беше забранет во Норвешка два месеци по неговото излегување бидејќи заклучиле дека ги крши деловите 204а и 382 од кривичното право во кои се зборува за нагласување на сексуалноста кај децата и екстремното насилство.

Филмот бил забранет за прикажување во Бразил. Бил забранет поради неговата содржина која „ја навредува бразилската влада“. Ова е првиот филм кој бил забранет во Бразил по донесувањето на Уставот од 1988 година. Во 2012 година оваа одлука била укината, а филмот бил оценет како „непрепорачлив за лица под 18 години поради сцените со секс, педофилија, насилство и бруталност“.

Австралија

[уреди | уреди извор]

Филмот моментално е забранет во Австралија. Пред неговото излегување, најголемата австралиска компанија за ДВД филмови изјавила дека нема да го дистрибуираат филмот, ниту на интернет, ниту во продавниците за филмови. Оваа одлука била донесена поради „Вознемирувачката содржина на филмот“. Сепак, филмот по некое време станал достапен. Во Јужна Австралија филмот бил забранет и бил одбиен за класификација на само неколку дена пред неговата закажана премиера.

На 19 септември 2011 година Австралискиот Одбор за класификација на филмови одбил да го класифицира филмот и го забранил за гледање во Австралија. Според Одборот, „Српски филм не може да се прикажува дури ни на лица над 18 години бидејќи нивото на сцени со сексуално насилство, инцест и сексуална злоупотреба на деца е многу високо и не може да се оправда на ниту еден начин“.

Нов Зеланд

[уреди | уреди извор]

На 25 мај 2012 година филмот бил забранет од Одделот за класификација на филмови и литература во Нов Зеланд.

Малезија

[уреди | уреди извор]

На 24 август 2012 година филмот бил одбиен и забранет без никакво објаснување од Одборот за цензура а филмови во Малезија.

Сингапур

[уреди | уреди извор]

На 24 август 2012 година, истиот ден, Српски фил бил забранет и во Сингапур со објаснување дека неговата содржина би предизвикала бурни реакции во Сингапур.

Прием од критиката

[уреди | уреди извор]

Филмот е контроверзен поради поврзаноста со сексуално насилство. Спасојевиќ одговорил: „Филмот е дневник во кој е опишано колку нашата влада не вознемирува. Се работи за моќта на водачите кои те тераат да правиш работи кои не ги сакаш. Треба да го почувствуваш насилството за да знаеш како е.“

Во едно интервју, српскиот глумец и режисер Драган Бјелогрлиќ го критикувал филмот: „ Плиток и прост - тоа јас го мислам за филмот. Имам проблем со Српски филм. Не со филмот туку со режисерот. Имам сериозен проблем со момчето чијшто татко се збогати во деведесеттите. Немам ништо против стекнувањето богатство, но знам како се стекнуваше во Србија во деведесеттите. Потоа таткото му плати на синот да студира во странство за на крај детето да се врати во Србија за да го сними тоа како ја доживува земјата со помош на парите од татко му, па дури сето тоа го нарекува Српски филм. За мене тоа е метафора за нешто неприфатливо. Втората генерација се враќа во државата и ги користи парите кои биле украдени од Србите и на крај ги опишува тие луѓе како најдолното нешто на Земјата. Знаете, кога првата генерација Рокфелери заврши со крадењето во Америка, втората генерација градеше музеи, галерии, добротворни организации и ја финансираше Америка. Но, во Србија гледаме дека секој дел од општеството се уништува, а овој филм е типичен пример за тоа. Сè уште не сум го запознал тоа дете, но и не сакам, бидејќи мислам дека средбата нема да биде воопшто пријатна.“

Милан Влајчиќ, новинар во весникот Блиц напишал краотк преглед на филмот во кој ги пофалува режијата, техничката поддршка и добрата иконографија и вели дека филмот е всушност пародија. Ѓорѓе Бајиќ и Зоран Јанковиќ од магазинот Попбокс го одобриле филмот во нивниот приказ и го опишале како „Мрачниот Гранд Гињол кој ги раскинува неговите жртви со интензитет кој не го крие и кој се покажува во вистинско светло , колапс на последниот бастион на чесност, морал и разумност“ и заклучуваат дека филмот има многу да им каже на тие кои никогаш не биле искористени на ништожен и неконтролиран начин“.

Филмот доби мешани и негативни критики. Според 23 критики 39% му дале на филмот позитивни критики, со просечна оцена 4.9 од 10. А.О. Скот од Њујорк Тајмс напиша : „На прв поглед (а малкумина би се осмелиле да продолжат понатаму), филмот припаѓа на традицијата на хорор филмови од типот на озлогласениот Човечка Стоногалка. Исто како и во овој филм, Српски филм ужива во неговата чиста одвратност и го предизвикува гледачот да пронајде подлабоко значење на филмот“.

Карина Лонгворт од Вилиџ Воис напиша многу негативна критика и го нарече филмот „силен аргумент против истражувањето на екстремната човечка сексуалност и насилство“ и покрај објаснувањата на режијата дека филмот е коментар на тажната состојба на српското општество по Милошевиќ. Напишала и дека тоа што ваков филмот постои е уште поубедлив доказ за колективната траума на една нација.

