Приближна согласка
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Приближни самогласки (апроксиманти) се гласови каде говорните органи се приближуваат еден до друг, но не доволно блиску[1] или без достатна творбена прецизност[2] за да се создаде бурен воздушен тек. Затоа приближните согласки заземаат место помеѓу струјните (кои прават бурен тек) и самогласките (кои не прават бурен тек).[3] Во оваа класа на гласови спаѓаат страничните приближни согласки како [l] (л), нестраничните како [ɹ] (англиско r) и полусамогласките како [j] (ј) и [w] (англиско w).[3]
Во македонскиот јазик, приближни се гласовите: ј, л и љ. Првиот е полусамогласка, а другите се странични.
Средни приближни согласки
[уреди | уреди извор]- двоуснена приближна согласка [β̞] ( ⟨β⟩)
- усненозабна приближна согласка [ʋ]
- забна приближна согласка [ð̞] ( ⟨ð⟩)
- венечна приближна согласка [ɹ]
- свиена приближна согласка [ɻ ] (согласно [ɚ])
- преднонепчена приближна согласка [j] (мак. ј, согласно [i])
- заднонепчена приближна согласка [ɰ] (согласно [ɯ])
- ресична приближна согласка [ʁ̞] ( ⟨ʁ⟩)
- голтничка приближна согласка [ʕ̞] (согласно [ɑ]; ⟨ʕ⟩)
- надгласилна приближна согласка [ʢ̞] ( ⟨ʢ⟩)
Странични приближни согласки
[уреди | уреди извор]Кај страничните приближни согласки, средиштето на јазикот наполно се допира до горниот ѕид на устата. Меѓутоа, карактеристично место за овие согласки се страните на јазикот, кои доаѓаат само до забите.
- венечна странична приближна согласка [l] (мак. л)
- свиена странична приближна согласка [ɭ]
- преднонепчена странична приближна согласка [ʎ] (мак. љ)
- заднонепчена странична приближна согласка [ʟ]
- веларизирана венечна странична приближна согласка [ɫ] или [lˠ]
Сложени приближни согласки со свои симболи во МФА
[уреди | уреди извор]- лабијализирана заднонепчена приближна согласка [w] (согласно [u])
- лабијализирана преднонепчена приближна согласка [ɥ] или [jʷ] (согласно [y])
Безвучни приближни согласки
[уреди | уреди извор]Безвучните приближни согласки ретко се разликуваат од безвучните струјни согласки. Еве некои од нив:
- безвучна венечна странична приближна согласка [l̥]
- безвучна преднонепчена приближна согласка [j̊]
- безвучна лабијализирана преднонепчена приближна согласка [ɥ̊] или [j̊ʷ]
- безвучна лабијализирана заднонепчена приближна согласка [ʍ] или [w̥]
- безвучна гласилна приближна согласка [h]
- безвучна носна гласилна приближна согласка [h̃]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ladefoged (1975:277)
- ↑ Martínez-Celdrán (2004:201) , го наведува Ladefoged & Maddieson (1996)
- ↑ 3,0 3,1 Martínez-Celdrán (2004:201)
- Ladefoged, Peter (1964). A Phonetic Study of West African Languages. Cambridge: Cambridge University Press.
- Ladefoged, Peter (1975). A Course in Phonetics. New York: Harcourt Brace Jovanovich.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |