Арапчик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арапчик
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДовишта
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Арапчик, Арапџик или Арпачик — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Довишта во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во атарот на денешното Субашќој.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Арапчик било турско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Арпаџик мало 160 жители Турци.[2]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 60 жители. Селото се распаднало за време на Балканските војни и повторно не било обновено, поради што не се спомнува во подоцнежните пописи.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.