Паскал Митревски
Паскал Митревски | ||
Роден | 14 февруари 1912 Чука, Битолски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 10 февруари 1978 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | (возр. 65)|
Познат | партизан |
Паскал Митревски (14 февруари 1912 - 10 февруари 1978) — македонски комунист и национален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. За време на Грчката граѓанска војна, тој бил министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во село Чука, Костурско, а живеел во селото Рупишта. Член е на КПГ од пред Втората светска војна, по професија адвокат.
На 16 јуни 1943 година Митревски стапил во редовите на Грчката народноослободителна војска (ЕЛАС). Од јули до декември 1943 година е командант на специјална македонска партизанска единица во Костурско. Од декември 1943 година e секретар на СНОФ за Костурско. На 3 декември 1944 година е секретар на Политичката комисија на Македонците во Егејска Македонија. Од 23 април 1945 до ноември 1946 година е секретар на Главниот одбор на Народноослободителниот фронт (НОФ), а потоа станува член на Покраинскиот комитет на КПГ за Македонија. Од јануари 1948 година бил секретар и претседател на НОФ, а од 2 април 1949 година e министер за снабдување во Привремената демократска влада на Грција, како претставник на НОФ.[1]
По поразот на ДАГ во Граѓанската војна, на 3 октомври 1949 година Митревски е уапсен како „Титов агент“ и е затворен во логор во Албанија. Префрлен е во Москва, каде во текот на 1952 година е осуден од Врховниот суд на СССР на 25 години затвор. Но, пролетта 1956 година е ослободен, а следната година му е поништена казната.
Во текот на 1957 година заминува за Југославија. На 26 јуни 1963 година е избран за судија на новоформираниот Уставен суд на Македонија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристо Кирјазовски (ур.), „КПГ и македонското национално прашање 1918-1974“, Архив на Македонија, Скопје, 1982, 457 стр.
- ↑ Службен весник на СРМ, 26/63, 1 стр.
Литература
[уреди | уреди извор]- Ташко Мамуровски „Паскал Митревски и неговото време: (1912-1978)“, Институт за национална историја, Скопје, 1992.
- „Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година“, Том VII, Книга 1, Скопје, 1985.
- „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 967 стр.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Паскал Митревски, Прилози за НОБ во Егејска Македонија и Граѓанската војна во Грција
- Извештај на Паскал Митревски до Захаријадис, „Македонска нација“
- Сто години од раѓањето на Паскал Митревски[мртва врска]
|