Бела Кираљ
Бела Калман Кираљ | |
---|---|
14 април 1912 | - 4 јули 2009 (возр. 97)|
Роден во: | Капошвар, Унгарија |
Починал во: | Будимпешта |
Служба во: |
|
Род: | Унгарска војска |
Период на служба: | 1930-1951 |
Чин: | мајор генерал |
Командува/л со: |
|
Битки/војни: |
Бела Кираљ (14 април 1912 – 4 јули 2009) — унгарски воен офицер пред, за време и по Втората светска војна. По војната бил осуден на доживотен затвор по наредба на советскиот режим, но подоцна бил ослободен. По неговото ослободување, ја командувал Националната гарда при Унгарската револуција во 1956 година. За подоцна да пребегне во САД, каде станал академски историчар. Се вратил во Унгарија по распадот на Советскиот Сојуз и бил избран за член на Унгарскиот парламент.
Младост
[уреди | уреди извор]Роден е во Капошвар, Унгарија, како син на одржувач на станици. Во младоста одгледувал гулаби, што му останало животна страст. Неговите желби да стане ветеринарен хирург пропаднале бидејќи семејството не можело да го плати образованието. Поради далтонизам не можел да се вработи во железницата. Во 1930 година, воената служба станала задолжителна - две години за кандидати и една година за доброволци. Се придружил на војската, нашол интерес, завршил на Воената академија „Лудовика“ меѓу првите 5% во неговиот клас, и бил прогласен за втор поручник на 20 август 1935 година. Како ученик во Генералштапската академија бил унапреден во чин капетан во декември 1942 година.[1][2]
Втора светска војна и повоеното затворање
[уреди | уреди извор]Унгарија се придружила на Силите на Оската и му објавила војна на Советскиот Сојуз во 1941 година. Кираљ бил учесник на Источниот фронт и бил двапати ранет. Во 1943 година бил задолжен да го чува еврејската работничка бригада по долината на реката Дон со војска од 400 војници. Спротивно на наредбите, тој им дал топла облека, храна и медицинска нега. Во 1993 година, Јад Вашем го именувал за “Праведник меѓу народите”, оддавајќи му почит за хуманиот третман на еврејските заробеници.[1][3][4][5]
Во март 1945 година Кираљ бил задолжен за одбраната на Кесег. По предавањето на градот на Советската армија, бил уапсен и испратен во Сибир како воен заробеник. Се вратил во својот дом по потпишувањето на Париските мировни договори, и се приклучил на Унгарската комунистичка партија и новосоздадената Унгарска народна армија.
Комунистичките власти го предупредиле во 1947 година да не ја земе за сопруга вдовицата внука на крајниот десничар и поранешен премиер Ѓула Гембеш, кој бил познат антисемитист. Очекувал да биде разрешен од должностите кога бил повикан од генералот Ѓерѓ Палфи, но бил назначен да го командува одделот за обуки. Бил прогласен за генерал во 1950 година, а подоцна и за мајор генерал. Во 1950 година, бил назначен за командант на пешадијата. Се очекувало од него да ја командува унгарската војска која би била дел од планираниот напад на Советскиот Сојуз на Југославија по расколот на Сталин и Тито. Сталин ја прекинал операцијата, обесхрабрен од успехот на американската армија во Корејската војна. Според Кираљ ситуацијата во Кореја „го свела Сталиновиот план во калта“.[6]
Во 1951 година, режимот на Маќаш Ракоши го уапсил со обвинение за субверзија, противдржавно делување и шпионажа. Бил осуден на 15 јануари 1952 година на смрт со бесење. Неговата сопруга била уапсена од ÁVH и држена во притвор од август 1951 година до август 1953 година. Се развела од него во 1955 година. Подоцна дознал дека неговата казна била преиначена во доживотен затвор и тешка работа. Во септември 1956 година владата раководена од Имре Наѓ го помилувала заедно со другите затвореници, мерка со која требале да се смират народните немири.[1][2][3][7]
Улогата во Унгарската револуција во 1956 година
[уреди | уреди извор]Унгарската револуција од 1956 година започнала кусо по неговото ослободување од затвор. Тој бил болен и закрепнувал од операција, но избегал од болницата за да им се придружи на унгарските револуционери и го прифатил назначувањето за главен командант на воената гарда и воен командант на војската во Будимпешта против Советите.
