Список на новинари убиени во Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е список на новинари убиени во Европа, поделени по земја.

Иако новинарите во Европската Унија (ЕУ) главно работат во добри услови, сепак постојат случаи на убиени новинари а многу од убиствата остануваат неказнети.[1] Овој список вклучува и европски земји кои не се членки на ЕУ, како Турција, Украина и Русија

Бројот на новинари убиени во Европа (со исклучок на Русија) додека биле на должност или работна задача, во периодот 1992-2018.[1]

Азербејџан[уреди | уреди извор]

  • Камерманот Адил Бунјатов кој работел за телевизијата Ројтерс и за новинската агенција Туран бил убиен на 17 март 1995 додека го снимал воениот напад на бунтовничката полициска единица.[2]
  • Фоторепортерот Чингиз Мустафајев работејќи за новинската куќа Демократска Русија бил убиен на 15 јуни 1992 година, додека ги снимал борбите меѓу Азербејџанците и Ерменците во Нагорно Карабах.[3][4]
  • Елмар Хусејнов, основач и уредник на опозициското неделно списание Монитор, бил убиен со огнено оружје пред неговата зграда во Баку на 2 март 2005.[5][6]
  • Слободниот новинар Рафик Таги кој придонесувал за азербејџанскиот огранок на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (RFE/RL) подлегнал на повредите во болницата во Баку, на 23 ноември 2011 година откако неколку дена претходно, на 19 ноември, бил нападнат и избоден со нож.[7]
  • Уредникот на весник Новрузали Мамедов, на сега веќе непостоечкиот талишки малцински весник Талиши Садо, починал во затворската болница на 17 август 2009 година. Институтот за слобода и безбедност на новинарите во Баку за истото ја обвинува власта и нејзината политика на негрижа.[8]
  • Расим Алијев, претседател на Институтот за слободата и безбедноста на новинарите бил претепан на 8 август 2015 година. Следниот ден, тој им подлегнал на повредите.[9]

Белорусија[уреди | уреди извор]

  • Дзмитри Завадски исчезнал и веројатно бил убиен на 7 јули 2000. На 14 март 2002 четири лица биле осудени за неговотото киднапирање, но не и за убиство, бидејќи телото никогаш не било пронајдено,[10] и иако извршителите биле осудени, организаторите уште се на слобода.[11] Тој бил прогласен за мртов на 28 ноември 2003 година.[12]
  • Алех Бјабенин бил пронајден обесен во неговата викендица во Минск на 3 септември 2010 година, но не било пронајдено писмо за да се потврди самоубиство.[13]

Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

25 новинарите биле убиени во Босна и Херцеговина за време на Југословенските војни меѓу 1991 и 1995 година:

  • На 1 мај 1994 година новинарите Брајан Бринтон и Френсис Вилијам Томашиќ биле убиени, а писателот Вилијам Т. Волман бил повреден од нагазна мина во близина на Мостар.[14]

Бугарија[уреди | уреди извор]

  • Радио водителот и автор Боби Цанков бил застрелан во центарот на Софија на 5 јануари 2010.[15]
  • Викторија Маринова, телевизиска новинарка која ја објавила истрагата за наводна корупција со фондовите на Европската Унија била убиена во Бугарија во северниот дел на градот Русе. Нејзиното тело било пронајдено на 6 октомври 2018.[16]

Хрватска[уреди | уреди извор]

Двајца новинари биле убиени во Хрватска од 1991-1995 при војната во Југославија:

Кипар[уреди | уреди извор]

Данска[уреди | уреди извор]

  • Шведската слободна новинарка Ким Вол била убиена од страна на претприемачот Петар Мадсен на неговата подморница UC3 Nautilus. Тој бил осуден на доживотен затвор.[21]

Франција[уреди | уреди извор]

Грција[уреди | уреди извор]

  • Истражниот новинар и радиодифузер Сократис Гиолиас бил убиен на 19 јули 2010 година во Илиуполи, Атина. Тој бил застрелан повеќе од 15 пати со пушки кои претходно биле користени од страна на Сектата на револуционер,[24] но убијците останале неказнети.[25]

