Ки Сунг-јуенг
Ки Сунг-јуенг | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 24 јануари 1989 | ||
Роден во | Квангџу, Јужна Кореја | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 4 | ||
Младинска кариера | |||
Џон Пол Колеџ | |||
Кумхо | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2006-2009 |
![]() | 64 | (7) |
2009-2012 |
![]() | 66 | (9) |
2012-2018 |
![]() | 139 | (12) |
2013-2014 |
→![]() | 27 | (3) |
2018- |
![]() | 11 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006-2007 |
![]() | 16 | (6) |
2007-2012 |
![]() | 21 | (1) |
2008- |
![]() | 56 | (5) |
† Учества (Голови). |
Ки Сунг-јуенг (корејски:기성용) роден на 24 јануари 1989 година) — јужнокорејски фудбалер, играч од средниот ред на Њукасл Јунајтед и на јужнокорејската репрезентација.
Технички карактеристики[уреди | уреди извор]
Познат е по неговата визија во играта, техника, долгите додавања и одличниот удар, како и одличното изведување на слободните удари.
Кариера[уреди | уреди извор]
Клупска кариера[уреди | уреди извор]
Ки ја започнал својата кариера во екипата на ФК Сеул, пред да се пресели во шкотскиот Селтик во август 2009 година. Ки одиграл три сезони на Хемпден Парк од кои посебно добра за него била последната (2011-12) во која бил еден од најдобрите играчи на Селтик и еден од најзаслужните за освојувањето на Шкотската Премиер лига. Сезоната ја завршил со 30 првенствени настапи и 6 гола. Во летото 2012, Ки направил трансфер во Свонзи Сити за сума од околу 6 милиони фунти, потпишувајќи три-годишен договор со велшкиот клуб.
Во 2018 година, по испаѓањето на Свонзи од Премиер лигата, Ки како слободен играч му се приклучил на Њукасл Јунајтед потпишувајќи со нив двегодишен договор.
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Ки е репрезентативец на Јужна Кореја од 2008 година. Пред да стане член на сениорската репрезентација тој настапувал во младинските селекции до 17 и до 20 години. Исто така тој настапувал и за Олимписката репрезентација до 23 години, и тоа на две олимпијади во 2008 и 2012, а на втората тој и неговите колеги го освоиле бронзениот медал.
Со сениорската репрезентација настапувал на Светското првенство 2010 каде неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето. Ки бил избран и за Светското првенство 2014 каде неговата репрезентација испаднала уште во првата фаза. Досега тој има 60 настапи за селекцијата на Јужна Кореја и 5 постигнати гола.