Прејди на содржината

Дада Вујасиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дада Вујасиновиќ
Родена 2 октомври 1964
Чапљина, СФР Југославија
Починала 8 април 1994
Белград
Занимање новинар, репортер

Радислава "Дада" Вујасиновиќ (српски: Радислава Дада Вујасиновић, 10 февруари 1964 – 8 април 1994) била српска новинарка и известувач за списанието Дуга, објавувано во Белград.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дада Вујасиновиќ е родена на 10 февруари 1954 годинаа во Чапљина, во Херцеговина. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет, на катедрата за српскохрватски јазик и југословенска книжевност во 1987 година.

По студиите почнала да работи како новинар а набргу објавувала и авторски текстови во списанието Дуга каде станала член на редакцијата, во 1990 а во 1993, станала член на уредничкиот колегиум. При почетокот на војните во Југославија, почнала да известува и да прави репортажи од воените подрачја. Како воен дописник направила репортажи од Борово Село, Даљ, Ердут, Папук и Псуњ. Откако војната започнала во Сараево, таа одлучила повеќе да не оди во воените подрачја не можејќи да пишува за „рушењето на еден град и за убивањето деца“.[1]

Отидов да видам како таа војна изгледа во живо и прво си мислев дека е некаква каубојштина, во која главните глумци, кога снимањето ќе заврши, ќе ја истресат прашината од себе и ќе станат, бидејќи тоа е убиство е само филмско. Верував дека ќе се случи чудо, дека некој наеднаш ќе каже - доста беше, само се шегувавме. Ама не беше шега. Омразата е неизлечлив вирус, брзо се пренесува и се шири лесно. И си помислив - нема полоша војна од оваа во Хрватска, па пукна и во Сараево. Отидов и таму, па сфатив дека веќе немам сила. Дека не сакам пишувам како се уништува еден град и како се убиваат деца. Бидејќи, Хрватска е санаториум во однос на Босна..[2]


По одлуката да не известува од воените подрачја, од крајот на 1992 до почетокот на 1994 година, пишувала за политичката и криминална сцена во Србија. Еден од текстовите кој го документира тоа време е текстот „Криминалци и полицајци во парламентот“ објавен во списанието Дуга, кон крајот на 1993. Во него пишува за промоцијата на озлогласениот криминалец Жељко Ражнатовиќ Аркан, во народен пратеник. За репортажите од славонските воени подрачја ја добила Наградата Светозар Марковиќ додека за тектовите со критика на политиката и криминалот, добивала закани и уцени, но воедно и судски тужби. Работела интервјуа соличности како Милан Бабиќ, Радован Караџиќ, Војислав Шешељ и генералот Момчило Перишиќ.

Жалам што поради волјата на судбината тука сум се родила. А моело да се случи да се родам на некое другоместо и целиот живот да го поминам во среќна заблуда за човечкиот род.[3]


Смртта на Дада

[уреди | уреди извор]

Експертите од Институтот за форензички истражувања во Хаг, не утврдиле дали причината за смртта на новинарката Вујасиновиќ, која на 8 април 1994 година, во нејзиниот стан во Нов Белград, била најдена со прострелна рана од пушка, е убиство или самоубиство[4].

Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 8 април 1994 година. Полицијата го водела случајот како самоубиство, но повеќето докази го кажувале спротивното. Имено, таа била активна ден претходно и направила многу идни планови. Дневниците на Ратко Младиќ споменуваат дека тој имал информации кој ја убил Дада. Ова би можело да помогне повторно да се отвори истрагата за нејзината смрт.[5]

Српската влада почнала ревизија во јануари 2013 година на неколку сомнителни случаи кои вклучуваат убиства на новинари во 1990-тите години, вклучувајќи ги и Дада Вујасиновиќ, Славко Ќурувија и Милан Пантиќ.[6]

Во 2014 година, Хлеб Театар Архивирано на 2 јануари 2019 г. (Белград) ја создал претставата "Дада - Есеј во Движење", врз основа на животот, делото и смртта на Вујасиновиќ.[7]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Vujasinovic, Radislava Dada. „DADA VUJASINOVIC TRIBUTE PAGE -||- (http://WWW.DADAVUJASINOVIC.COM)“. www.dadavujasinovic.com. Посетено на 2018-10-30.
  2. Извадок од "Писма" 25. XI 1992
  3. Извадок од интервју
  4. „Смртта на српската новинарка Радислава Вујасиновиќ останува мистерија“. Посетено на 2018-10-30.[мртва врска]
  5. FONET, POLITIKA (14 June 2010). „Mladić was told who killed journalists“. b92.net. Архивирано од изворникот на 3 November 2012. Посетено на 24 January 2013.
  6. AFP (25 January 2013). „Serbia to review probes into killed reporters“. The Australian. Посетено на 24 January 2013.
  7. https://hlebteatar.wordpress.com/performances/dada-an-essay-in-movement-about-journalist-dada-vujasinovic/