Милан Пантиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милан Пантиќ
280x220px
Роден(а)декември 18, 1954(1954-12-18)
Драгово
Починал(а)јуни 11, 2001(2001-06-11) (воз. 46 г.)
Јагодина
НационалностСрпско
Занимањеновинар

Милан Пантиќ (18 декември 1954 – 11 јуни 2001) бил српски новинар убиен од непознати сторители на 11 јуни 2001 во Јагодина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пантиќ работел како новинар за Вечерње новости, главно известувајќи за криминал и судски процеси во Јагодина. За написите коишто ги пишувал добивал телефонски закани.[1][2]

Смрт[уреди | уреди извор]

Милан Пантиќ бил убиен на 11 јуни 2001 година пред 8 часот изутрина во близина на влезот на зградата на неговиот стан од страна на непознати напаѓачи, кои го нападнале со тап предмет. Тој бил излезен до продавница да купи леб.[1][2] Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа го осудила убиството барајќи од српските и југословенските власти да ги идентификуваат и да ги казнат сторителите.[3] Во 2014 Станко Којиќ (кој во 2013 бил осуден на 32 години затвор за геноцидот во Сребреница) бил викнат на распит за убиството.[4] Во 2016 случајот уште не бил расветлен а Дуња Мијатовиќ, претставничка за слободата на медиумите при ОБСЕ ги повикала српските власти да ги зголемат напорите за наоѓање и казнување на убијците.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Journalist Milan Pantic killed“, 12 јуни 2001.
  2. 2,0 2,1 Milan Pantic - Journalists Killed“.
  3. „Murder of Milan Pantic - Yugoslavia“. SEEMO. конс. 2016-11-21. 
  4. Sarajevo: Suspect questioned over murder of journalist Milan Pantic“, 27 март 2014.
  5. On 15th anniversary of killing Milan Pantić, OSCE Representative urges authorities in Serbia to intensify efforts to solve murders of journalists“, 11 јуни 2016.

Поврзано[уреди | уреди извор]