Пролет (Мане)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пролет
француски: Le Printemps
Творец Едуар Мане
Година 1881
Димензии 74 см × 51,5 см
Место Музеј Гети, Лос Анџелес

Пролет - слика на Едуар Мане, создадена во 1881 година. Дебитирала на Парискиот салон во 1882 година и била сметана за најголем и последен јавен успех во кариерата на Мане во Салонот.[1] На неа е претставена париската глумица Жана Демарси во цветен фустан со чадор и шапка, во позадина на бујно зеленило и сино небо, како олицетворение на пролетта. Сликата станала и првото уметничко дело некогаш објавено во боја.[2]

Позадина[уреди | уреди извор]

Пролет“ била првата од планираната четворка на алегориски дела користејќи „шик“ париски жени за да ги отсликаат четирите годишни времиња. Идејата дошла од пријателот на Мане, Антони Прус, кој предложил серијал на годишни времиња персонифицирани со современи идеали на жените, модата и убавината. Серијалот никогаш не бил завршен и Мане починал една година откако ја завршил само втората од серијата, Есен.[3]

Аукција[уреди | уреди извор]

Во ноември 2014 година, Музејот Гети платил повеќе од 65 милиони долари за сликата, надминувајќи го претходниот рекорд од 33,2 милиони долари за слика од Мане, платено за Самопортрет со палета“ во 2010 година.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Jeanne (Spring) (Getty Museum)“. The J. Paul Getty in Los Angeles. Посетено на 10 декември 2020.
  2. „Edouard Manet (1832-1883), Le Printemps“. christies.com. Посетено на 26 June 2017.
  3. Craig Nakano (5 ноември 2014). „Getty breaks record with $65.1-million purchase of Manet's 'Spring'. Los Angeles Times. Посетено на 10 декември 2020.
  4. „Édouard Manet's Spring Now at the Getty Museum“. getty.edu. 25 ноември 2014. Посетено на 10 декември 2020.