Мухамед Мехмедбашиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мухамед Мехмедбашиќ
Мухамед Мехмедбашиќ во меѓувоен период.
Роден(а) 1887
Столац, Босна и Херцеговина, Австро-Унгарија
Починал(а) 29 мај 1943(возраст 55–56)
Сараево
Причина за смрт Убиен од усташи
Народност Босански муслиман

Мухамед Мехмедбашиќ (1886-1943) — револуционер, припадник на движењето Млада Босна и учесник во атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мухамед Мехмедбаши бил роден во 1886 година во Столац, во Херцеговина (БиХ). Како припадник на Млада Босна бил поканет од страна на Мустафа Голубиќ во 1913 година да оди во Франција, во Тулуз, каде што добил задача да го убие австро-унгарскиот поглавар во БиХ, Оскар Почорек. За таа прилика добил отров, кој поради претресот во возот од Дубровник кон Сараево го фрлил.

Се откажал од атентат на Почорек кога дознал дека се подготвува атентат врз Франц Фердинанд, па се придружил на таа група. Тој требало да фрли бомба, но се правдал дека не го сторил тоа поради брзото поминување на колоната.[1] По атентатот единствено тој успеал да побегне од Сараево и заминал во Црна Гора, во Никшиќ, каде наскоро бил откриен и уапсен, а потоа префрлен во Србија. Учествувал во Прва светска војна. Како потпоручник, учествувал во повлекувањето на српска војска преку Албанија, а на Солунскиот фронт се приклучил кон Драгутин Димитријевиќ Апис и на организацијата Црна рака. Во Солунскиот процес од 1917 година, кога Апис поради заговор за убиство на српскиот престолонаследник Александар I Караѓорѓевиќ бил осуден на смрт, Мехмедбашиќ бил осуден на 15 години затвор. Бил амнестиран во 1919 година, кога се вратил во Сараево.[2]

Во 1943 година го уапсиле усташи во Сараево и бил изложен на страотни мачења, по што и починал на 29 мај 1943 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пфефер, И. (1938). Истрага о сарајевском атентату. Загреб.
  2. Митровић, Андреј (1984). Србија у Првом светском рату. Београд: Српска књижевна задруга.