Девински елегии
Девински елегии (германски: Duineser Elegien) - циклус песни на геранскиот поет Рајнер Марија Рилке.
Содржина
[уреди | уреди извор]„Девинските елегии“ ги сочинуваат десет елегии, наречени според местото Девино (Дуино), крај Трст во кое Рилке престојувал во 1912 година. Првите две елегии Рилке ги напишал во Девино, и тоа: првата елегија (Die erste Elegie) ја напишал на 21 јануари 1912 година, а втората елегија (Die zweite Elegie) е напишана кон крајот на јануари и почетокот на февруари 1912 година. Третата елегија (Die dritte Elegie) е започната во Девино, а била завршена во доцна есен, 1913 година, во Париз. Четвртата елегија (Die vierte Elegie) е напишана на 22 и 23 ноември 1915 година, во Минхен. Петтата елегија (Die fünfte Elegie) била создадена на 14 февруари 1922 година, во швајцарскиот замок Мизо, а таа била дополнително внесена во циклусот, наместо против-строфата која требало да биде петта елегија. Шестата елегија (Die sechste Elegie) била почната кон крајот на февруари или почетокот на март 1912 година во Девино, потоа била продолжена во јануари и февруари 1913 година, во Ронда, Шпанија и во доцна есен истата година во Париз, а била завршена во Мизо, на 9 февруари 1922 година. Седмата елегија (Die achte Elegie) била напишана на 7 и 26 февруари, а осмата на 7 и 8 февруари 1922 година, во Мизо. Деветтата елегија (Die neunte Elegie) била започната во март 1912 година во Девино, а најголемито дел бил напишан на 9 февруари 1922 година, во Мизо. Најпосле, првите дванаесет стиха од десеттата елегија (Die zehnte Elegie) биле напишани во почетокот на 1912 година во Девино, продолжена е во доцна есен, 1913 година, во Париз, а била завршена на 11 февруари 1922 година, во Мизо.[1]
Мотиви на елегиите
[уреди | уреди извор]Во „Девинските елегии“ се присутни бројни настани и ликови кои оставиле силен впечаток во животот на Рилке, На пример, во нив се споменуваат италијанската поетеса Гаспара Стампа, црквата Санта Марија Формоза во Венеција, ликот од „Записите на Малте Лауридс Бриге“, Ерик Брахе (создаден според братучедот Егон фон Рилке), храмот на Амон Ра во Карнак (Рилке го посетил Карнак во средината на јануари 1911 година), сцени од Библијата итн. Уште повеќе, петтата елегија е посветена на германската поетеса Херта Кениг (во чиј стан, во јануари 1915 година, Рилке ја видел сликата на Пикасо „La famille des saltimbanques“, која била повод за оваа елегија), а осмата на австрискиот филозоф Рудолф Каснер.[2]
Осврт кон делото
[уреди | уреди извор]„Девинските елегии“ се сметаат за лебедова песна на Рилке и негово најголемо остварување. Нивната напрегната мисловност, замислена како збир на искуствата, како и нивната сложена симболика, дава можност за различни интерпретации. Тие претставуваат длабок поединечен прилог кон европската херметичка поезија на XX век. Иако во неговиот стремеж да ги урне сите наследени поетски традиции експресионизмот му бил туѓ, во „Девинските елегии“ е присутно егзистенцијалистичкиот поглед кон животот кој по Втората светска војна доминирал во западноевропската поезија.[3]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Поезија на Рилке
- Duino Elegies, 1st & 2nd, Rainer Maria Rilke
- Duino Elegies Quotes
- Duino Elegies - Robert Hunter Archive Архивирано на 26 јануари 2016 г.
- Rainer Maria Rilke: Duino Elegies