Прејди на содржината

Сенокос (Пиринско)

Координати: 41°49′N 23°14′E / 41.817° СГШ; 23.233° ИГД / 41.817; 23.233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенокос
Црква Св. Димитриј
Црква Св. Димитриј
Сенокос is located in Бугарија
Сенокос
Сенокос
Местоположба во областа
Сенокос во рамките на Пиринска Македонија
Сенокос
Местоположба на Сенокос во Општина Симитли и Благоевградската област
Координати: 41°49′N 23°14′E / 41.817° СГШ; 23.233° ИГД / 41.817; 23.233
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаСимитли
Површина
 • Вкупна47,084 км2 (18,179 ми2)
Надм. вис.&10000000000000992000000992 м
Население (2022)
 • Вкупно28
 • Густина0,59/км2 (1,5/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2752

Сенокос — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 25 жители (2024).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Сенокос се наоѓа во северен Пирин и е најблиску до Националниот парк од сите села на општината. Селото е погодна почетна точка за искачување на планината Пирин - најсеверниот алпски врв на планината.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Сенокос е наведен како село со 95 домаќинства и 330 Македонци.[1][2] Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Сенокос (Клисе) изнесувало 800 жители Македонци, сите христијани.[1][3]

Во 1901 година Јане Сандански основал комитет на ВМОРО во селото со претседател, благајник и еден или двајца советници.[4] Јануш Чакаров од село Сенокос бил во домашен притвор од Михајловистите бидејќи бил санданист. Во куќата имало дежурен чувар од ВМРО, еднаш Јануш го поканил чуварот на маса да ручаат заедно, но тој бил одбиен, па Чакаров ја грабнал триножната столица и го претепал чуварот, а потоа ам се предадел. Организацијата го уапсила и го испратила во Горна Џумаја кај околискиот гувернер на ВМРО, кој приватно го прашал: „Зошто го сторил тоа Чакаров: „Тој ми доаѓа дома со пушка, тоа го претрпив, но јас го поканив на маса, а тој ме одби и навреди, тоа не го трпев и преболев.“ ВМРО не го убил Јануш и тој се вратил жив и здрав во селото.[5]

Демографија

[уреди | уреди извор]

На табелата е прикажан бројот на населението во Сенокос за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 511 528 465 300 121 76 72 74 40

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:

националност број %
Бугари 35 87,50
Роми - -
Турци - -
други - -
не се самоопределиле - -
не одговориле 5 12,50
Вкупно 40 100

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[6]

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Сенокос

[уреди | уреди извор]

Починати во Сенокос

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 142 – 143.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  4. „Сайт на с. Сенокос в Пирин планина | Senokos Village in Pirin Mountain - Municipality Simitli - Черква "Св. Димитър" - Сенокос“. web.archive.org. 2017-02-02. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2024-12-17.
  5. Радовски, Александър. Комити от Македония. Сборник част 1. Велико Търново, Фабер, 2022. с. 42-43, ISBN 978-619-00-1431-7.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Борис И. Николов, ВМОРО - войводи и ръководители (1893-1934)“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2024-12-17.
  8. Радовски, Александър. Комити от Македония. Сборник част 1. Велико Търново, Фабер, 2022. ISBN 978-619-00-1431-7. с. 42.