„Бев кожа и коска кога излегов од затвор,“ Според исказот пред Франспрес во 2006 изјавува: „Бев далеку од излечен па морав да побегнам од болницата бидејќи докторите не ми дозволуваа да ја напуштам.“
—Бела Кираљ, Франспрес 2006
Насилството започнало во Будимпешта на 23 октомври 1956 година. Советската војска, неподготвена за силата на револуционерите, договорила примирје на 28 октомври, и започнала да се повлекува од градот. Насилството се намалило, но, како што комунистите поддржувачи на Наѓ и други националисти осмислиле чистки на просоветските партиски членови во градот, Кираљ претчувствувл дека ќе дојде до ситнење на револуционерните сили, сакал да ги обедини сите антисоветски сили во една национална гарда. На 30 октомври 1956 година, револуционерите предводени од Кираљ го нападнале Централниот комитет на Комунистичката партија. Револуционерите затвориле дузина осомничени просоветски комунисти погубувајќи поголем број од нив на самото место. Слични чистки се одвивале низ целиот град.[8][9]
И покрај постојаното насилство насочено против просоветските комунисти, советскиот дописник Анастас Микојан советувал да нема советска инвазија, сакајќи унгарските комунисти самите да го задушат востанието на контрареволуционерите. Ова недејствување довело до тоа многу просоветски комунисти да ги преиспитаат своите должности и лојалност. Како што Никита Хрушчов изгубил доверба во способноста на унгарските комунисти да го сузбијат востанието и ѝ наредил на Советската армија да ја нападне Будимпешта на 4 ноември 1956 година.[10]
Кираљ согледал дека неговите сили, лојални на Наѓ, немаат никаква надеж за победа над Советската армија. Сепак, го презирал рускиот амбасадор Јуриј Андропов поради криењето на претстојната инвазија која Никита Хрушчов ја наредил три дена пред настанот.
„Тука беше и човек како Андропов кој јасно знаеше што се случува, Господин Кираљ горчливо одговори, „Но сепак тој се преправаше сè до последниот момент пред мене премиерот и останатите како да е се во ред. Дури и пиратите, пред да нападнат друг брод подигаат црно знаме. Тој цело време правеше пресметки.“
—Бела Кираљ, Интервју од 1982 година со Р.В. Апл, Џуниор.
По успешното сузбивање на револуцијата, Кираљ избегал во САД преку Австрија за да избегне да биде заробен. Но сепак тој бил осуден на смрт во отсуство од Советскиот Сојуз (судбина која другите револуционери како Имре Наѓ не ја избегнале).[1][11]
Престојот во САД
[уреди | уреди извор]Кираљ бил почитуван во САД бидејќи тие биле поддржувачи на владата раководена од Наѓ на кој лојален ѝ бил и самиот Кираљ. Кога пристигнал добро го владеел англискиот јазик, кој го изучувал додека бил затворен. Се запишал на Универзитетот „Колумбија“ каде дипломирал историја. Од 1964 година тој предавал воена историја на Бруклинскиот колеџ, и станал раководител на одделот за историја. Се пензионирал како почесен професор во 1982 година.[1][7] За времето додека работел тој бил директор на Друштвото за програма за Источна и Средна Европа, ја надгледувал издавачката куќа на Бруклинскиот колеџ, и бил советник на Бруклинскиот клуб за воена историја. Наградата која се доделува на студенти за извонредни достигнувања во современата историја го носи неговото име.
Враќање во Унгарија
[уреди | уреди извор]По распадот на Советскиот Сојуз, тој бил поканет да биде гостин на погребот на Имре Наѓ во јуни 1989 година. Се преселил во Унгарија подоцна истата година, и бил избран да биде член на Унгарското собрание. Мандатот му бил од 1990–1994 и бил независен пратеник,[1][3] подоцна станал владин советник. Во 2004 година, тој станал соработник на Унгарската академија на науките.
Кираљ починал спиејќи во Будимпешта на 4 јули 2009 година на возраст од 97 години.[3]
Избрани дела
[уреди | уреди извор]- Király, Béla K. (1969). Hungary in the late eighteenth century; the decline of enlightened despotism. New York: Columbia University Press. LCCN 69019459.
- Király, Béla K. (1975). Ferenc Deák. Boston: Twayne Publishers. ISBN 0805730303. LCCN 74020558.
- Király, Béla K., уред. (1975). Tolerance and movements of religious dissent in Eastern Europe. Boulder [Colo.] : East European Quarterly. New York. ISBN 0914710060. LCCN 75006229. distributed by Columbia University Press
- Király, Béla K.; Barany, George, уред. (1977). East Central European perceptions of early America. Lisse: Peter de Ridder Press. LCCN 77369620.
