Маупихаа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маупихаа
Мопелиа
Остров
Фотографија на НАСА од островот Маупихаа.
Фотографија на НАСА од островот Маупихаа.
Мапа на Маупити
Мапа на Маупити
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна2.6 км2 (1.0 ми2)
Население (1985)
 • Вкупно10
 • Густина3.8/км2 (10.0/ми2)

Маупихаа, исто така познат како Мопелиа - атол во Тихиот Океан, дел од групата Заветрени Острови (француски: Iles sous le Vent) кои припаѓаат на Друштвените Острови. Овој атол се наоѓа 72 км југоисточно од Мануае, неговиот најблизок сосед.

Географија[уреди | уреди извор]

Маупихаа е околу 8 км долг атол со лагуна која е до 40 метри во длабочина и опкружена со потопени гребени на три страни.[1] Надворешните гребени на атолот се континуирани освен еден мал премин на западната страна. На источната страна се состои од тесни, слабо вегетативни мотуси, островчето (Моту Маутупихаа) и голем број помали островчиња кои ја прават вкупна површина од Маупихаа од 2.6 км2. Единственото село на атолот се наоѓа на Моту Маупихаа. Во 1985 година населението броело само 10 луѓе.[2]

Германскиот SMS Seeadler (20 март 1917)

Историја[уреди | уреди извор]

Насуканиот брод Seeadler

Атолот Маупихаа бил населен многу одамна од страна на Полинезијци. Археолошки остатоци и јадици за риболов биле пронајдени. Првиот Европеец кој пристигнал на Маупихаа, заедно со соседните Фенуа Ура и Моту Оне, бил Семјуел Волис во 1767. Во 1917, атолот бил под закуп на компанија од Папете, со тројца вработени кои произведувале копра, одгледувале свињи и кокошки и собирале желки. Тој подоцна бил под закуп на друга компанија за копра и целосно бил засаден со кокосови палми.

Истата година, грофот Феликс фон Лукнер, познат под прекарот Морски Ѓавол[3] на познатиот брод SMS Seeadler стигнал на островот и воспоставил мала колонија во тек на патувањето за напад на Сојузничките бродови во Јужниот Пацифик за време на Првата Светска Војна. Целта на станицата била да се обезбеди вода и свежи намирници и да се прават поправки на бродот по долго патување низ Атлантскиот Океан и низ Јужна Америка. Бидејќи SMS Seeadler бил премногу голем за да се внесе во лагуната на Мопелиа, тој бил закотвен надвор од атолот. По кратко време, разбранувано море и ветерот предизвикале Seeadler да се насука на гребенот на островот, оставајќи го фон Лукнер и околу 50 други луѓе изолирани. Во книгата на Ловел Томас од 1928[4] книга за фон Лукнер се вели дека загубата на Seeadler била последица на цунами.[3]

Некои од морнарите биле американски затвореници од војната кои биле заробени на океанот од страна на Лукнер. На крајот фон Лукнер одбрал неколку мажи и направил долг брод со едра за патување од околу 3,200 километри на Фиџи каде фон Лукнер имал намера да грабне друг брод и да се врати да ги спаси останатите морнари на Мопелиа. Сепак, планот не му се остварил и на крајот тој се предал на некој британски поручник. Фон Лукнер го поминал остатокот од Првата Светска Војна како заробеник во Нов Зеланд,[5] иако тој успешно избегал во една прилика на брод со други затвореници, но бил фатен. Во меѓувреме, остатокот од неговиот екипаж го заробиле францускиот едреник, Lutece, кој дошол до Мопелиа и со него пловеле до Велигденскиот Остров пристигнувајќи на 4 октомври по што биле заробени од страна на чилеанските власти. Четири американски морнари потоа пловеле на отворен брод 1600 километри за Паго Паго, каде го организирале спасувањето на своите колеги останати на Мопелиа.

Моту Тавае, Маупихаа (Мопелиа) Атол во Француска Полинезија

Администрација[уреди | уреди извор]

Атолот административно е дел од комуната (општината) Маупити, самата во управна субдивизија на Заветрените Острови. Денес Маупихаа е заведена како трајно ненаселен остров.


Други имиња[уреди | уреди извор]

  • Мопелиа
  • Маупелиа
  • Мопихаа
  • Маупихоа
  • Мапетиа


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Society Islands - Maupihaa“. oceandots.com. 2007-01-14. Архивирано од изворникот на December 23, 2010. 
  2. „Living Archipelagos - Proposed Sites“. livingarchipelagos.org. 2007-01-14. Архивирано од изворникот на 2007-06-11. 
  3. 3,0 3,1 Curatorvtm@gmail.com, Larry Lydick. „Mysteries at the Museum: The Imperial Raider - SMS Seeadler“. Daily Progress Jacksonville, TX. конс. 2018-12-22. 
  4. 1892-1981., Thomas, Lowell, ([2007], ©1928). Raiders of the deep. [Whitefish, MT]: Kessinger Publications. ISBN 1417914564. OCLC 535085444. https://www.worldcat.org/oclc/535085444. 
  5. Lowell., Thomas, (2013). Sea Devil - The Story Of Count Felix Von Luckner.. Read Books Ltd. ISBN 1446548198. OCLC 936201120. https://www.worldcat.org/oclc/936201120. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]