Неџмие Хоџа
Неџмие Хоџа Nexhmije Hoxha | |
---|---|
Прва дама на Социјалистичка Албанија | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Неџмие Џуглини 8 февруари 1921 Битола, Кралство СХС |
Починал(а) | 26 февруари 2020 Тирана, Албанија | (возр. 99)
Националност | Албанска |
Партија |
|
Сопружник | Енвер Хоџа (в. 1945; починат 1985) |
Деца | 3, вклучително и Илир |
Установа | Педагошки институт Кралица мајка Тирански универзитет |
Потпис |
Нејмие Хоџа (албански: Nexhmije Hoxha); (Битола, 7 февруари 1921 — Тирана, 26 февруари 2020) — политичар и вдовица на поранешниот албански лидер Енвер Хоџа.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена е во 1921 година како Неџмие Џуглини во Битола, тогаш Кралство СХС. Пред Втората светска војна студирала на Вишата школа во Тирана.
Во ноември 1941 година станала член на новоформираната Комунистичка партија на Албанија и веќе следната година била избрана за член на Генералниот совет на Народноослободителното движење на Албанија. За време на Народноослободителната борба, се борела како дел од Првата дивизија на Народноослободителната војска на Албанија. Во 1943 година била избрана за член на Секретаријатот на Унијата на жените на Албанија, а од 1946 до 1952 година била претседател на Здружението.
По завршувањето на војната продолжила и ги завршила студиите во Тирана. Потоа се омажила за Енвер Хоџа, кој во тоа време бил премиер на Албанија и секретар на Комунистичката партија на Албанија.
Во 1948 година Неџмие била избрана за пратеник во Народното собрание, а во 1952 станала член на Централниот комитет на Партијата на трудот на Албанија. Од 1966 година бил директор на Институтот за марксистичко-ленинистички студии. Таа била и последниот ректор на Вишата партиска школа „Владимир Илич Ленин “.
По смртта на Хоџа во 1985 година Неџмие била избрана за претседател на Демократскиот фронт на Албанија. За време на економските и политичките промени 1990-1991 година, го бранела ликот и делото на Енвер Хоџа. Била принудена да поднесе оставка како претседател на Демократскиот фронт во декември 1990 година, а била заменета од премиерот Адил Чарчани. Во 1994 година, новите власти ја уапсиле и осудиле на шест години затвор за случаи на нетранспарентно трошење државни пари за време на владеењето на Хоџа.[1][2]
Откако излегла од затвор, живеела во еднособен стан заедно со нејзината сестра.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Associated Press (11 јануари 1997.). „Widow of dictator leaves prison In Albania, Nexhmije Hoxha serves five years for corruption“. The Kansas City Star. Посетено на 6 април 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ My Father, Enver Hoxha by Nexhmije's son Ilir, Пристапено 15. 4. 2013.