Мануае (Друштвени Острови)

Координати: 16°31′S 154°42′W / 16.517° ЈГШ; 154.700° ЗГД / -16.517; -154.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мануае
Manua'e
Фенуа Ура, Скили
Остров
Мапа на островот Мануае.
Мапа на островот Мануае.
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна3,5 км2 (14 ми2)
Надм. вис.&10000000000000727000000727 м
Население (2011)
 • Вкупно40
 • Густина1,1/км2 (3,0/ми2)

Атолот Мануае, се наоѓа на околу 60 км северозападно од Маупиха (Мопелиа) и 255 км западно од Маупити. Тоа е најзападниот остров на Заветрените Острови од архипелагот на Друштвените Острови и се наоѓа 350 км западно од Бора Бора и 550 км западно од Папете.

Географија[уреди | уреди извор]

Мануае е остров во Тихиот Океан, територијален дел на Француска Полинезија. Островот се состои од прстен помали острови во пречник од околу 6-7 милји, кои се издигнуваат на само неколку метри над морското ниво. Премините кои ги одвојуваат заради тоа се непловни. Овие мали островчиња (моту) се покриени со кокосови палми и со тропски песочни плажи. Вкупната површина на островот зафаќа околу 3,5 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот европски посетител бил британскиот морепловец Семјуел Волис, во 1767. Мало село било основано таму во тоа време, чии остатоци уште можат да се најдат на северниот дел на главниот остров. На атолот во 1855 се насукал бродот Џулиа Ен. Неговата посада и патници, вклучувајќи дваесет и четири жени и деца живееле на атолот два месеци, за кое време успеале да направат брод со кој биле во можност да отпловат до Рајатеа.[1] Нема докази дека островите биле некогаш трајно населени пред насукувањето на бродот Џулија Ен. На почеток во 1952 година островите биле редовно посетенувани од трговци со копра. Во текот на 1960-тите години, овие случајни посетители почнале да ги фотографираат големиот број морски желки сè додека нивните активности не биле законски ограничена во 1971 година. Денес атолот е посетуван редовно од страна на рибарите од Рајатеа.

Островите, кои немаат редовни бродски или авионски врски со други локации во Француска Полинезија, се во сопственост на Француската Тахитска Компанија (француски: "Compagnie Française de Tahiti"), која одгледувала 57,000 кокосови палми во 1920-тите. Сега веќе напуштена, плантажата некогаш произведувала до 70 тони копра на годишно ниво.

Администрација[уреди | уреди извор]

Атолот административно е дел од комуната (општината) Маупити, самата во управна субдивизија на Заветрените Острови.

Други имиња[уреди | уреди извор]

Други имиња дадени на Мануае се Фенуа Ура (тахитски: Fenua 'Ura) и Скили (англиски: Scilly ).

Природен резерват[уреди | уреди извор]

Лагуната на атолот е дом на голем број ретки видови и е природен резерват од 1992 година. Плажите се популарни со морски желки, вклучувајќи ја и загрозената зелена морска желка, која доаѓа еднаш годишно да положи јајца на островските плажи на почетокот на секој ноември. Атолот е исто така дом на големи лежишта на остриги кои содржат до 3 или 4 милиони школки.

Топографска мапа на островите Хуахине, Рајатеа, Таха, Бора Бора, Тупаи, Маупити, Моту Оне, во групата Заветрени Острови, Друштвени Острови, Француска Полинезија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SV Julia Ann (+1855)“. www.wrecksite.eu.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]