Спомен-куќа на НОБ (Севастополска)
![]() Спомен-куќа на НОБ | |
Основан | 1975 |
---|---|
Место | Улица Севастополска број 5 Скопје, Македонија |
Тип | меморијален музеј |
Спомен куќа – меморијален музеј на НОБ, се наоѓа на улица „Севастополска“ број 5, во близина на Бит-пазар. Куќата се наоѓала на десниот брег од реката Серава, и била многу оштетена по катастрофалниот земјотрес во Скопје, а потоа обновена. Во 1975 година, во неа била отворена музејска поставка со експонати кои сведочат за настаните од НОВ во Македонија.[1]
Историска позадина[уреди | уреди извор]
По започнувањето на вооруженото востание во Македонија во 1941 година, покраинското раководство на партијата преземала мерки да се обезбедат услови за работа на партиското и военото раководство. Во Скопје постоеле неколку куќи и станови во кои се чувала партиска документација, се вршеле средби и состаноци, и слично. Кон крајот на 1941 и почетокот на 1942 година, оваа куќа е одбрана како сигурна, бидејќи ги задоволувала условите за илегална работа. Семејството на Гиго Михајловски се вселило во куќата во почеток на 1942 година, и сè до јуни 1944 година, оваа куќа била место за состаноци на партизанските и воените раководители.
Во куќата и во дворот биле изградени скривници за илегалци и за партиски материјали, а техниката била сместена во визбата. И пералната била претворена во скривница, исто така, под двојното дно се криеле материјали.[1]