Мушереф Лозана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мишка Лозана)
Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка
Роден(а)18 август 1933
Приштина,  Кралство Југославија денес  Косово
Починал(а)29 март 2019
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеглумица

Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (турскиːMüserref Lozana, 18 август 1933, Приштина - 29 март 2019 во Скопје) — македонска глумица[1], доајенка на турскиот театар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Била член на Обласното позориште во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на Турската драма на Театарот на народностите во Скопје.

Улоги: Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана („Мајка Храброст“), Емина („Лудата Емина“), Долорес („Јерма“), Капларот („Кавкаски круг со креда“).

Била добитничка на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Глумец на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016). Починала во Скопје на 29 март 2019 година.[2]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1975. Волшебното самарче ТВ-серија
1982. Илинден ТВ-серија
1985. Од зад грб ТВ-филм Жената
1990. Трст виа Скопје ТВ-серија Жената
2002. Наше маало ТВ-серија Комшивка
2007. Мултиплеј ТВ-филм Мушереф
2007-2009. Збогум Румелија ТВ-серија Елена
2009-2010. Балканска свадба ТВ-серија Бабата
2010. Македонски народни приказни ТВ-серија Дежда
2012. Минатото лето на Балканот ТВ-серија Бабата
2015-2016. Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лозана“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 806. Text "series " ignored (help)
  2. ПОЧИНА МУШЕРЕФ ЛОЗАНА - ДОАЈЕНКА НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР