Амнести интернешенал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Амнести интернешенал (англиски: Amnesty International - меѓународна амнестија) — невладина организација фокусирана кон заштитата на човековите права. Се спротиставува на акциите на владите и групите кои се обидуваат да ги спречат луѓето во користењето на нивните права[1]. Организацијата е основана во 1961 во Лондон[2][3] и е добитник на Нобеловата награда за мир 1977[4]. Организацијата бара ослободување на политичките затвореници, обезбедува праведни судења за нив, бара укинување на смртната казна, тортурата и суровото постапување во затворите како и престанок со политичките убиства и прогонот на луѓе поради различното мислење. Делува независно од владата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Amnesty International's Statute“. www.amnesty.org.
  2. Benenson, Peter (28 May 1961). „The Forgotten Prisoners“. The Observer. Посетено на 28 May 2011.
  3. „Amnesty International“. Encyclopedia of Contemporary British Culture: 22–23. (2002). London: Routledge.
  4. „The Nobel Peace Prize 1977 - Presentation Speech“. Nobel Prize.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]