Ирска[уреди | уреди извор]

  • Криминалната репортерка Вероника Герин била убиена од страна на господарите на дрогата на 26 јуни 1996 година.[26]

Италија[уреди | уреди извор]

11 новинари биле убиени во Италија од страна на мафиите или терористичките организации:[27]

  • Козимо Кристина, убиен од страна на Сицилијанската мафија на 5 мај 1960.
  • Мауро Де Мауро исчезнал на 16 септември 1970 и неговото тело никогаш не било пронајдено.
  • Џовани Спампинато, убиен од мафијата на 27 октомври 1972 година.
  • Карло Казалењо, убиен од страна на Црвените Бригади на 29 ноември 1977 година.
  • Пепино Импастато, убиен од страна на мафијата на 9 мај 1978.
  • Марио Франчезе, убиен од страна на мафијата на 26 јануари 1979.
  • Валтер Тобаги, убиен од страна на Бригата XXVIII марцо (терористичка организација на екстремната левица) на 28 мај 1980 година.
  • Џузепе Фава, убиен од страна на мафијата на 5 јануари 1984.
  • Џанкарло Сиани, убиен од страна на Камора на 23 септември 1985.
  • Мауро Ростањо, убиен од страна на мафијата на 26 септември 1988 година.
  • Бепе Алфано, убиен од страна на мафијата на 8 јануари 1993 година.

Косово[уреди | уреди извор]

  • За време и после Косовската Војна најмалку седум српски новинари исчезнале и се верува дека се убиени во Косово.[28]
  • На 7 мај 1999 три кинески новинари загинале во Бомбардирањето на Кинеската амбасада во Белград. Американски функционери подоцна, тврделе дека тие биле разузнувачи.[29]
  • Двајца германски новинари, Гаврил Гренер и Волкер Кремер, биле убиени на 13 јуни 1999 година, во близина на селото Дуље, од страна на југословенски војници. Кремер умрел веднаш, Гренер умрел подоцна во болница во Тетово, Македонија.
  • Новинарот Беким Кастрати бил убиен на 19 октомври 2001 година, додека бил во својот автомобил со двајца други мажи: еден од нив бил исто така убиен а еден бил ранет. Мотивот останал непотврден.[30]
  • Бардил Ајети бил убиен со огнено оружје на 3 јуни 2005 година во Косово и умрел во болница во Милано на јуни 28. Никој не бил осуден.

Летонија[уреди | уреди извор]

  • Гундарс Матис починал на 28 ноември 2001 година, од крвавење во мозокот, откако бил нападнат на 15 ноември.[31]

Литванија[уреди | уреди извор]

  • Витас Лингис бил застрелан на 12 октомври 1993.[32]

Македонија[уреди | уреди извор]

Малта[уреди | уреди извор]

  • Малтешката репортерка Дафне Каруана Галициа била убиена во мафијашки стил со автомобил бомба на 16 октомври 2017.[33] Ова бил прв таков напад во Малта и одамна незабележан во Западна Европа. На 53 години, оваа мајка на три деца била меѓу најистакнатите новинари на островот, особено затоа што се борела за транспарентност и против корупцијата на малтешката политика и општество. Таа си создала круг на непријатели со нејзините истраги и откритија, објавени во весниците каде што работела а воедно и на нејзиниот блог,[34] еден од најпопуларните во земјата, особено во рамки на политиката и бизнисот. Таа пред убиството добивала закани.[35]

Полска[уреди | уреди извор]

  • Истражувачкиот новинар Лукаш Масиак бил претепан до смрт во Млава на 14 јуни 2015 година.[36]

Русија[уреди | уреди извор]

Десетици или стотици новинари биле убиени во Русија од деведесеттите години наваму.

