Прејди на содржината

Долно Осеново

Координати: 41°57′N 23°15′E / 41.950°N 23.250°E / 41.950; 23.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Осеново
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Долно Осеново is located in Бугарија
Долно Осеново
Долно Осеново
Местоположба во областа
Долно Осеново во рамките на Пиринска Македонија
Долно Осеново
Местоположба на Долно Осеново во Општина Симитли и Благоевградската област
Координати: 41°57′N 23°15′E / 41.950°N 23.250°E / 41.950; 23.250
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаСимитли
Површина
 • Вкупна81,351 км2 (31,410 ми2)
Надм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2024)
 • Вкупно1.514
 • Густина19/км2 (48/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2757

Долно Осеново — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 1.514 жители (2024).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Долно Осеново се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Симитли. Се наоѓа на јужните падини на планината Рила.

Во селото постои бања и одморалиште за капење од локално значење. Минералните извори имаат температура од 53 до 58,5 степени и вкупен проток од околу 180 литри на минута. Водата е сулфат-хидрокарбонат-натриум, флуор со минерализација од 0,57 грама на литар. Се користи за ревматски заболувања, болести на периферниот нервен систем, гинеколошки заболувања итн.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1891 година во селото имало 245 домаќинства, 1200 Македонцимуслимани (Помаци) и 30 Македонци христијани.

Во 1900 година, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на Долно Осеново изнесувало 1864 жители, 300 Македонци христијани, 1550 Македонци муслимани и 14 Роми.[1][2]

Горно и Долно Осеново до 1960 година важеле за едно село, Осеново.

Демографија

[уреди | уреди извор]

На табелата е прикажан бројот на населението во Долно Осеново за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 1228 1328 937 1055 992 1240 1360 1496 1364

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:

националност број %
Бугари 1.341 98,31
Роми - -
Турци - -
други - -
не се самоопределиле 7 0,51
не одговориле 15 1,10
Вкупно 1.364 100

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Георги Митов (1886 – 1922), македонски револуционер.
  • Ибрахим Ботуш, македонски револуционер, деец на ВМРО.
  • Салих, македонски револуционер, деец на ВМРО.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.