Џексон Браун
Џексон Браун | |
---|---|
Џексон Браун на настап во 2017 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Клајд Џексон Браун |
Роден(а) | 9 октомври 1948 Хајделберг, Германија |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1964–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | jacksonbrowne.com |
Клајд Џексон Браун (англиски; Clyde Jackson Browne; роден на 9 октомври 1948) ― американски рок-музичар, пејач, текстописец и политички активист кој продал преку 18 милиони албуми во Соединетите Американски Држави.[1]
Во 2003 година, три албуми од Браун: For Everyman, Late for the Sky и The Pretender, биле избрани од списанието Rolling Stone за списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња. Во 2004 година, Браун бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2015 година, Ролинг Стоун го ставило на 37-мо место на списокот од „100 најдобри текстописци на сите времиња“.[2]
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Рани години и почеток на кариерата
[уреди | уреди извор]Браун е роден на 9 октомври 1948 година, во Хајделберг во Германија, каде што бил стациониран неговиот татко Клајд Џек Браун, американско воено лице, за време на неговата работна задача во весникот Stars and Stripes. Мајка му, Беатрис Аманда (роденото Дал), била од Минесота и имала норвешко потекло.[3]
На тригодишна возраст, Браун и неговото семејство се преселиле во куќата на неговиот дедо, во областа Хајленд Парк во Лос Анџелес.[4] Браун се заинтересирал за музика и почнал да пишува песни уште во тинејџерските години. Неговиот талент брзо бил забележан во месните музички кругови, што го поттикнало да ја започне неговата музичка кариера.
По завршувањето на средно училиште Браун се приклучил на групата Nitty Gritty Dirt Band. Подоцна групата снимила многу песни кои ги напишал Браун, вклучувајќи ги: „These Days“, „Holding“ и „Shadow Dream Song“. [5] Кратко време бил дел од групата на неговата пријателка Памела Поланд, Gentle Soul.
Ја напуштил групата Dirt Band по неколку месеци и пред да наполни осумнаесет години се преселил во Гринич Вилиџ во Њујорк, каде што станал репортер во издавачката компанија, Нина мјузик. Известувал за музички настани во Њујорк. Остатокот од 1967 година, а исто така и дел од 1968 година, ги поминал во Гринич Вилиџ, каде што бил пратечки вокал на Тим Бакли и пејачката Нико од Велвет андерграунд.[6] Во 1967 година, Браун и Нико биле во врска; тој бил значаен соработник на нејзиниот прв албум, Chelsea Girl, пишувајќи и свирејќи гитара на неколку од песните (вклучувајќи ја и „This Days“). Во 1968 година, по раскинувањето со Нико, Браун се вратил во Лос Анџелес, каде што со Нед Доени и Џек Вилс основал фолк-група. Тогаш се запознал со Глен Фрај.
Првите песни кои ги напишал Браун, како: „Shadow Dream Song“ и „These Days“, биле снимени од Nitty Gritty Dirt Band, Том Раш, Нико, Стив Нунан, Грег Алман, Џоан Баез, Eagles, Линда Ронsтад, the Byrds, Иjан Метјус и други. Наскоро Ролинг Стоун го спомнал Браун како „ново лице на кое треба да се внимава“ и ги пофалил неговите „мелодии кои воодушевуваат“.[7]
Солистичка кариера
[уреди | уреди извор]Во 1971 година, Браун потпишал договор со Asylum Records и го издал албумот Jackson Browne (1972). Синглот „Doctor My Eyes“ станал хит и се пласирал во топ-10 на Билбордовата Hot100 топ-листа. На турнејата за промовирање на албумот, сцената ја споделувал со Линда Ронстат и со Џони Мичел. Неговиот следен албум, For Everyman (1973), не бил комерцијално успешен како првиот, но бил продаден во милион примероци.[8]
Во 1974 година, Браун го издал албумот Late for the Sky, кој се смета за еден од неговите најдобрите и највлијателни дела.[8][9] Делата на Браун почнале да стекнуваат репутација на незаборавна мелодија, проникливи, често многу лични стихови и талент за неговите аранжмани во композицијата. Корицата на албумот била инспирирана од Магрит.[10] Насловната песна била прикажана и во филмот од Мартин Скорсезе, Таксист. Во текот на овој период, Браун ја започнал професионалната соработка со пејачот и текстописец Ворен Зивон.
