Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Germany Thuringia" does not existМестоположба на аеродромот во Тирингија
Аеродромот Ерфурт/Вајмар (IATA: ERF, ICAO: EDDE) е главен аеродром на Ерфурт, Германија, кој го променил името од Аеродром Ерфурт во 2011.[3] Промената настанала поради маркентиншки причини, надевајќи се дека додавањето на 'Вајмар' на името ќе придонесе за поголема популарност на областа.
Со продолжувањето на трамвајот бр. 4[4] ("AirCombino") до предградието Биндерслебен и новата станица за трамвај отворена пред самиот аеродром (од 21 јуни 2005), пристугнувајќи на секои 10-20 минути, може да се стигне до самиот центар на градот и железничката станица за околу 20 минути. Оддалеченоста помеѓу аеродромот, кој е западно од градот и центарот е 5 километри.[2]
Аеродромот нудел и превоз од Аеродромот Лондон Станстед преку ирскиот нискобуџетен превозник Ryanair, кој се завршил на 19 јануари 2005, кога авиопревозникот се префрлил на Аеродромот Лајпциг/Алтенбург оставајќи го аеродромот без нискобуџетни летови.