Владо Тасевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1916
Прилеп, Македонија
Починал 11 декември 1943
Занимање партизан

Владо Тасевски (1916-1943) – македонски револуционер и учесник во НОВ. [1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Владо Тасевски е роден во Прилеп, во 1916 година, каде завршил основно училиште и четири класа гимназија. Се вработил во Ложилницата во Прилеп, каде го учел браварскиот занает. Во Скопје се преселил во 1936 година. Се вработил во скопската Ложилница и се приклучил на синдикалното движење. На 2 февруари 1940 година Владо Тасевски во скопската Ложилница организирал штрајк, во кој учествувале сите работници.

Бил организатор на музичко друштво и на приредби во Поштенскиот дом, на кои се изнесувале идеите на КПЈ. Владо Тасевски бил организатор на работниците од Ложилницата, кои учествувале на 27 мартовските демонстрации, против пристапувањето на Југославија кон Тројниот пакт.

На 16 јули 1943 година, скопската Ложилница била блокирана од полицијата со цел да се уапсат Владо Тасевски, Гого Силевски и други активисти, но тие успеале да избегаат. По неколку дена, Владо Тасовски пристапил кон редовите на Шарпланинскиот партизански одред, со кој минувал низ Западна Македонија. Потоа се придружил кон Кумановскиот партизански одред. Загинал во борба на 11 декември 1943 година.

Во негова чест се именувани неколку училишта во Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 175.

Поврзано[уреди | уреди извор]