Србија[уреди | уреди извор]

  • Дада Вујасиновиќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 8 април 1994 година. Полицијата тоа го водела како самоубиство, но повеќето докази ова го оспоруваат. Од јануари 2009 година наваму, случајот се смета за убиство но никој не бил уапсен.[37]
  • Славко Ќурувија бил убиен на 11 април 1999 година во Белград. Во ноември 2013 година била основана Фондацијата на Славко Ќурувија со цел да се зачува неговото наследство и да се унапреди слободата на медиумите во Србија.[38] Судењето е во тек, но според Веран Матиќ, претседател на Комисијата за истрага на убиството на новинари во Србија, Судската комора делува со намера да ги ослободи обвинетите.[39]
  • Милан Пантиќ бил убиен на 11 јуни 2001 во Јагодина. Случајот останува нерешен но Комисија предводена од Матиќ собрала нови податоци.[40]
  • Новинарот Лука Попов, бил убиен во својот дом во селото Српски Крстур на 16 јуни 2016 година.[41] Неколку дена подоцна, три лица биле уапсени.[42]

Словачка[уреди | уреди извор]

  • На 25 февруари 2018, словачкиот истражен репортер Јан Куцијак, 27, и неговиот партнер биле пронајдени мртви, застрелани во нивниот дом во Велка Мача, западна Словачка. Како репортер за онлајн веб-сајтот Aktuality.sk[43], Куцијак пишувал за сериозни економски кривични дела и илегални активности, вклучувајќи неколку моќни словачки бизнисмени и нивните односи со врвни политичари, Извештаите на ЕУопсервер [44], додаваат дека "Куциак исто така, работел и на приказната што го поврзува помошникот на премиерот Роберт Фико со италијански бизнисмен во Словачка. Меѓу многуте даночни измами и јавните скандали за фондовите, тој ги покривали Панамските документи.

Словенија[уреди | уреди извор]

  • Австро-германскиот камерман Никола Фогел бил убиен во бомбашки инцидент на 28 јуни 1991 година за време на десетдневната војна заедно со неговиот германски колега Норберт Вернер.[45]

Шпанија[уреди | уреди извор]

  • Колумнистот Хозе Луис Лопез де Лакале бил убиен на 7 мај 2000 година, од сепаратистичката група ETA.[46]

Турција[уреди | уреди извор]

Обединето Кралство[уреди | уреди извор]

Украина[уреди | уреди извор]

