Бистрица (Романија)

Координати: 47°8′0″N 24°30′0″E / 47.13333° СГШ; 24.50000° ИГД / 47.13333; 24.50000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бистрица
Bistrița
Град
Поглед на Бистрица
Местоположба на Бистрица
Местоположба на Бистрица
Координати: 47°8′0″N 24°30′0″E / 47.13333° СГШ; 24.50000° ИГД / 47.13333; 24.50000
Држава Романија
ОкругОкруг Бистрица-Насауд
СтатусСедиште на округ
Управа
 • ГрадоначалникОвидиу Крету (Социјалдемократска партија на Романија)
Население (2012)
 • Вкупно70.493
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоhttp://www.primariabistrita.ro/

Бистрица (романски: Bistriţa, унгарски: Beszterce, германски: Bistritz, порано Nösen[1]) – град во Романија. Бистрица се наоѓа во северниот дел на земјата, во историската покраина Трансилванија. Градот е седиште на округот Бистрица-Насауд.

Географија[уреди | уреди извор]

Бистрица се наоѓа на 110 км северозападно од градот Клуж-Напока, и е сместена на брегот на истоимената река Бистрица по која и го добил името.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Градот го добил името по реката Бистрица на чиј брег лежи и води потекло од словенскиот збор „бистро“.

Историја[уреди | уреди извор]

Бистрица во 1911 година

Првите знаци на населување потекнуваат од неолитот, а подоцна го населувале Дачаните и Римјаните. Сасите, рудари, се населиле меѓу 1141 и 1162 година и го нарекле местото Неснерланд (германски: Nösnerland). Набрзо по населувањето на Сасите, Монголите го уништеле градот, прво во 1241, а потоа и во 1284 година.

Бистрица станал слободен кралски град во 1330 година, а во 1335 година добила право да организира панаѓури како и право на грб. Во 1453 година, Јанош Хуњади на ридот над градот изградил утврдување, а во 1458 година Михаљ Силаѓи го изгорел целиот град кој се побунил против неговата власт.

Кралот Матија Хуњади во 1464 година на Бистрица ѝ ја одзел титулата грофовија иако во тоа време градот бил културно средиште на областа.

Забележено е дека во 1465 година тврдината на Хуњади имала 18 кули за одбрана, но за да се засили одбраната на самиот град, тврдината е урната и материјалот е користен за да се зацврстат градските ѕидови. Самиот град тогаш добил 10 одбранбени кули.

Во 1596 година Бистрица добила гимназија. Во 1602 година војниците на Ѓорѓо Баста го зазеле градот. Во 1603 година го зазел Мојсеј Секељ, а во 1661 година градот го зазеле Турците од кои е ослободен кон крајот на истиот век. Во 1717 година го опљачкале Татарите.

На 31 декември 1848 година, тука се одвивала првата битка меѓу унгарските револуционери предводени од Јожеф Бен и австриските царски сили. Втората битка се одиграла на 21 февруари 1849 година и мазарските револуционери извојувале победа над царската војска. На 25 јуни руската царска армија ги исфрлила унгарските сили од градот, но веќе следниот ден снагите на Јожеф Бен го повратиле.

Ѕидините на градот секогаш служеле како материјал за градба, така што денес има само траги од ѕидините и кулата Богнар.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Реновираната Евагелистичка црква чиј кров бил тешко оштетен во пожар во 2008 година
Синагогата

Најпозната градба во Бистрица на централниот плоштад е Лутеранската црква која првично била изградена од трансилванските Саси во 14 век во готски стил. Во средината на 16 век е изменета и добила ренесансен лик. Реновирана е во 1998 година.

Окружниот музеј на Бистрица-Насау е сместен во бившата касарна и има тракиски, келтски и германски артефакти.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година градот брои 81.259 жители, додека просечната густина на населеност е 698 жит./ км2[2]

Според пописот од 1910 година Бистрица имала 13.326 жители од кои 5.835 Германци, 4.470 Романци, 2.824 Унгарци.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бистрица е збратимена со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Siebenbürgen Village List. Пристапено 26.10.2016
  2. „Национален институт за статистика“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-02-02. Посетено на 2016-10-26.
  3. „Zielona Góra Miasta partnerskie“. Urząd Miasta Zielona Góra.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]