Алекс Беренгер
Алекс Беренгер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Алехандро Беренгер Ремиро | ||
Роден на | 4 јули 1995 | ||
Роден во | Памплона, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Торино | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
Осасуна | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2015 | Осасуна Б | 33 | (9) |
2014-2017 | Осасуна | 80 | (4) |
2017– | Торино | 50 | (3) |
* Ажурирано на: 29 ааприл 2019 |
Алекс Беренгер (роден на 4 јули 1995) — шпански фудбалер, крило на Торино.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Беренгер е роден во Памплона, Наваре. Својата кариера ја започнал во екипата на Осасуна во која ги минал сите младински категории, и го направил своето сениорско деби играјќи за вториот тим во сезоната 2013-2014, во Терсера Дивисион.[1] Тој одиграл една сезона за Осасуна Б и бил еден од најдобрите играчи на клубот во таа сезона забележувајќи 33 настапи и 9 голови.
На 10 септември 2014, Беренгер го направил своето деби за првиот тим на Осасуна заменувајќи го Кенан Кодро во 81-тата минута во поразот со 0-2 од Депортиво Алавес, во Копа дел Реј.[2] На 10 јануари следната година, тој го направил својот прв настап за Осасуна во лигата, повторно влегувајќи од клупата за резерви во ремито 1-1 против Рекреативо Уелва во Сегунда Дивисон.[3] На 7 март 2015, го имал својот прв старт во почетните единаесет на Осасуна во поразот со 0-2 од Расинг Сантандер во лигата. Својата прва сезона во првиот тим ја завршил со 13 настапи во лигата и 1 во купот, без постигнат гол.
Својот прв гол за Осасуна, Беренгер го постигнал на 30 август 2015 година, единствениот во натпреварот со кој неговиот тим го победил Мирандес.[4] На 29 јануари 2016 тој го продолжил договорот со клубот до 2020 година. На 27 февруари 2016, Бернегер постигнал уште еден победнички гол за својот клуб, во успехот со 1-0 против Кордоба во гости. Сезоната ја завршил со 39 настапи и 3 гола, помагајќи и на Осаусуна да обезбеди промоција во Примера Дивисион.
Следната сезона, Беренгер го направил своето деби во највисокото ниво на шпанскиот фудбал на 22 септември 2016, започнувајќи во поразот на домашен терен од Еспањол со 1-2.[5] Својот прв гол во Примера го постигнал на 5 април 2017, постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот во победата на гостувањето кај Депортиво Алавес.[6] Сезоната ја завршил со 29 настапи и еден гол, а Осасуна испаднала во Сегунда Дивисион по само една сезона во највисоката шпанска фудбалска лига.
На 17 јуни 2017, потпишал за италијанскиот клуб Торино во трансфер вреден 5.5 милиони евра (плус 1 милион во бонуси);[7] исто така, била вметната клаузула од дополнителни 1.5 милиони евра кој Торино ќе треба да ги плати ако играчот биде продаден на Атлетик Билбао.[8] Дебитирал за новиот клуб на 11 август 2017, во победата со 7-1 над Трапани во Купот на Италија, а притоа го постигнал и својот прв гол во 35-тата минута (третиот за Торо во натпреварот).
Своето деби во Серија А го направил на 20 август во натпреварот Болоња-Торино (1-1), а својот прв гол во Серија А го постигнал на 11 декември во натпреварот Лацио-Торино (1-3).[9]
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 28 април 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2014-2015 | Осасуна Б | ТД | 33 | 9 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 33 | 9 |
2014-2015 | Осасуна | СД | 13 | 0 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 14 | 0 |
2015-2016 | СД | 38+1 | 3+0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 3 | |
2016-2017 | ПД | 29 | 1 | КШ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 31 | 2 | |
Вкупно Осасуна | 80+1 | 4 | 3 | 1 | - | - | - | - | 84 | 5 | |||||
2017-2018 | Торино | А | 22 | 1 | КИ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 25 | 2 |
2018-2019 | А | 28 | 2 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 2 | |
Вкупно Торино | 50 | 3 | 6 | 1 | - | - | - | - | 56 | 4 | |||||
Вкупно во кариерата | 164 | 16 | 9 | 2 | 173 | 18 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Álex Berenguer debutó con el Promesas“ [Álex Berenguer debuted with Promesas] (шпански). Diario de Navarra. 17 February 2014. Посетено на 12 September 2014.
- ↑ „El Alavés sentencia a Osasuna en la prórroga“ [Alavés doom Osasuna in the extra time] (шпански). Marca. 10 September 2014. Посетено на 12 September 2014.
- ↑ „Recre y Osasuna cambian a medias sus dinámicas“ [Recre and Osasuna change a half of their dynamics] (шпански). Marca. 10 January 2015. Посетено на 1 April 2015.
- ↑ „Berenguer rompe el equilibrio“ [Berenguer breaks the balance] (шпански). Marca. 30 August 2015. Посетено на 15 January 2017.
- ↑ „El Espanyol respira a costa de Osasuna“ [Espanyol breathe at Osasuna's expense] (шпански). Marca. 22 September 2016. Посетено на 15 January 2017.
- ↑ „Osasuna recuerda esa dulce sensación“ [Osasuna remember this sweet sensation] (шпански). Marca. 5 April 2017. Посетено на 7 July 2017.
- ↑ UFFICIALE! Il Torino acquista Berenguer dall’Osasuna toronews.net 17.06.2017
- ↑ „Actualidad C.A. Osasuna“. www.osasuna.es (шпански). Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 2017-07-18.
- ↑ „Calendario e Risultati | Stagione 2017-18 | 16ª Giornata | Lega Serie A“. www.legaseriea.it. Архивирано од изворникот на 2017-12-21. Посетено на 2017-12-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алекс Беренгер на soccerway
- Алекс Беренгер на transfermarkt
- Алекс Беренгер на espn
- Алекс Беренгер на whoscored
|