Моореја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Моореја
Mo'orea
остров
Моореја од воздух
Моореја од воздух
Мапа на островот
Мапа на островот
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
ГрупаПриветрени Острови
АрхипелагДруштвени Острови
Општини
Површина
 • Вкупна134 км2 (52 ми2)
Надм. вис.Тохивеја&100000000000012070000001.207 м
Население (=2007)
 • Вкупно16.191[1]

Моореја (тахитски: Mo'orea) — вулкански остров во Француска Полинезија, еден од Приветрените Острови, дел од архипелагот на Друштвените Острови, 17 км северозападно од Тахити. Според тахитскиот правопис Моореја значи "жолт гуштер" (на тахитски: Mo'o = гуштер, Re'a (од re'are'a) = жолто.[2] Постарото име за островот е Ајмехо[3] Првите западни колонизатори и патници го нарекувале Јорк.

Географија[уреди | уреди извор]

Карта на Моореја и Тахити

Островот бил формиран како вулкан пред 1,5 до 2,5 милиони години, резултат на врелата точка на Друштвените Острови под океанската плоча која ја формирала целата територија на Друштвениот Архипелаг.[4] Има теорија дека тековните заливи порано биле речни басени, кои се исполниле во текот на подигањето на морското ниво за време на Холоценот.

Островот е околу 10 милји широк од запад кон исток. Постојат два мали, речиси симетрични заливи на северниот брег. Оној на запад се нарекува Опуноху. Тој не е многу населен, но многу туристи доаѓаат во заливот. Главните општини околу заливот се Пихаена на исток и Папетоај на запад. На исток е Куковиот Залив, воедно наречен и Залив Пао Пао. Освен Пао Пао, други општини тука се Пихаена на запад и Махарепа на исток. Највисока точка е Планината Тохиеа, во близина на центарот на Моореја. Таа се издига над двата залива и може да се види од Тахити. Исто така постојат и пешачки патеки по планините. Заливот Вајаре е помал од двата главни заливи, на источниот брег. Овој залив е доста населен и има развиено стопанство. Главното село се наоѓа веднаш јужно од заливот.

Панорама на Куковиот Залив

Политика[уреди | уреди извор]

Островот е административен дел од комуната (општината) Моореја-Мајао, самата управна субдивизија на Приветрените Острови. Главната село е Афареаиту. Најголемото село е Пао Пао на крајот на Куковиот Залив. Второ село по големина е Махарепа.

Туризам[уреди | уреди извор]

Бунгалови на Хотел Хибискус, Хауру Поинт, Моореја

Поради своите неверојатни пејзажи и пристапноста до Папете, Моореја е посетена од страна на многу западни туристи кои патуваат во Француска Полинезија. Особено популарна како меден месец дестинација, Моореја често може да се види во рекламите на американските свадбени списанија. Артур Фромер во туристичкиот водич Фромер го прогласил островот за еден од најубавите острови на светот.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Марае Тируа

Како и многу други острови, Моореја отпрвин бил населен од Полинезијци од островите западно од Моореја. Тие пристигнале на кануата од Јужна Азија во потрага по острови кои ќе можат да ги населат. Се проценува дека тие пристигнале на Моореја пред околу 1000 години. Постојат некои стари знаменитости на Моореја познати како марае (храмови), направени од камени карпи во облик на пирамиди. На карпите има траги кои покажуваат дека тука повремено имало жртвувања. Најстарото марае е "Афареаиту Марае, кое се наоѓа во главната село на островот. Тоа било направено од страна на првите Полинезијци во 900 година.

Првиот Европеец кој запишал дека го видел островот бил Педро Фернандес де Кеирос во 1606.[6] Првите доселеници кои биле Европејци пристигнале во текот на 18 век. Првите Европејци кои пристигнале на островот биле Англичаните Семјуел Волис и Џејмс Кук. Капетанот Џејмс Кук прво се закотвил на Тахити, каде планирал да го следи транзитот на Венера видлив од Тахити во 1769 година и Моореја. Во Моореја, каде Таароа бил поглавар, Кук прво се закотвил во Заливот Опуноху, подоцна именуван Куков Залив во негова чест. Шпанскиот морнар Доминго де Бонеча го посетил островот во 1774 и го нарекол Санто Доминго.[7][8]

Луѓе и настани[уреди | уреди извор]

Островот бил меѓу оние кои ги посетила Истражувачката експедиција на САД на нејзината турнеја на Јужниот Пацифик во 1839 година.[9]

