Роза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Роза (латински Rosa) е растение од родот на дрвенести билки, од фамилијата „Rosaceae“. Розите се одгледуваат заради убавиот мирис на цветовите, така што се создадени бројни хибридни видови рози. Постојат голем број диви рози, чии плодови се богати со витамин Ц. Покрај како украсно цвеќе, розите се користат и во: козметиката, медицината и готварството.

Ботаника[уреди | уреди извор]

Листовите на розата се наизменично поврзани на стеблото. Кај повеќето видови, листот е долг 5-15 сантиметари. Повеќето рози се листопадни, но постојат и некои видови (најчесто од Југоисточна Азија) кои се зимзелени или речиси зимзелени билки.

Систематика[уреди | уреди извор]

Според родот, розите се делат на: •Hulthemia •Hesperrhodos •Platyrhodon •Rosa •anksianae •Bracteatae •Caninae •Carolinae •Chinensis •Gallicanae •Gymnocarpae •Laevigatae •impinellifoliae •Rosa •Synstylae

Употреба на розата[уреди | уреди извор]

Розата во козметиката[уреди | уреди извор]

Во козметиката, розата најмногу се користи како етерично масло или за мирис (екстракт) кое се додава во парфеми, шампони или разни креми.

Розата во готварството[уреди | уреди извор]

Во готварството, розата често служи како зачин, но во некои краеви (Бугарија) се прави слатко или џем од роза.

Розата во медицината[уреди | уреди извор]

Розата (особено дивата роза) се користи за подготовка на чај, а некои состојки од розата се користат за правење лекови.

Розата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]