На турнејата во 1975 година, Браун бил придружуван од неговата сопруга Филис и едногодишниот син Итан. Есента 1975 година, Браун имал концерти со Eagles, Линда Ронштад и Тoots and the Maytals.[11]
Неговиот следен албум, The Pretender (1976), бил објавен по самоубиството на неговата прва сопруга, Филис Мејџор, и неговите чувства се рефлектирале во песните од албумот.
Врв на кариерата и активизам
[уреди | уреди извор]Во 1977 година, Џексон Браун го издал албумот Running on Empty, кој станал негов најпродаван албум. Наместо традиционален студиски албум, Running on Empty содржел песни снимени на концерт, во бекстејџ, па дури и во хотелски соби.[12] Овој уникатен пристап му донел позитивни критики и многу награди. Албумот содржел неколку негови најпознати песни, како насловната песна „Running on Empty“ и „The Load-Out/Stay“, кои се сметаат за класика во рок-музиката.
Во пролетта 1978 година, Браун одржал бесплатен концерт во близина на фабрика за нуклеарна преработка во Барнвел, Јужна Каролина. Во јуни 1978 година настапил на градилиштето на нуклеарната централа Сибрук во Њу Хемпшир како поддршка за 20 000 противници на изградбата на реакторот.[13]
Набргу по нуклеарната несреќа на островот Три Милји, во март 1979 година, Браун и неколку негови пријатели-музичари ја основале антинуклеарната организација Музичари обединети за безбедна енергија.[14]
Неговиот следен албум, Hold Out (1980), бил комерцијално успешен и бил негов единствен албум на прво место наамериканската топ-листа за поп-албуми. Албумот Lives in the Balance (1986) бил силно политички обоен како одраз на неговата посветеност на разни социјални и политички движења, а музиката ја користел за да ги истакне овие прашања.
Во текот на 1980-тите, Браун често настапувал на добротворни концерти за каузи што ги поддржувал, вклучително и „Фарм Ејд“, „Амнести Интернешнал“ (со неколку концерти на турнејата „Заговор на надежта“ во 1986 година), Никарагва по револуцијата за соборување на Сомоза и Институтот Кристик. Албумот World in Motion, издаден во 1989 година, содржел преработка на песната „I am a Patriot“ од Стивен Ван Занд, песна која тој ја изведувал на многу концерти.
Браун, исто така, настапил заедно во ТВ-серијата од Рој Орбисон, Црна и бела ноќ во 1988 година заедно со Брус Спрингстин, kd lang и неколку други музичари. Серијата првично била емитувана на Cinemax.
Подоцнежна кариера
[уреди | уреди извор]Во 1993 година, четири години по неговиот претходен албум, Браун го издал I'm Alive, албум пофален од критичарите но немал успешни синглови. Деветта песна од албумот, „Sky Blue and Black“, била искористена за време на пилот-епизодата од ситкомот Пријатели.
Во 2002 година го издал албумот The Naked Ride Home. Во 2003 година, гостувал како себеси во епизода Симпсонови изведувајќи пародија од неговата песна „Rosie“ со изменети стихови за да одговараат на активностите на Хомер и Марџ во епизодата.
Во 2004 година, Браун бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Брус Спрингстин го одржал воведниот говор.[15] Браун напишал неколку хит песни кои многу уметници, вклучувајќи ги и Eagles, ги снимиле во текот на неговата кариера. Претходната година, три албуми од Браун - For Everyman, Late for the Sky и The Pretender - биле избрани од списанието Rolling Stone за списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња.