- Kann, Robert A.; Király, Béla K.; Fichtner, Paula S., уред. (1977). The Habsburg Empire in World War I : essays on the intellectual, military, political, and economic aspects of the Habsburg war effort. Boulder Colo., New York: East European Quarterly. ISBN 0914710168. LCCN 76047779. distributed by Columbia University Press
- Király, Béla K.; Jónás, Paul, уред. (1978). The Hungarian revolution of 1956 in retrospect. introd. by G. H. N. Seton-Watson. Boulder Colo., New York: East European quarterly. ISBN 0914710338. LCCN 77082394. distributed by Columbia University Press
- Király, Béla K. (2001). Basic History of Modern Hungary, 1867-1999. Malabar, Florida: Krieger Pub. ISBN 0-89464-950-7. LCCN 2001018642.
- Király, Béla Kálmán; Rothenberg, Gunther E., уред. (1979). Special topics and generalizations on the 18th and 19th centuries. New York: Brooklyn College Press. ISBN 0930888049. LCCN 79051780. Distributed by Columbia University Press
- Rothenberg, Gunther E.; Király, Béla K.; Sugar, Peter F., уред. (1982). East Central European society and war in the prerevolutionary eighteenth century. New York: Boulder Social Science Monographs. ISBN 0930888197. LCCN 81050886. Distributed by Columbia University Press
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Fox, Margalit (8 July 2009). „Bela Kiraly Dies at 97; Led Revolt in Hungary“. NY Times. Посетено на 2014-02-01.
- ↑ 2,0 2,1 Congdon, Lee (8 August 2009). "Obituary: Béla K. Király, 1912-2009". Habsburg H-Net Habsburg. Web link. Retrieved 2014-02-07.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Land, Thomas (26 July 2009). „Righteous Gentile Bela Kiraly dies at 92“. Jewish Telegraphic Agency. Посетено на 2014-02-06.
- ↑ „Király Béla (1912 - 2009 ) Personal Information The Righteous Among The Nations“. Yad Vashem. Посетено на 2014-02-02.
- ↑ „Király FAMILY - The Righteous Among The Nations“. Yad Vashem. Посетено на 2014-02-02.
- ↑ Schindler, John R. (1998-02-24). „Dodging Armageddon: The Third World War That Almost Was, 1950“. Cryptologic Quarterly: 85–95. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2016-10-30.
- ↑ 7,0 7,1 Partos, Gabriel (11 July 2009). „Bela Kiraly: Soldier who led Hungarian resistance against the Soviet Union during the 1956 uprising“. The Independent. London: Independent Educational Publishing. Посетено на 2014-02-06.
- ↑ Berecz, János (1986). 1956 Counter-Revolution in Hungary: Words and Weapons. Akadémiai Kiadó. стр. 116. ISBN 978-9630543705.
- ↑ Filimonov, Olef (October 30, 2016). „Мифы о восстании“. Polit RU. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на October 27, 2016.
- ↑ Khrushchev, Nikita (2007). Memoirs of Nikita Khrushchev (PDF). University Park: The Pennsylvania State University Press. стр. 665. ISBN 978-0-271-02935-1.[мртва врска]
- ↑ Bay, Austin (29 July 2009). „Remembering a Hungarian Freedom Fighter“. Посетено на 2014-02-02.
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Fenyo, Mario (September 2010). „Bela Kiraly, Key figure in 1956 Hungarian Revolution, military historian, politician“. Perspectives on History. American Historical Association. Посетено на 2014-02-02.
- Lebovits, Imre (2007). Zsidótörvények--zsidómentők. Budapest: Ex Libris. ISBN 9789638649058. LCCN 2008446880. or Jewish law - saving of Jewish lives
- Rennie, David (18 October 2006). „It was almost World War III“. The Spectator. Посетено на 2014-02-02.
- Vardy, Steven Bela; Vardy, Agnes Huszar, уред. (1983). Society in change : studies in honor of Béla K. Király. Boulder, New York: East European Monographs, distributed by Columbia University Press. ISBN 088033021X. LCCN 82083524.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Personal papers of Béla Király at OSA Archivum Архивирано на 7 јануари 2009 г.
- Article by the American Hungarian Federation
- „Interview with Dr. Bela Kiraly“. CNN/COLD WAR Episode 7 After Stalin. The National Security Archive. 1 June 1996. Посетено на 2014-02-02.
- Article from Freedom Fighter 56 Архивирано на 3 март 2016 г.
- „Bela Kiraly“. The Daily Telegraph. July 6, 2009. Посетено на 2014-02-02. obituary
- Бела Кираљ на Find a Grave (англиски)
|