Делта Јарец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делта Јарец
Capricornus constellation map mk.svg
Red circle.svg
Местоположба на Делта Јарец (заокружен)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Јарец
Ректасцензија 21ч 47м &1000000000000000300000003с[1]
Деклинација −16° 07′ &1000000000000003800000038″[1]
Прив. величина (V) 2.85
Особености
Спектрален тип A7III
U−B Боен показател +0.07[2]
B−V Боен показател +0.31[2]
Променлив тип Делта Штит
Затемнувачка двојна ѕвезда
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-0.2[3] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: 263.26[1] млс/г
Дек.: -296.23[1] млс/г
Паралакса (π)84.58 ± 0.88[1] млс
Оддалеченост~39 сг
(~11 пс)
Апсолутна величина (MV)2.49
Податоци
Маса0.61-1.25 M
Полупречник1.64 R
Сјајност8.5 L
Температура7,700 K
Вртење87 km/s
Други ознаки
Deneb Algedi, Scheddi, 49 Capricorni, GJ 837, HR 8322, BD−16°5943, HD 207098, GCTP 5258.00, SAO 164644, FK5 819, HIP 107556, GC 30491, ADS 15314, CCDM 21470-1607[4]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Делта Јарец(δ Јарец) или уште именуван како Денеб Алгеди (или како Денеб Алгиеди)[5][6], е двоен ѕвезден систем[7] оддалечен приближно 39 светлосни години, кој се наоѓа во соѕвездието на Јарецот(морска коза). Главната ѕвезда во системот е бел џин, чија светлина здружена со останатите тела ја прави најсветлата ѕвезда во соѕвездието. Бидејќи скоро има форма на елипса, Делта Јарец може да биде помрачена од страна на Месечината и ретко од страна на планети.

Ѕвезден систем[уреди | уреди извор]

Делта Јарец е елипсен, двоен ѕвезден систем сличен на Алгол, со орбитален период од 1,022768 дена и инклинација блиска со видикот од Земјата[7]. Највисоката очигледна, визуелна магнитуда на парот е 2.81. При затемнување на главната ѕвезда, оваа магнитуда се намалува за 0,24. Го примарната ѕвезда ја затемнува секундарната, магнитудата се намалува за 0,09.[8]

Главната ѕвезда, Делта Јарец А, има ѕвездена класификација како A7м III,, при што укажува дека е џин на којшто му се исцрпени изворите на водород во неговото јадро. Поточно, ова е карактеристична Ам ѕвезда со спетктрален тип kA5hF0мF2 III ставена под ревидираниот МК систем[9]. Оваа нотација укажува дека К-линијатa се совпаѓа со температурата на некоја А5 ѕвезда, водородниот спектрален тип се совпаѓа со на Ф0 ѕвезда и металните апсорпциони линии се совпаѓаат со оние на Ф2 ѕвезда.[10]

Во минатото, оваа ѕвезда се сметала дека била варијабла на Делта Скути, што е редок случај за Ам ѕвезда. Оваа категоризација била ставена под знак прашање кога во 1994 година, при набљудувања се видело дека не е инхерентно варијабилна.[11] Споредена со Сонцето, главната ѕвезда има дупло поголема маса и скоро два пати поголем радиус.[12] Ротира брзо со проектирана вртежна брзина од 105 км с−1[13](Оваа вртежна стапка е синхронизирана со орбиталниот период). Треба да се земе во предвид дека ова е невообичаено за Ам ѕвезда да има толку висока вртежна брзина[11]. Надворешната обвивка зрачи енергија на делотворна температура од 7,301 келвини[10], давајќи и бел сјај на ѕвезда од А-тип[14]. Секундарната ѕвезда е тип Г или К со маса приближна на масата на Сонцето(90%).[12]

Постојат 2 оптички придружника. Ѕвезда со магнитуда од 16 е 1 лачна минута оддалечена, додека пак ѕвезда Д со магнитуда од 13 е 2 лачни минути оддалечена од системот.

Обсервациона историја[уреди | уреди извор]

Во 1906 година, астрономот Весто Слифр открил дека Делта Јарец бил спектроскопски двоен ѕвезден систем[15]. Орбитата била детерминирана во 1921 година од страна на Клифорд Крамп користејќи 69 радијални мерки за брзина добиено од Обсерваторијата Јеркес.[16] Сепак, природата на елипсниот двоен систем не била откриена сè до 1956 година од страна на Олин Џ. Еген.[17]

Имиња и културни асоцијации[уреди | уреди извор]

Традиционалното име 'Денеб Алгеди' потекнува од арапскиот збор ذنب الجدي (ðanab al-jady) што значи „опашот на козата“, покажувајќи на рибниот опаш на небесната морска коза, Јарец. Според астрологијата, претставувањето на флексибилниот опаш на Денеб Алгиеди се одразува во асоцијацијата дека носи и добра и лоша среќа.[18] Таа е една од Бехенските ѕвезди од средновековната астрологија, асоцирана со халкидонскиот, риганскиот и кабалистичкиот симбол Agrippa1531 caudaCapricorni.png.

