Олимпија (Мане)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олимпија
Olympia
Творец Едуар Мане
Година 1863
Димензии 130,5 см × 190 см
Место Музеј Орсе, Париз

Олимпија (француски: Olimpia) — слика, масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане првпат изложена во 1965 година, а создадена во 1963. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз[1].

Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најпровокативните и колористички најделикатните [2].

Опис[уреди | уреди извор]

Сликата е доста специфична - ги следи поуките од минатите сликарски правци особено моделите и актовите на Тицијан Џорџоне, Енгр. На сликата е претставен женски акт, зад неа е слугинката која и носи платно со вез, Според многу елементи, актот е на жена - проститутка, намерно и провокативно поставена, како контрапункт на неговите сликарски извори од минатото кои женското тело го претставувале и го опишувале со одреден митолошки па дури и со теолошки контекст.[3].

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата ги содржи основните стилски карактеристики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Инсистирање на доминантно и транспарентно присуство на светлината која ја обликува композицијата и мотивите особено во белата драперија - на чаршафите од канабето како и во осветленоста на женското тело Поетско чувство за севкупниот амбиент - сензуалност, достоинственост, наративна таинственост[4].

Техника на сликање[уреди | уреди извор]

Мане бил еден од пионерите на импресионизмот. Сликата тогаш од официјалната јавност била нај негативно оценета, поради скандалозната провокативност и поради расчистувањето на начинот на сликање на женски акт во спротивност со дотогашните пристапи и принципи. Мане употребувал широки, брзи потези на места намерно оставајќи структура и видливост на линиите од самите четки особено во позадината. Додека во предниот план на одреден начин сликал со светлината, создавајќо чувство за прозрачност, леснотија, колористичка чистина. Всушност во тоа била и севкупната ликовна и естетска поента на авторот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане инсистира на специфична употреба на светло темното, односно посебната претстава на светлината, што зборува дека користел директно поставување на бојата без рационално инсистирање да ја дофати реалистичката состојба на виденото и доживеаното. Тој е директен и скоро натуралистички прецизен во импресијата на неговата ликовна постапка. [5].

Влијание[уреди | уреди извор]

Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошле подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, се во принцип, сликарско револуционерни и доста храбри. Тој ја најавува епохата или состојбата на вистинското сликарство од кое понатаму немало враќање, тоа е импресионизмот кои дефинитивно ќе расчисти со сите лажни, допадливи и често извештачени реалистички претстави кои биле плитки, декоративни и кои во суштина безидејни во својот маниризам. Сликата и сликарството на Мане ќе биде пресвртницата и патоказот по кој подоцна тргнале инспирирани и поучени од целата негова провокативна шокантност, особено, ова дело е најдиректно поврзано со многу реализации на делата од Пабло Пикасо[6].

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Edouard Manet's Olympia From Smarthistory

Наводи[уреди | уреди извор]