Корисник:Dentedeleone/Prezir
Презирот е социјално чувство кое се доживува или искажува против друг поединец или група, кој се карактеризира со крајно омаловажување, потценување, и често е пропратен со одвратност и гнев.[1] Презирот најчесто се темели на некоја предрасуда. Спротивно од презир е почит.
Пол Екман го класифицира меѓу седумте основни емоции: презир, лутина, одвратност, страв, среќа, тага и изненадување.
Појавување
[уреди | уреди извор]Презирот се јавува кога сметаме дека другата личност е инфериорна. Во строго хиерархиските култури, презирот произлегува од социјалната положба или престиж што ја има личноста и е насочена „надолу“ (кон оние што ги сметаме помалку вредни од нас). Во егалитаристичките култури, презирот се јавува од верувањето дека одредена личност не ја заслужува социјалната положба или престижот што го има.[2] Во овој случај презирот може да биде насочен од долу нагоре во социјалната скала.
Емотивно Психолошки аспект
[уреди | уреди извор]Во опитната психологија, на презирот се гледа како на посебна форма на одвратност[3] или лутина (односно гнев)[4] или како мешавина од двете емоции.[5]
Според Пол Екман, и некои други психолози, презирот е едно од основните човечки чувства, кој се карактеризира со вроден и универзален израз на лицето. Изразувањето на презир е исто и препознатливо (лесно се воочува иако луѓето се од различни култури).[6] Според Роберт Плучик, презирот не е основно чувство затоа што е составен од други основни емоции (лутина и одвратност).[7]
Во контекст на модерните психоаналитички неврози, презирот се сфаќа како нарцисоидно-агресивен афект.[8] Истражувањата за регулирање на чувствата кај пациенти на граница на растројство на личноста открија акумулирање на чувствата на одвратност и презир.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ TenHouten, W.D. (2007). General Theory of Emotions and Social Life. Routledge.
- ↑ William Ian Miller: The Anatomy of Disgust. Harvard University Press, Cambridge MA u. a. 1997, ISBN 0-674-03154-7.
- ↑ Paul Ekman, Wallace V. Friesen: Unmasking the Face. A Guide to Recognizing Emotions from Facial Clues. Prentice-Hall, Englewood Cliffs NJ (1975), ISBN 0-13-938183-X.
- ↑ Robert Plutchik: Emotion. A Psychoevolutionary Synthesis. Harper & Row, New York NY 1980, ISBN 0-06-045235-8.
- ↑ Robert Plutchik: Emotions and Life. Perspectives from Psychology, Biology, and Evolution.Revised and updated edition. American Psychological Association, Washington, DC 2002, ISBN 1-55798-949-4.
- ↑ z. B. Paul Ekman: Gefühle lesen. Wie Sie Emotionen erkennen und richtig interpretieren. Spektrum Akademischer Verlag, Heidelberg 2004, ISBN 3-8274-1494-6; Rezension.
- ↑ Vgl. z. B. Robert Plutchik: Emotions and Life. Perspectives from Psychology, Biology, and Evolution.Revised and updated edition. American Psychological Association, Washington, DC 2002, ISBN 1-55798-949-4; s. auch Plutchik: The Nature of Emotions.
- ↑ vgl. Seminarplan Tilman Habermas (SS 2007, Uni Frankfurt): Предлошка:Webarchiv Mit zahlreichen Literaturangaben. (PDF; 35 kB).
- ↑ vgl. Cord Benecke, Gerhard Dammann: Nonverbales Verhalten von Patientinnen mit Borderline-Persönlichkeitsstörung. In: Matthias Hermer, Hans Gerhard Klinzing (Hrsg.): Nonverbale Prozesse in der Psychotherapie. Dgvt-Verlag, Tübingen 2004, ISBN 3-87159-047-9, S. 261–272, (PDF; 615 kB).
Видови чувства |
|
---|---|
Анксиозност • Апатија • Вина • Вознесеност • Глупавост • Гордост • Горчина • Депресија • Дефетизам •Досада • Ентузијазам • Задоволство • Засраменост • Збунетост • Изненадување;• Лутина • Љубов • Љубомора • Меланхолија • Навредност • Надеж • Носталгија • Огорченост • Одвратност •Омраза • Осаменост • Отфрленост • Паника •Презир • Разочараност • Самозадоволство • Сочувство • Срам • Среќа • Страв • Стравопочит • Страдање • Фанатизам • Фрустрираност • |