Чарлс Дарвин нашол инспирација за неговата теорија за формирањето на коралните атоли гледајќи надолу кон Моореја додека стоел на врвот на Тахити. Тој го опиша како "слика во рамка", мислејќи на коралниот гребен што го опколува островот.[10]

На 7 октомври 1967, завршила изградбата на Аеродромот Моореја, чие отворање било следниот месец.[11]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Поморски[уреди | уреди извор]

Неколку фериботи пристигаат секојдневно на пристаништето Вајаре во Моореја од Папете, главниот град на Тахити. Пристаништето е во заливот Вајаре. Постојат 3 фериботи. Еден од нив е Аремити 5. Најголемиот е Аремити Фери, а другиот е фериботот Теревау. Фериботите мора да поминат низ коралниот премин на Моореја, потоа кон Папете преку океанот и во лагуната Тахити. Заливот Вајаре е во источниот дел на Моореја.

Воздушен[уреди | уреди извор]

Моорејанскиот аеродром Темае (ИАТА: МОЗ) е поврзан со меѓународниот аеродром во Папете и понатаму со другите Друштвени острови, како што е Бора Бора. Кога островјаните сакаат да направат меѓународен лет, тие ја користат компанијата Ер Тахити за да стигнат до Меѓународниот аеродром Фаа на Тахити. Аеродромот Моореја се наоѓа северно од заливот Вајаре.

Патен[уреди | уреди извор]

Постои еден пат што поминува низ островот. По патот има километарски маркери од 1 до 35. Првиот е во близина на аеродромот. 35-тиот е во Хаапити.

Истражувачки капацитети[уреди | уреди извор]

Истражувачката станица Гамп на Јужниот Пацифик при Универзитетот на Калифорнија, Беркли[12] се наоѓа на западниот брег на Куковиот Залив. Во Гамп станицата е и Еколошката мисија за долгорочно истражување на коралниот гребен Моореја (MCR LTER). Проектот, финансиран од Националната Научна Фондација (NSF), е партнерство помеѓу Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара и Калифорнискиот Државен Универзитет, Нортриџ, вклучувајќи дополнителни истражувачи од Универзитетот Дејвис, Универзитетот Санта Круз, Универзитетот Сан Диего и Универзитетот на Хаваи. LTER е дел од Националната научна фондација за долгорочни еколошки истражувања (LTER). LTER Програмата е основана од страна на NSF во 1980 година за поддршка на истражување на долгорочни еколошки феномени.

Францускиот EPHE (École pratique des hautes études) и сега CNRS (Национален Центар за Научни Истражувања) е станица за истражување станица на Заливот Опуноху од околу 1970 година. Овој Центар за островско истражување и опсерваторија на животната средина (фр. Centre de Recherches Insulaires et Observatoire de l'Environnement) или CRIOBE е истражувачка сајт за неколку меѓународни проекти, вклучувајќи го и следењето на коралните гребени во Француска Полинезија, како и следењето на популациите на видовите риби над 30 години.

Дрвото од видот Phyllanthus nadeaudii е ендемичен вид на Моореја.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „TABLEAU II Population des communes et communes associées de Polynésie française“ (PDF) (French). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-29. конс. 2007-12-02. 
  2. Sven Wahlroos (2002). English–Tahitian, Tahitian–English Dictionary (First издание). Honolulu: The Mā'ohi Heritage Press. стр. 312,545. ISBN 0-9627095-7-3. 
  3. Aimeho, понекогаш меѓу другите правописи дадени од почетокот на посетители пред тахитскиот правопис да биде стандардизиран напишан и како 'Aimeo или 'Eimeo.
  4. Scheffel, Richard L., уред (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 257. ISBN 0-89577-087-3. 
  5. „Frommer's The Most Beautiful Islands“. 2010-03-02. конс. 2010-03-02. 
  6. Rienzi, М. Л. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo Барселона, 1845-1846, vII, стр.267
  7. Boenechea, Domingo de Descripción de las islas del Océano Pacífico reconocidas últimamente de ordne de S.M., por Don Domingo de Boenechea, capitan de fragata de la Real Armada, y comandante de la de S.M. nombrada Sta. María Magdalana (alias el Aguila), en los años de 1772 y 1774 Manuscript 476 of the Museo Naval de Madrid, fo. 94
  8. Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 38,173. ISBN 9780520261143. 
  9. Stanton, William (1975). The Great United States Exploring Expedition. Berkeley: University of California Press. стр. 130. ISBN 0520025571. 
  10. „Moorea "The Majestic Island". Fly Tahiti. конс. 25 July 2014. 
  11. „This is Gump Station | Gump Station“. moorea.berkeley.edu. конс. 2018-12-20. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]