Тахаа
Тахаа Taha’a | |
---|---|
Остров | |
![]() Фотографија на НАСА на Бора Бора, Тахаа и Рајатеа. | |
![]() Местоположба на општината Тахаа (со црвено) во Заветрените Острови | |
Земја | Франција |
Прекуморски региони на Франција | Француска Полинезија |
Архипелаг | Друштвени Острови |
Група | Заветрени Острови |
Површина | |
• Вкупна | 90 км2 (30 ми2) |
Надм. вис. | 590 м |
Население (2007) | |
• Вкупно | 5.003 |
• Густина | 56/км2 (140/ми2) |
Тахаа | |
---|---|
Општина | |
Земја | Франција |
Прекуморска заедница | Француска Полинезија |
Површина | 90,2 км2 (348 ми2) |
Население (2007)1 | 5.003 |
• Густина | 5,5/км2 (14/ми2) |
INSEE/Пошт. бр. | 98745 / 98733 |
Надм. висина | 0 м ) |
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Тахаа (тахитски: Taha’a) е остров во западната група Заветрени Острови, дел од Друштвените Острови во Француска Полинезија, и прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Островите Тахаа и соседниот Рајатеа во непосредниот јужен дел се затворени од страна на ист корален гребен и тие можеби некогаш биле еден ист остров. Тахаа брои 5.000 жители кои живеат на 90 км2 и достигнува максимална височина од 590 метри. Тој е познат и како "Ванила Остров" и произведува бисери од исклучителен квалитет.
Администрација[уреди | уреди извор]
Административно, Тахаа и околните островчиња кои произлегуваат од коралниот гребен се комуна (општината) и дел на административната субдивизија Заветрени Острови, на Француска Полинезија. Тахаа се состои од следниве поврзани комуни:
- Фаааха
- Хаамене
- Хипу
- Ирипау
- Ниуа
- Руутиа
- Тапуаму
- Вајатоаре
Административниот центар на комуната Тахаа е населбата Патио.
Историја[уреди | уреди извор]
Во времето на посетата на Капетанот Кук во 1769 и 1773, островот бил под окупација на Бора Бора воините.[1]
Производство[уреди | уреди извор]
Тахаа произведува 70-80% од ванилата на цела Француска Полинезија.[2] Поради мирисот на ванила, Тахаа е познат и како "Ванила Остров". Тахаа освен ванила произведува и бисери со исклучителен квалитет.
Пристапност[уреди | уреди извор]
До Тахаа и нејзините мали островчиња може да се стигне со брод и чамец од Рајатеа. Чамците ги оставаат посетителите на островче со плажа со мала лагуна со поглед на Бора Бора. Овие делови на Друштвените Острови се најмалку модернизирани.
Тахитски правопис[уреди | уреди извор]
Тахаа на тахитски се пишува со користење на апостроф Taha’a (за да се истакне гласилната избувна согласка, како што се промовира од страна на Тахитската Академија и се прифаќа од страна на територијалната влада.[3]) Овој апостроф сепак често се испушта. Во старите патнички записи, транскрипцијата Отаха понекогаш се користи.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 213–218, 286–289. ISBN 9780520261143.
- ↑ „Where is Tahiti & The Tahitian Islands?“. Tahiti Tourisme (англиски). 2018-10-05. Посетено на 2018-12-22.
- ↑