Аеродром Софија
Аеродром Софија Летище София (Враждебна) Sofia International Airport | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||
Писти | |||||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||||
ft | m | ||||||||||
09/27 | 11,811 | 3,600 | Асфалт |
Аеродромот во Софија (IATA: SOF, ICAO: LBSF) (Бугарски: Летище София) е најголем аеродром во Бугарија. Во 2006 година беа услужени околу 2.2 милиони патници и 2.7 милиони патници минатата година.
Историја
Аеродромот најпрво беше изграден во доцните 30-ти години од минатиот век на околу 6.3 километри од центарот на Софија. За време на втората светска војна, аеродромот беше користен од армијата. Цивилниот сообраќај започна во 1947 година. Терминалот 1 беше изграден за време на втората светска војна, во манир на модерен европски аеродром од тоа време од архитектот Иван Марангозов. Структурата на терминалот состоеше владино крило на западната страна од терминалот, делот за меѓународни летови бил на средината, а делот за летови во границите на Бугарија бил во источното крило на терминалот. Во средината на 60-тите години од минатиот век започнаа планови за надградба на аеродромот. Имаше неколку планови, меѓу кои и да се изгради нов аеродром на оддалеченост од 70 километри од центарот на Софија. Сепак, официјалните лица се решија за проширување на сегашниот аеродром. Проектот кој беше планиран во средината на 60-тите години, сепак беше реализиран кон крајот на 80-тите години со изградба на нов терминал, нова писта, паралелна со сегашната. Финансиски пакет, во најголем дел од Европската Унија и Кувајт беше договорен во 1998 година, додека работите започнаа во 2001 година. Новиот терминал беше официјално пуштен на 27 декември 2006 година.
Реконструкција на аеродромот
-
Модел на новиот терминал
-
Стариот терминал, сега познат како терминал 1
Во согласност со планот за реконструкција, беа изградени нов терминал и нова писта. Постоечката писта беше претворена во патека за таксирање. Вкупната инвестиција беше околу 200 милиони евра, финансии кои беа обезбедени во 1997-98 година од страна на Европската инвестициона банка, Кувајтскиот фонд за развој на арапската економија и ФАРЕ програмата. Реконструкцијата започна напоредно на две работи: новата писта и новиот терминал. Новата писта беше отворена во август 2006, додека новиот терминал во декември 2006.
Транспорт до аеродромот
Автобус
Две автобуски линии поминуваат покрај аеродромот во Софија. Времето на патување е околу 20 минути во зависност од сообраќајниот метеж. Од/До терминаот 1 сообраќа автобусот број 84, додека од/до терминалот 2 сообраќа автобусот број 284. Цената на една автобуска карта е 1 лев(околу 30 денари).
Такси
Такси превоз е достапен од двата терминали, 1 и 2. Цената до центарот на Софија е од 5 до 8 лева(150 до 250 денари), во зависност од сообраќајниот метеж.
Терминали
-
Надворешен поглед на терминалот 2
-
Внатрешност на терминалот 2
-
Внатрешност на терминалот 2
-
Ареа за чекање на патниците
Терминал 1
Терминалот 1 беше изграден во првата половона на 20-тиот век, и во моментот воглавно се користи од нискобуџетните авиокомпании кои сообраќаат од аеродромот.
Терминал 2
Терминалот 2 беше официјално отворен на 27 декември 2006 година и беше еден од најголемите проекти во Бугарија со пари од Европската Унија. На терминалот постојат 7 порти за авионите, 38 шалтери за чекирање и покрива површина од околу 50,000 квадратни метри.
Авиокомпании и дестинации
Терминал 1
- Airlift Service (Охрид)
- easyJet (Лондон Гетвик, Мадрид, Манчестер, Милано Малпенза)
- Flybaboo (Женева)
- Germanwings (Келн/Бон)
- MyAir (Милано Бергамо)
- MyAir оперирано од Darwin Airline (Венеција)
- Rossiya (Ст. Петерсбург)
- SkyEurope (Виена)
- Wizz Air (Барселона, Брисел Шарлерој, Дортмунд, Лондон Лутон, Милано Бергамо, Рим Фиумичино, Валенсија)
- Wizz Air Bulgaria (Варна)
Терминал 2
- Aegean Airlines (Атина)
- Aer Lingus (Даблин)
- Aerosvit Airlines (Киев)
- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Air France (Париз Де Гол)
- Air Malta (Малта)
- Alitalia (Рим Фиумичино)
- Alitalia оперирано од Alitalia Express (Милано Малпенза)
- Austrian Airlines (Виена)
- Austrian Arrows оперирано од Tyrolean Airways (Виена)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- Bulgaria Air
- Домашни: (Бургас, Варна)
- Меѓународни: (Аликанте, Амстердам, Атина, Барселона, Бејрут, Берлин Тегел, Брисел, Букурешт, Дубаи, Франкфурт, Истанбул Ататурк, Ларнака, Лондон Гетвик, Лондон Хитроу, Мадрид, Малага, Манчестер, Москва Шереметјево, Палма Де Мајорка, Папос, Виена, Прага, Рим Фиумичино, Скопје, Тел Авив, Тирана, Триполи, Валенсија, Виена, Цирих))
- Cyprus Airways (Ларнака)
- Czech Airlines (Прага)
- El Al (Тел Авив)
- LOT Polish Airlines (Варшава)
- Луфтханза (Франкфурт, Минхен)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Аеродром Дизелдорф|Дизелдорф)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Минхен)
- Малев (Будимпешта)
- Olympic Airlines (Атина)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
- TAROM (Аеродром Букурешт Отопени)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Статистика на аеродромот
Година | Патници | Карго(тон) | Полетувања/Слетувања |
---|---|---|---|
2000 | 1,127,400 | 11,004 | 24 785 |
2001 | 1,107,682 | 10,380 | 21 860 |
2002 | 1,214,137 | 12,480 | 24 212 |
2003 | 1,356,569 | 13,754 | 25 518 |
2004 | 1,614,139 | 14,468 | 28 700 |
2005 | 1,874,368 | 14,724 | 32 184 |
2006 | 2,209,348 | 15,244 | 38 123 |
2007 | 2,746,178 | 17,388 | 43 075 |
2008 (01.01-31.08) | 2,168,869 | 12,147 | 23 369 (01.01-30.06) |