Диего Роза (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Диего Роза
Роза во 2014 година
Лични податоци
Цело име Диего Роза
Роден 27 март 1989 (1989-03-27) (29 г.)
Корнелијано д’Алба,  Италија
Висина 1,78 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Планински и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2011
2012
Џајант Италија Тим
Палацаго Еледент Рад
Професионални клубови
2013–2014
2015-2016
2017-
Андрони Џокатоли-Венецуела
Астана
Тим Скај
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Милано-Торино (2015)
Последна промена
9 март 2018

Диего Роза (италијански: Diego Rosa; р. 27 март 1989) — италијански професионален планински и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во август 2014 година, Астана објавила дека потпишале со Роза за сезоната 2015, додека генералниот менаџер Александар Винокуров ја објаснил неговата улога како помошник за Фабио Ару.[1] Негова прва професионална победа била трката Милано-Торино 2015.[2] Во 2016 година ја освоил планинската петта етапа на Трката околу Баскија. Ја прославил соло-победата пренесувајќи го велосипедот на раце низ целта.[3]

Роза настапил на четири големи трки. На неговиот прв настап на некоја голема трка, Џиро д’Италија 2013, завршил на 22. место. Откако не успеал да го заврши Џиро д’Италија 2014, завршил помеѓу најдобрите 25 на Џиро д’Италија 2015 и Вуелта а Еспања 2015.[4]

Се приклучил на Тим Скај за сезоната 2017.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2012
1. Краен пласман Џиро дел Фриули-Венеција Џулија
1. Етапа 3
1. Планински пласман Џиробио
3. Трофео Франко Балестра
5. Трофео Интернационале Бастијанели
6. ГП Сан Џузепе
2013
1. Пласман за млад возач Медитеранска трка
5. Краен пласман Рут ду Суд
2014
8. Џиро дел’Емилија
10. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2015
1. Милано-Торино
5. Џиро ди Ломбардија
5. Страде Бјанке
2016
Трка околу Баскија
1. Етапа 5
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2017
1. Jersey violet.svg Планински пласман Трка околу Полска
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија

Распоред на резултати за големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 23 СО 23 55
Jersey yellow.svg Тур 37
Jersey red.svg Вуелта 20 53

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фаранд, Стивен (1 август 2014). „Трансфери: Астана потпиша со Бом, Санчез, Роза и Малакарне“. Cyclingnews.com. Future plc. http://www.cyclingnews.com/news/transfers-astana-signs-boom-sanchez-rosa-and-malacarne. посет. 3 август 2014 г. 
  2. „Diego Rosa (#ProWins)“. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=141005&c=3&stat_id=1. посет. 8 април 2016 г. 
  3. О’Ши, Садб. „Pais Vasco: Rosa wins in Arrate“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 8 април 2016 (посет. 8 април 2016 г).
  4. „Diego Rosa (#GrandTours)“. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=141005&season=&c=3&stat_id=3. посет. 8 април 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]