Таксист (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Таксист (1976)“
РежисерМартин Скорсезе
ПродуцентЏулија Филипс и Мајкл Филипс
СценаристПол Шрадер
Главни улогиРоберт Де Ниро
Џоди Фостер
Харви Кител
Сибил Шепард
Питер Бојл
Алберт Брукс
Леонард Харис
МузикаБернард Херман
КинематографијаМајкл Чепман
МонтажаТом Ролф
Мелвин Шапиро
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиера8 февруари, 1976
Времетраење113 мин.
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
Буџет$1.3 милиони (проценка)[1]

„Таксист“ (англиски: Taxi Driver) — психолошки трилер/драмски филм од 1978 година, режиран од Мартин Скорсезе (Martin Scorsese) по сценариото на Пол Шредер (Paul Schrader). Приказната е инспирирана од обидот за убиство на Џорџ Волас од страна на Артур Бремер, врз кого е заснован протагонистот Бикл. Дејството се одвива во поствиетнамската ера во Њујорк, а главната улога ја игра Роберт Де Ниро (Robert De Niro) како Тревис Бикл, осамен, изолиран таксист. Во другите улоги настапуваат: Сибил Шепард (Cybill Shepherd) која ја игра жената која Тревис се обидува романтично да ја освои, Џоди Фостер (Jodie Foster) во улогата на дванаесетгодишната проститутка која тој се обидува да ја спаси, и Харви Кајтел (Harvey Keitel) во улогата на макрото Спорт. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории: најдобар филм, главна машка улога, епизодна женска улога и музика, но не освоил ниту една награда. Сепак, на Канскиот филмски фестивал, филмот ја освоил главната награда, „Златната палма“. Денес, „Таксист“ се смета за еден од најдобрите американски филмови од 1970-тите.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Тревис Бикл (го игра де Ниро) е 26-годишен виетнамски ветеран од Маринскиот корпус на САД, депресивен млад човек кој живее осамен живот во Њујорк. Тој се вработува како таксист за да се справи со неговата хронична несоница, возејќи патници секоја вечер низ њујоршките улици. Слободното време често го минува во кината каде се прикажуваат порно филмови. За себе води дневник во кој свесно се обидува да ги вклучи афоризмите, како што се „Ти си само здрав онолку колку што се чувствуваш здрав“.

Тревис има симпатии спрема шармантната Бетси (ја игра Шепард), русокоса волонтерка во кампањата на претседателскиот кандидат Чарлс Палантин (го игра Харис). Гледајќи ја во канцеларијата како комуницира со нејзиниот колега Том, излегува од своето такси-возило, се запознава со Бетси претставувајќи се дека има желба да се вклучи во кампањата како волонтер. Двајцата набрзо одат на по едно кафе. Следната вечер Тревис ја носи Бетси во кино, без да ѝ најави дека се прикажува шведски порнографски филм. Бетси е увредена и лута си заминува дома. Обидите на Тревис повторно да ја контактира и испраќањето цвеќе на нејзина адреса не вродуваат со плод. Сакајќи лично да ѝ се обрати на Бетси, Тревис оди во нејзината канцеларија каде е брутално исфрлен надвор од нејзиниот колега Том.

Тревис се исповеда на таксистот колега Ризард за неговите чувства, пред тие да започнуваат да се претвораат во насилни. Сепак Ризард го уверува дека сè ќе биде во ред, оставајќи го Тревис на својот деструктивен пат. Тревис се згрозува од нечистотијата, дисфункцијата и проституцијата што секоја вечер ја гледа по њујоршките улици. Се обидува да најде излез за своите фрустрации со започнување на програма за интензивна физичка обука.

Таксист, колега го запознава Тревис со Изи Енди илегален дилер за оружје, од кого Трaвис купува неколку пиштоли. Дома, Тревис интензивно вежба со оружјето и прави механизам за да сокрие пиштол во ракав, а потоа брзо да го извади истиот и употреби. Една вечер, во продавница се случува вооружена кражба, каде крадецот не го воочил Тревис дека се наоѓа меѓу рафтовите од продавницата. Тревис најпрво го предупредува крадецот да се предаде, а откако овој одбива, брутално и ладнокрвно е убиен од Тревис. Сопственикот на продавницата му е благодарен и земајќи го пиштолот на Тревис одговорноста за убиството ја презема на своја кожа.

Следните денови, малолетната проститутка Ајрис (ја игра Фостер) влегува во таксито на Тревис, обидувајќи се да избега од нејзиниот макро, Матеј "Спорт" Хигинс. Спорт на сила ја извлекува Ајрис од таксито и му фрла на Тревис згужвана банкнота од 20 долари. Банкнотата има психолошко дејство врз Тревис и постојано го потсетува на нечесниот и нечист живот во ЊуЈоршкото подземје присутно насекаде околу него. Ја посетува улицата каде ја сретна Ајрис, стануваат пријатели и ја советува да престане со проституција. Тој не успева целосно да ја сврти нејзе од нејзиниот курс, но таа се согласува да останат само пријатели. Тревис остава писмо со 500 долари за Ајрис во својот стан, велејќи дека наскоро ќе биде мртов, а со парите да купи билет и да се врати дома во родниот Питсбург и да продожи со школувањето.

Менувајќи го својот имиџ, Тревис со избричена глава присуствува на јавен собир од кампањата каде што планира да изврши атентат на кандидатот Палантин, но агентите на тајната служба го забележуваат тоа и го бркаат, а Тревис успева да им избега. Истото го забележува и Бетси и нејзиниот колега Том кои се присутни на митингот, но воопшто не знаат дека станува збор за Тревис. Доцна вечерта Тревис оди во т.н. "Источното Село" за да го нападне броделот на Спорт со намера да ја ослободи Ајрис и другите млади девојки. Се случува насилие каде Тревис ладнокрвно го убива Спорт, чуварот и уште еден од бандата. Тревис задобива неколку прострелни рани. Сето тоа се одвива пред очите на Ајрис, која хистерично од страв, го моли Тревис да престане со убивањето. По престрелката, Тревис исцрпен легнува на троседот чекајќи да дојде полицијата. Кога пристигнуваат, тој го става прстот на челото и го гестикулира чинот на самоубиство.

Откако се опоравува од повредите, Тревис и се враќа на работата како таксист. Во сите дневни весници Тревис е опишан како херој од ЊуЈоршките улици и добива многу пофалби. Добива писмо од родителите на Ајрис кои му се благодарни што ја спасил од пропаст и дека Ајрис се вратила во нормален живот. Му откриваат дека живее со нив дома во Питсбург, каде што оди на настава во средното училиште. Писмото го закачува на ѕидот од својот стан.

Неколку дена подоцна, во возилото на Тревис влегува Бетси која бара да ја однесе кај неа дома. На нејзините обиди за разговор, Тревис останува ладен. Во обидот Бетси да ја плати сметката, Тревис ѝ се насмевнува, го исклучува таксиметарот и без збор си заминува.

Глумци[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]