Скот Вајнберг напиша: Мислам дека филмот е трагичен, болен, вознемирувачки, изопачен, апсурден, разбеснет, но и многу добар. Има луѓе кои никогаш нема да ги дешифрираат ниту основните пораки скриени во Српски филм, но ова е еден од највоодушевувачките филмови кои сум ги гледал. Го мразам и го сакам во исто време. И сигурно дека нема пак да го гледам.Никогаш! “

Алисон Вилмор напиша уште една критика за филмот: „Филмовите користат чудни наслови и ликови . Но има и такви кои користат ликови и наслови само за да шокираат. Во оваа категорија би го сместила и Српски филм. Тоа што е направен во земја каде што со децении имало воени конфликти, граѓански немири, корупција и етнички тензии прави да се заинтересираме за филмот повеќе отколку што јас мислам дека заслужува. Тој многу малку кажува за земјата од каде потекнува, а неговиот наслов не значи ништо.“

Ти Андерсон од страницата за критика на филмови Bloody Disgusting рекол дека „филмот му ја силувал душата“ и на оние кои ја читаат неговата критика им препорачува да не го гледаат филмот :„Ако ова што досега го напишав ве тера да го гледате филмот, сигурно не сум бил доволно јасен. Не сакате да го гледате Српски филм. Само си мислите дека сакате“. Хари Ноулс од листите на Ain’t it cool News го сместува филмот во најдобрите 10 од 2010 година и вели дека : „ Ова е фантастичен, брилијантен филм. Луѓето мислат дека филмот е потежок отколку што навистина е. Филмот е неверојатно добар.“

Џошуа Роткоф од Нујорк тајмаут многу го искритикува филмот. Тој обвинува дека Српски филм ги убедува „крволочните кучиња да мислат дека филмот Хостел е премногу мек“ и вели дека „Филмот говори за Европа онолку колку што Самрак говори за северозападниот Тихи Океан.

Велика Британија

[уреди | уреди извор]

Марк Кермонд од Радио 5 на Би-би-си , во неговата негативна критика за Српски филм го нарекол :„ валкано ѓубре направено според калапот на Џорџ Батгерајт и Руџеро Геодато ,кое ако на некој начин е алегорија на српското семејство и српската политика , тогаш алегоријата нема слисла.“ Потоа вели дека Српски филм е едно од искуствата кои му се најмалку драги од таа година.

Калум Вадел од Total Sci-Fi , во нејзината критика за филмот пишува за изјавите на продукцентите дека филмот кажува многу за политиката во Србија: „ Ако сакате да дознаете нешто за Србија сигурно дека нема да гледате филм кој се прославил со тоа што возрасен човек силува новороденче. Срѓан Спасојевиќ цел живот ќе биде познат како човекот кој снимаше возрасен маж како има секс со бебе. А тоа е нешто што не би сакала да ми биде на совест и покрај сите пари, внимание и забави со шампањско во Кан. Му пожелувам понатаму да почне да покажува човечност.“

Филмот доби интересна критика весникот Тотал филм кој му доделил две од пет ѕвездички и сметал дека филмот не заслужил гледачите да бидат толку шокирани од него. Рекле дека филмот убаво ги отсликува денешните порно филмови чијашто опсесија е мазохизмот и понижувањето.

Толкување од режисерот на филмот

[уреди | уреди извор]

Режисерот и сценографот на филмот Срѓан Спасојевиќ и Александар Радивојевиќ изјавиле дека нивното дело е пародија на модерните политички исправни филмови направени во Србија и кои ги финансираат странски фондации.

На прашањето зошто токму името „Српски филм “ за насловот, Радивојевиќ одговорил : „Српски филм е исто така метафора за нашата национална кинематографија-здодевна, предвидлива и понекогаш ненамоерно смешна, која преку нашиот филм, на некој начин ја исмејавме.“ Радивојевиќ ја опишува српската кинематографија како „патетични филмови кои ги финансира државата и кои ги прават луѓе кои немаат ниту чувство, ниту врска со филмот, но кои ги поддржуваат странски фондации. Ги интересира само бирократското држење до правилникот за политичка исправност а не квалитетот на филмот.

Според Спасојевиќ, карактерот на Вукомир е „претерана претстава на новата наредба за европски филм. Западните филмови ја изгубиле вредноста , па затоа бараат лажни вредности, сакаат да купат вредност“.

Во едно друго интервју, Спасојевиќ рекол дека : „Српски филм се одрекува од фашизмот кој го наметнува политичката исправност“. Откако хрватските медиуми го прашале дали насилството го опишува она кое српските војници го правеле за време на војните во Југославија , Спасојевиќ рекол дека Српски филм не обработува воени теми, но на некој начин се справува со последиците од пост-военото општество и човек кој оди до екстреми за да го обезбеди опстанокот на неговото семејство.

„Колку и да се обидуваме да се справиме со проблемите во нашиот живот и со корумпираната политичка власт која го управува , исто толку се справуваме со денешните уметност и филм и корумпираната уметничка власт која управува со нив на сличен начин. Денес во Источна Европа никој не ти го финансира филмот ако немаш патетична „вистинска приказна“ во која се зборува за изгубени бегалки кои завршиле како воени жртви или кои се соочуваат со глад. Во нив најчесто жртвата е херој и ги користат жртвите за публиката да ги сожалува. Прават лажна, романтичарска приказна за жртвата и ја прикажуваат како да се случува тоа во реалниот свет. Тоа е вистинска порнографија и манипулација, но и духовно насилство- кинематографскиот фашизам на политичката исправност.“

Спасојевиќ и Радивојевиќ изјавуваат и дека во филмот не се зборува само за српските проблеми, туку општо за проблемите на „Новиот Свет“. „Не сакаме да дадеме затворена слика на нашите локални трагедии, туку сакаме да дадеме слика на глобално ниво, бидејќи Србија е одраз на денешниот „Нов Свет“ бидејќи се труди да го имитира , иако тоа изгледа мизерно. Спротивно од точната политичка фасада на „Новиот Свет“ , Србија сè уште е бездушна гладна машина која ја убива секоја мала слобода (на уметност и слободен говор ) која ни останала и која уништила сè што е поинакво од неа а кое ѝ се појавило пред патот.“

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]