Музичката кариера ја продолжил со албумите: Time the Conqueror (2008) и Standing in the Breach (2014).
Петнаесеттиот студиски албум на Браун, Downhill from Everywhere, бил објавен на 23 јули 2021 година, од Inside Recordings.[16]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Jackson Browne (1972)
- For Everyman (1973)
- Late for the Sky (1974)
- The Pretender (1976)
- Running on Empty (1977)
- Hold Out (1980)
- Lawyers in Love (1983)
- Lives in the Balance (1986)
- World in Motion (1989)
- I'm Alive (1993)
- Looking East (1996)
- The Naked Ride Home (2002)
- Time the Conqueror (2008)
- Standing in the Breach (2014)
- Downhill from Everywhere (2021)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gold & Platinum Searchable Database“. RIAA. Посетено на February 21, 2013.
Use advanced search for Artist Name = Browne, Jackson
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Paris, Russ. „Jackson Browne – Biography“. Архивирано од изворникот на November 2, 2011. Посетено на May 21, 2008.
- ↑ Thompson, Dave (February 1, 2012). Hearts of Darkness: James Taylor, Jackson Browne, Cat Stevens, and the Unlikely Rise of the Singer-Songwriter. Backbeat Books. стр. 18. ISBN 9781458471390.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Luhrssen, David; Larson, Michael (2017-02-24). Encyclopedia of Classic Rock (англиски). ABC-CLIO. ISBN 978-1-4408-3514-8.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 8,0 8,1 „Album artist 238 – Jackson Browne“. Tsort.info. Посетено на January 17, 2014.
- ↑ Paris, Russ. Jackson Browne Discography Late for the Sky. Архивирано на {{{2}}}.
- ↑ Taylor, Fred; Wiseman, Rich. „Jackson Browne's Late for the Sky: The Design of a Classic Album Cover“. Архивирано од изворникот на October 10, 2012.
- ↑ „A Jackson Browne Concert Chronology“. The Road & The Sky. Архивирано од изворникот на 2011-07-12.
- ↑ Ruhlmann, William. „Running on Empty – Jackson Browne | Songs, Reviews, Credits“. AllMusic. Посетено на February 17, 2016.
- ↑ Wasserman, Harvey (2008). „Jackson Browne Nails Nuke Power on Colbert“. NukeFree.org. Посетено на February 17, 2016.
- ↑ Epting, Chris (January 18, 2011). „When It Comes to Being Green, Browne Is No Pretender“. AOL News. Архивирано од изворникот на April 28, 2011. Посетено на March 12, 2011.
- ↑ Paris, Russ. Text of Jackson Browne Rock & Roll Hall of Fame Induction Speech by Bruce Springsteen Архивирано на 14 септември 2010 г. March 2004.
- ↑ Petridis, Alexis (July 15, 2021). „Jackson Browne: Downhill from Everywhere review – voice of the boomers faces his mortality“. the Guardian. Посетено на July 30, 2021.
Општи и цитирани дела
[уреди | уреди извор]- Bego, Mark (2005). Jackson Browne: His Life and Music. Citadel Press. ISBN 978-0-8065-2642-3. OCLC 58555463.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Џексон Браун — AllMusic (англиски)
- Џексон Браун на Discogs (англиски)
- Џексон Браун на TED
- Гостувања на C-SPAN
|
- Американски рок-гитаристи
- Американски природозаштитници
- Американски кантри рок пејачи
- Американски кантри гитаристи
- Родени во 1948 година
- Пејачи од Лос Анџелес
- Американски кантри-музичари
- Американски рок-пијанисти
- Американски поп-рок пејачи
- Американски кантавтори
- Американски поп-пејачи
- Американски пијанисти
- Американски гитаристи
- Американски фолк-пејачи
- Американски фолк-гитаристи
- Американски фолк-рок музичари
- Американски кантри кантавтори
- Американски баритони
- Американски активисти