Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Бањане

Координати: 42°7′48″N 21°23′15″E / 42.13000° СГШ; 21.38750° ИГД / 42.13000; 21.38750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°7′48″N 21°23′15″E / 42.13000° СГШ; 21.38750° ИГД / 42.13000; 21.38750
Место Бањане
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено XIV век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Св. Илија Горницрква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река.[2]

Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. Од северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Внатрешноста е покриена со живопис од кој се распознаваат два слоја. Првиот е постар и датира од самата изградба на црквата.[2]

Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 „Св. Илија Горни, с. Бањани, Cкопско“. Macedonium. Посетено на 5 април 2014.
  3. „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион“. Премин Портал. Посетено на 23 март 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]