Видете [уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Accardo, Gian-Paolo. „Europe is not so safe for journalists“, „VoxEurop/EDJNet“, 24 октомври 2017.
  2. „Adil Bunyatov“. конс. 2018-09-05. 
  3. „Chingiz Fuad-ogly Mustafayev“. конс. 2018-09-05. 
  4. Mustafayev, Vahid (Autumn 1999). „Documenting the Horrors of Karabakh: Chingiz Mustafayev in Action“. стр. 57–59. конс. 2018-09-05. 
  5. Investigators name chief suspect in murder of opposition editor - IFEX“, „IFEX“. (на en)
  6. „Elmar Huseynov“. конс. 2018-09-05. 
  7. „Rafiq Tagi“. конс. 2018-09-05. 
  8. „Novruzali Mamedov“. конс. 2018-09-05. 
  9. „Rasim Aliyev“. конс. 2018-09-05. 
  10. 18 Years Since Abduction of Dzmitry Zavadski“, „bay.by“, 7 јули 2018.
  11. Still no answer: Belarus journalist Dzmitry Zavadski went missing 17 years ago“, „belsat.eu“, 7 јули 2017.
  12. Суд признал погибшим оператора ОРТ Дмитрия Завадского [Court Rules Dmitry Zavadsky Legally Dead]. Vesti (in Russian).
  13. Suspicions over 'suicide' of Belarus activist Aleh Byabenin“, „Index on Censorship“, 4 септември 2010.
  14. Landmine Kills Two Photographers, Wounds Writer With PM-Yugoslavia“, „Associated Press News“, 2 март 1994.
  15. Bulgarian journalist shot dead in Sofia“, „DW“, 5 јануари 2018.
  16. „Bulgarian broadcast journalist raped and murdered | DW | 07.10.2018“. Deutsche Welle. конс. 2018-10-08. 
  17. Lozančić, Branko. „27th anniversary of Gordan Lederer’s death marked“, „The Voice of Croatia“, 10 август 2018.
  18. „Document - Croatia: Amnesty International calls for justice for Sinisa Glavasevic and other victims of unlawful execution in Vukovar“. Архивирано од изворникот на 7 December 2014. конс. 31 August 2018. 
  19. „Kutlu Adali“. конс. 30 August 2018. 
  20. Jones, Derek (2001). Censorship: A World Encyclopedia. Routledge. 
  21. Kim Wall: What we know about Danish submarine death“, „BBC News“, 25 април 2018.
  22. Martinez, Michael. „Vignettes: More about the 17 killed in French terror attacks“, „CNN“, 11 јануари 2015.
  23. Brown, Harley. „French Music Journalist Guillaume B. Decherf Killed in the Paris Attacks“, „SPIN“, 14 ноември 2015.
  24. Journalist Sokratis Giolias gunned down in Greece“, „BBC News“, 19 јули 2010.
  25. Dimitrova, Svetla. „Nine out of 10 cases of journalists' murders go unpunished“, „Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa“, 24 ноември 2014.
  26. Fincham, Kelly. „Remembering the day fearless Irish journalist Veronica Guerin was murdered“, „IrishCentral.com“, 26 јуни 2018.
  27. Giornata della memoria dei giornalisti uccisi da mafie e terrorismo. Roma: Unione Nazionale Cronisti Italiani. 3 May 2008. http://www.unionecronisti.it/index.php/giornata-memoria/57-libro-giornata-della-memoria. посет. 4 септември 2018 г. 
  28. „UNS demands investigation into missing and murdered journalists in Kosovo“. 15 January 2015. конс. 31 August 2018. 
  29. Myers, Steven Lee. „Chinese Embassy Bombing: A Wide Net of Blame“, „The New York Times“, 17 април 2000.
  30. „Bekim Kastrati“. Committee to Protect Journalists. конс. 29 August 2018. 
  31. „Gundars Matiss“. конс. 29 August 2018. 
  32. „Vitas Lingis“. конс. 29 August 2018. 
  33. Something is rotten at the core of the State“, „The Times of Malta/VoxEurope“, 18 октомври 2017.
  34. „Daphne Caruana Galizia's Notebook“. конс. 28 August 2018. 
  35. Borg, Bertrand. „Daphne Caruana Galizia killed in Bidnija car blast“, „Times of Malta“, 16 октомври 2017.
  36. Łukasz Masiak“, „Committee to Protect Journalists“.
  37. Seemo: after 20 years no arrest for the murder of Dada Vujasinovic“, „Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa“, 8 април 2014.
  38. Bona, Marzia. „Cenzolovka, in memory of Slavko Ćuruvija“, „Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa“, 10 ноември 2015.
  39. Serbia: “The court shows a clear intention to release those accused of murdering journalist Ćuruvija"“, „Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa“, 3 јули 2018.
  40. Veran Matić: fighting impunity“, „Osservatorio Balcani e Caucaso - Transeuropa“, 23 јануари 2015.
  41. „Serbian authorities must investigate the murder of Luka Popov“. конс. 29 August 2018. 
  42. „OSCE Representative welcomes arrests following murder of journalist in Serbia, praises police swift action“. 20 June 2016. конс. 29 August 2018. 
  43. Aktuality.sk“.
  44. Virostkova, Lucia. „Journalist murder shocks Slovakia“, „Euobserver“, 27 февруари 2018.
  45. „Nick Vogel“. Newseum. Архивирано од изворникот на 1 July 2002. конс. 3 September 2018. 
  46. de la Serna, Victor. „José Luis López de Lacalle“, „The Guardian“, 10 мај 2000.
  47. 1975: TV presenter Ross McWhirter shot dead“, „BBC News“.
  48. The BBC journalist assassinated with a poison-tipped umbrella“, „BBC News“, 21 септември 2016.
  49. Cusack, Jim. „Obituary: Martin O'Hagan“, „The Guardian“, 1 октомври 2001.