Прејди на содржината

Гавез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гавез
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Род: Гавез
Вид: Гавез
Научен назив
Symphytum officinale
L.
Синоними
  • Symphitum officinale (orth.var.)
Илустрација на гавез
Гавез

Гавез (латински: Symphytum officinale) — повеќегодишно тревесто растение од фамилијата Boraginaceae.[1] Познат е во народната медицина по своите лековити својства.

Изглед на растението

[уреди | уреди извор]

Стеблото е тревно, исправено и достигнува должина од 30 до 60 см. Се разгранува во горниот дел, насекаде е многу влакнесто и цврсто, а внатре шупливо.[2]

Листовите се исто така влакнести.[2]

Цветовите се групирани во соцветни кадрици. Чашката е двојно пократка од круната, која се состои од валкано-розови или жолтеникаво-бели листови кои пораснале заедно, па имаат изглед во форма на ѕвонче. Внатре во круната има кратки папиларни лушпи. Растението цвета од мај до јули.[2]

Се размножува со црни и жолтеникави семиња. Тоа е лековито и благо отровно растение.[2][3]

Живеалиште и распространетост

[уреди | уреди извор]

Често е на низински терен и бара влажни живеалишта како што се ливадите.[2]

Се наоѓа и на влажни места покрај потоци, канали, реки, железнички пруги, патишта и др.

Распространета е во поголемиот дел од Европа, сè до западен Сибир и Мала Азија. Припаѓа на понтичко-средоземниот цветен елемент.[4]

Во Македонија гавезот е распространет во Градскиот парк, покрај реката Вардар во Скопје, Таорска Клисура, Македонски Брод. Се посочува дека е најден и во село Банско, Струмичко, Крива Паланка и покрај реката Вардар на потег од Велес до Гевгелија како и во Дојран.[5]

Од античко време, гавезот се користел како лековито растение за лекување на артериосклероза, но и за заздравување на рани и изгореници, како и за промовирање на заздравувањето на фрактури на коските. Се користат: коренот, младите гранчиња, стеблото и листот.

Во народната медицина коренот и листовите се користат за лекување на воспалени рани, рани кои тешко зараснуваат, скршеници на коски, бронхитис, респираторни проблеми, катара, пневмонија итн. Не е дозволено да се нанесува на отворени рани.[4][6]

Значајни супстанции

[уреди | уреди извор]

Листовите содржат значително количество на каротин. Гликоалкалоидот консолидин и циноглицин се присутни во свежите надземни делови. Во коренот, покрај споменатите алкалоиди, има и помали количества на пуринскиот дериват алантоин.

Прифатени се 27 видови.

Russian comfrey (Symphytum × uplandicum)
Flowers of Russian comfrey
  1. Чајкановић, Веселин (1985). Речник српских народних веровања о биљкама. Београд: Српска књижевна задруга. стр. 74. |access-date= бара |url= (help)
  2. 1 2 3 4 5 Петковић, Б. Марин, П. & Божа, П. 1995. Практикум из систематике виших биљака. Наука. Београд.
  3. Grdiša, Martina. "Medicinal and Aromatic Plants of our region: Comfrey (Symphytum officinale L.)." Lovački vjesnik 120.6 (2011): 83-83.
  4. 1 2 Којић, М & Јањић, В. 1991. Отровне биљке. Научна књига. Београд.
  5. Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 122, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
  6. Ostojić, Z. (2008). Black comfrey (Symphytum officinale)-useful and negative sides of the weeds. Gospodarski list, 160(5), 49.
  7. „Symphytum ibericum“. rhs.org.uk. Посетено на 23 April 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]