Рафаел Переира да Силва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бразил Рафаел
Rafael Man Utd 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Рафаел Переира да Силва[1]
Роден на 9 јули 1990 (1990-07-09) (28 г.)
Роден во Рио де Жанеиро, Бразил
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Олимпик Лион Олимпик Лион
Број 20
Младинска кариера
2005–2008 Флуминенсе Флуминенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 109 (5)
2015– Олимпик Лион Олимпик Лион 5 (0)
Репрезентација
2007 Бразил Бразил 17 12 (0)
2012 Бразил Бразил 23 7 (1)
2003– Бразил Бразил 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 септември 2015.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 21 ноември 2013

Рафаел Переира да Силва (роден на 9 јули 1990 г.), попознат како Рафаел или Рафаел да Силва, е бразилски фудбалер кој игра за Олимпик Лион. Тој нормално игра како десен бек, но исто така може да игра на истата страна и во халфовата линија (средниот ред). Тој и неговиот брат близнак Фабио, ги започале кариерите во Флуминенсе пред да му се придржат на Манчестер Јунајтед во јануари 2007. По осум години во Англија, Рафаел потпишал за Олимпик Лион во август 2015.

Рафаел одиграл два натпревари за Бразил, а својот прв натпревар го одиграл на 26 мај 2012 во победата од 3–1 против Данска. Тој бил дел од тимот на Бразил до 23 години кој го освоил сребрениот медал на Летните олимписки игри 2012.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Заради начинот на игра како и позициите на кој играат, тој и неговиот брат, магазинот Тајмс ги нарекол Рафаел и Фабио бразилските браќа Невил мислејќи на Фил и Гери Невил, кој го носеа дресот на Манчестер Јунајтед долги години играјќи успешно на страничните позиции во одбраната.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Рафаел е роден во Петрополис, место околу еден час возење оддалечено од Рио де Жанеиро, и почнал да игра фудбал на возраст од пет години. Тој ја започнал својата кариера во аматерската екипа Боа Есперанча, играјќи како напаѓач. Тој и неговиот идентичен близнак, Фабио, потоа биле забележани од страна на претставник на Флуминенсе каде играле фудбал пет на пет во нивното соседство;. тој ги поканил да му се приклучат на клубот и тие почнале да живеат таму кога имале по 11 години.

Клупскa кариера[уреди | уреди извор]

Флуминенсе[уреди | уреди извор]

По приклучувањето на Флуминенсе, Рафаел бил прекомандуван да игра како десен бек од страна на тренерот на младинскиот тим. Клубот потоа учествувал, во 2005 година на Најк Премиер првенството во Хонг Конг, каде што Рафаел бил забележан од страна на скаутот на Манчестер Јунајтед, Лес Кершоу, исто како и неговиот брат. Кершоу тогаш му телефонирал на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон и му препорачал клубот да потпише со близнаците Да Силва. Манчестер Јунајтед воспоставил контакт со Флуминенсе и побарал дозвола за близнаците да патуваат во Манчестер за да тренираат со нив во 2005 година. Набрзо потоа, разузнавач тврди дека Арсенал бил во посета на близнаците и барал од нив да дојдат во Англија за да се обучуваат во Арсенал, меѓутоа без дозвола на Флуминенсе. Накрајот, тие сепак се одлучиле да потпишат за Манчестер Јунајтед а не за Арсенал, и двата клуба постигнале согласност за договор во фебруари 2007 година; близнаците се преселиле во Манчестер во јануари 2008 година, без ниту еден настап за првиот тим на Флуминенсе.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Близнаците одлучија да потпишат за Манчестер Јунајтед, и договорот беше постигнат меѓу двата клуба, во февруари 2007 година. Близнаците се преселија во Манчестер во јануари 2008 година, но не беа во можност да играат натпревари се додека не наполнат 18 години, во јули 2008 година. Рафаел го направи своето прво појавување за клубот во победата од 2-0 во пријателскиот меч со Питерборо Јунајтед на 4 август. Рафаел тогаш беше регистриран за првиот тим на клубот за сезоната 2008-09 и му беше доделен дресот со број 21. Рафаел своето деби во официјален меч за Манчестер Јунајтед го имаше, во првото коло во 2008-09-тата сезона во Премиер Лигата, кога влезе на местото на Фреизер Кембел во ремито 1-1 дома со Њукасл на 17 август.

Првпат во еден натпревар на Јунајтед тој беше стартер на 23-ти септември во победата над Мидлзборо во третата рунда на Лига купот. Во Премиер лигата пак, својот прв старт во почетните 11 го забележал околу еден месец подоцна, на 18 октомври против ВБА во нивната победа дома од 4-0. На 8-ми ноември 2008 дојде неговиот прв гол за Манчестер Јунајтед, против Арсенал на Стадион Емирати во поразот од 2-1. Рафаел постигна гол во 90-тата минута од мечот, недоволно да се избегне поразот. На 19 април 2009 за првпат Рафаел и неговиот брат Фабио беа стартери во еден меч заедно. Тоа беше во полуфиналето на ФА Купот против Евертон. Накрајот Евертон помина во финалето со победа на пенали од 4-2.

Олимпик Лион[уреди | уреди извор]

На 3 август 2015, Рафаел потпишал четиригодишен договор со францускиот клуб Олимпик Лион.[2]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Рафаел дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил на 26 мај 2012, во пријателски натпревар против Данска што кариоките го добиле со 3-1.

Хронологија на репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Бразил[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Premier League clubs submit squad lists“ (PDF). PremierLeague.com. Premier League. 2 February 2012. стр. 24. конс. 2 February 2012. 
  2. Man Utd's Rafael agrees to join Lyon“, BBC Sport (British Broadcasting Corporation), 3 август 2015 (посет. 3 август 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]