Во кинеската астрономија, Делта Јарец е позната уште како 壘壁陣四 (Lěi Bì Zhèn sì), што значи „Четвртата ѕвезда од линијата на ѕидини“.[19] Ова покажува на нејзиното постоење помеѓу астеризмот познат како „Линијата на ѕидините“, при што ги вклучува кЈарец, ɛЈарец, γЈарец, ιВодолија, λВодолија, σВодолија, φВодолија, 27Риба, 29Риба, 33Риба и 30Риба.[20](кинески)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
  2. 2,0 2,1 Feinstein, A. (November 1974), „Photoelectric UBVRI observations of AM stars“, Astronomical Journal, 79: 1290, Bibcode:1974AJ.....79.1290F, doi:10.1086/111675
  3. Wilson, Ralph Elmer (1953). General Catalogue of Stellar Radial Velocities. Washington: Carnegie Institution of Washington. Bibcode:1953QB901.W495.....
  4. „del Cap -- Eclipsing binary of Algol type“, SIMBAD, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2012-02-06
  5. Allen, Richard Hinckley (1963). Star Names: Their Lore and Meaning. Dover. стр. 141. ISBN 0-486-21079-0. Посетено на 21 June 2015.
  6. Bakich, Michael E (1995). The Cambridge Guide to the Constellations. Cambridge University Press. стр. 116. ISBN 0-521-44921-9. Посетено на 21 June 2015.
  7. 7,0 7,1 Eggleton, P. P.; Tokovinin, A. A. (September 2008). „A catalogue of multiplicity among bright stellar systems“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 389 (2): 869–879. arXiv:0806.2878. Bibcode:2008MNRAS.389..869E. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13596.x.
  8. Malkov, O. Yu.; и др. (February 2006), „A catalogue of eclipsing variables“, Astronomy and Astrophysics, 446 (2): 785–789, Bibcode:2006A&A...446..785M, doi:10.1051/0004-6361:20053137
  9. Gray, R. O.; и др. (October 2003), „Contributions to the Nearby Stars (NStars) Project: Spectroscopy of Stars Earlier than M0 within 40 Parsecs: The Northern Sample. I.“, The Astronomical Journal, 126 (4): 2048–2059, arXiv:astro-ph/0308182, Bibcode:2003AJ....126.2048G, doi:10.1086/378365
  10. 10,0 10,1 Trilling, D. E.; и др. (April 2007), „Debris disks in main-sequence binary systems“, The Astrophysical Journal, 658 (2): 1264–1288, arXiv:astro-ph/0612029, Bibcode:2007ApJ...658.1289T, doi:10.1086/511668. See p. 33.
  11. 11,0 11,1 Lloyd, C.; Wonnacott, D. (January 1994), „Is the ROSAT Wide Field Camera EUV source and AM eclipsing binary, Delta Capricorni, also a Delta Scuti variable?“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 266: L13–L16, Bibcode:1994MNRAS.266L..13L, doi:10.1093/mnras/266.1.l13
  12. 12,0 12,1 Batten, A. H.; Fletcher, J. M. (April 1992), „A new spectroscopic orbit for Delta Capricorni“, Journal of the Royal Astronomical Society of Canada, 86 (2): 99–109, Bibcode:1992JRASC..86...99B
  13. Royer, F.; и др. (October 2002), „Rotational velocities of A-type stars in the northern hemisphere. II. Measurement of v sin i“, Astronomy and Astrophysics, 393: 897–911, arXiv:astro-ph/0205255, Bibcode:2002A&A...393..897R, doi:10.1051/0004-6361:20020943
  14. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Посетено на 2012-01-16
  15. Slipher, V. M. (1906). „Variable radial velocity of delta Capricorni“. The Astrophysical Journal. 24: 361. Bibcode:1906ApJ....24..361S. doi:10.1086/141403.
  16. Crump, C. C. (1921). „The orbit of 49 delta Capricorni“. The Astrophysical Journal. 54: 127–132. Bibcode:1921ApJ....54..127C. doi:10.1086/142630.
  17. Eggen, Olin J. (1956). „Two New Bright Variable Stars: δ Delphini and δ Capricorni“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 68 (405): 541–544. Bibcode:1956PASP...68..541E. doi:10.1086/126996.
  18. Wright, Anne (2003), The Fixed Stars: Deneb Algedi, Архивирано од изворникот на June 16, 2005, Посетено на July 28, 2005
  19. 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表, Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
  20. (кинески) 中國星座神話, written by 陳久金. Published by 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Kaler, Jim. „Deneb Algedi“. University of Illinois. STARS. Посетено на 2008-06-21.