Пинк (пејачка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Pink Пинк
Биографски податоци
Родено имеАлиша Бет Мур
Роден(а)8 септември 1979 (1979-09-08) (41 г.)
Дојлстаун, Пенсилванија, САД
ПотеклоФиладелфија, Пенсилванија, САД
ЖанровиПоп, поп рок, R&B, денс, поп панк, рок
ЗанимањаПејач-текстописец, музичар, акробат, танцувач, глумица
ИнструментиВокали, гитара, пијано, клавијатура, тапани
Период на активност1995–сега
ИздавачиLaFace, Arista
Мреж. местоpinkspage.com

Алиша Бет Мур (анг. Alecia Beth Moore; родена 8 септември, 1979) e американска кантавторка, позната под уметничкото име Пинк (анг. Pink; стилизирано како P!nk). Таа го издала својот прв сингл, „There You Go“, на нејзиниот прв албум кој бил ориентиран на R&B музиката, Can't Take Me Home, во 2000 година преку издавачката куќа LaFace Records, кој освоил комерцијален успех. Нејзиниот втор студиски албум, Missundaztood, кој бил ориентиран на поп-рок музиката бил издаден во 2001 година и имал голем успех ширум светот.

Пинк го издала својот трет студиски албум, Try This, во ноември 2003 година, кој освоил помал комерцијален успех отколку претходниот албум, но сепак од него биле продадени повеќе од 3 милиони копии ширум светот, а песната „Trouble“ од истиот албум ѝ донела Греми награда на Пинк за Најдобра Рок Вокална Изведба. Нејзиниот четврт албум I'm Not Dead, е издаден во април 2006 година. Албумот вклучува повеќе хит синглови, како што се „Stupid Girls“, „U + Ur Hand“ и „Who Knew“. Песните „U + Ur Hand“ и „Who Knew“ се искачиле на 1 место на поп табелите. Нејзиниот петти албум Funhouse, е издаден кон крајот на октомври 2008 година. Во албумот се наоѓа познатата песна, „So What“. Во албумот се наоѓале и други три Топ 20 синглови: „Sober“, „Please Don't Leave Me“ и „Glitter in the Air“. На 15 ноември, 2010, таа ја издала својата прва компилација, Greatest Hits... So Far!!!.

Според Билборд, Пинк се наоѓа на 13 место на листата на најдобри артисти на декадната табела [1] и на #1 место на листата на поп артисти на декадната табела (2000–2009).[1] Пинк има освоено две Награди Греми, 5 MTV Видео Музички Награди и 2 Британски музички награди. До сега има продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.[2] Во 2010 магазинот Forbes Magazine, ја вброил Пинк како 27-та најмоќна позната личност, бидејќи заработила 44 милиони долари во периодот од јуни 2009 до јуни 2010 година.[3]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Пинк е родена на 8 септември, 1979 година во Дојлстаун, Пенсилванија. Нејзина мајка е Џудит Мур, медицинска сестра а нејзиниот татко е Џим Мур, Виетнамски ветеран.[4] Нејзиниот татко е Католик, а нејзината мајка е Еврејка,[5] а нејзините претци емигрирале од Ирска, Германија и Литванија.[6] Пинк пораснала во Дојлстаун. Нејзиниот татко свирел на гитара и пеел песни за неа, и од раната возраст таа одлучила да биде рок ѕвезда. Пинк има еден брат, Џејсон Мур (роден 1977).[7] Во средно училиште, Мур се вклучил во бенд наречен Middleground. Пинк го развила својот глас уште како мала. Иако таа била здраво дете на почетокот, таа подоцна добила астма која и се појавила во раните години.[8] Кога била тинејџерка, таа напишала песна за нејзините чувства, и нејзината мајка коментрила, "Нејзините први текстови секогаш беа интроспективни. Некои од нив беа многу црни, и длабоки, речиси загрижувачки."[8] Таа почнала да изведува во клубовите во Филаделфија, кога имала 14 години, и поминала одредени фази кога се занимавала со скејтборд, како хипхопер и гимнастичарка. На 16 години заедно со друга севојка таа ја формирала R&B групата Choice. Тие склучиле договор со L.A. Reid, работеле со различни продуценти две години, никогаш не издале песна, сè додека Рејд не ја натерал Пинк да ја развива својата соло музичка кариера. Идејата за сценското име "Pink" го зела од филмот Reservoir Dogs каде што се сретнува лик со име Mr. Pink.[9]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Мзуичките почетоци:1995–99[уреди | уреди извор]

Во 1995 година, Алиша Мур се приклучила во Choice, американски R&B бенд составен од женски членови, во кои влегувале и Криси Конуеј и Шерон Фланаган. Копија од нивната прва песна, „Key to My Heart“, била испратена на издавачката куќа LaFace Records во Атланта, Џорџија, каде Л.A. Рид ја слушнал и им овозможил бесплатен превоз до таму за да може да го слушне бендот како пее во живо. После тоа тој потпишал договор со нив, но бидејќи девојките не биле полнолетни нивните родители морале да дојдат и да се потпишат на договорот. Групата се префрлила во Атланта и го снимила својот прв албум, и песната „Key to My Heart“. Групата се распаднала во 1998 година.

2000–04: Can't Take Me Home, Missundaztood, и Try This[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Can't Take Me Home“, „Missundaztood“, и „Try This.

Првиот албум на Пинк , Can't Take Me Home, е издаден во април 2000 година. Има добиено дупла платинска сертификација во САД, со повеќе од 5 милиони продадени копии ширум светот, а на албумот се наоѓаат и првите два сингла: „There You Go“ и „Most Girls“ (број еден во Австралија). Третиот сингл од албумот, „You Make Me Sick“, бил во листата на топ 40 во САД, во топ десет листата во Обединетото Кралство, а се појавил и во филмот Save the Last Dance. Песната „Split Personality“ била користена во филмот Дневниците на Принцезата. Во 2001 таа била дел од „Lady Marmalade“, со пејачката Кристина Агилера, раперот Лил Ким, и пејачката Mýa за дискот со песни на филмот Moulin Rouge!.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Забелешки
2000 Скиај на Макс Самата
2002 Ролербол Рок пејачка
2003 Чарлиевите Ангели: Полн гас Промотер на јаглен сад
2008 Катакомби Каролин
2009 Сунѓерот Боб Панталоноски Самата Камео
2009 Беверли Хилс Чихахуа Самата
2010 Бегство од Вегас Самата Камео
2011 Среќни Стапала 2 Глорија

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Пинк.

Видеографија[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
There You Go 1999. Дејв Мејерс
Most Girls 2000. Дејв Мејерс
You Make Me Sick 2000. Дејв Мејерс
Lady Marmalade 2001. Пол Хунтер
Get the Party Started 2001. Дејв Мејерс
Don't Let Me Get Me 2002. Дејв Мејерс
Just Like a Pill 2002. Францис Лавренс
Family Portrai 2002. Софи Мулер
Feel Good Time 2003. Дејв Мејерс
Trouble 2003. Софи Мулер
God Is a DJ 2003. Џејк Скот
Last to Know 2004. Расел Томас
Stupid Girls 2005. Дејв Мејерс
U + Ur Hand 2006. Дејв Мејерс
Who Knew 2006. The Dragons
Nobody Knows 2006. Џејк Нава
So What 2008. Дејв Мејерс
Sober 2008. Џонас Акерлунд
Please Don't Leave Me 2008. Дејв Мејерс
Funhouse 2009. Дејв Мејерс
I Don't Believe You 2009. Софи Мулер
Raise Your Glass 2010. Дејв Мејерс
F**kin' Perfect 2011. Дејв Мејерс
Blow Me (One Last Kiss) 2012. Дејв Мејерс
Try 2012. Флорија Сигисмонд
Just Give Me a Reason 2013. Дајан Мартел
True Love 2013. Софи Мулер
Just Like Fire 2016. Дејв Мејерс
What About Us 2017. Џорџија Хадсон
Beautiful Trauma 2017. GoldenBoyz
Wild Hearts Can't Be Broken 2018. Саша Самсонова
Secrets 2018. Алипа Мур, Ларн Поланд
Walk Me Home 2019. Мајкл Грејси
90 Days 2019. Реми Бакар
Hurts 2B Human 2019. Alissa Torvinen
One Too Many 2020.

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Турнеи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 http://www.billboard.biz/bbbiz/charts/decadeendcharts/chart_display.jsp?&f=Artists+Of+The+Decade&g=Decade-end+Artists
  2. MTV News
  3. Forbes
  4. „Pink Biography“. People. Посетено на 2 јануари 2010.
  5. „Pink'S Latest Interview“. News.superiorpics.com. 2006-03-30. Посетено на 2010-05-03.
  6. Alecia's Q Magazine Transcript Q Magazine. Retrieved March, 2004.
  7. „Pink: Is the ladette laureate finally growing up?“. London: Independent.co.uk. 2006-07-29. Посетено на 2010-05-03.
  8. 8,0 8,1 Driven: Pink VH1. Retrieved 31 октомври, 2007.
  9. Hilburn, Robert (22 November 2003). „Pink inc“. Sydney Morning Herald. Посетено на 10 July 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]