Северен пол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Карта на Арктикот со северниот поларен круг (сино).
Северниот пол.

Северниот пол, познат и како географски северен пол или Земјин северен пол или Арктик е дефиниран како местото во северната хемисфера каде Земјината оска на ротација се состанува со Земјината површина.

Северниот пол е најсеверната точка на Земјата, лежејќи дијаметрички спротивно од Јужниот пол. Ограничен е од од 90° СГШ (Φ= +π/2), и како правецот на т.н. Географски север. Бидејќи на Северниот пол сите правци покажуваат север, таквата географска ширина може да се дефинира како секој вредносен степен (-π ≤ λ ≤ +π).

Додека Јужниот пол лежи на континентална земјина маса, Северниот пол се наоѓа во средината на Северниот Леден (Арктички) Океан чии води речиси постојано се покриени со огромни ледени водни маси. Поради ова не е сигурно да се изгради станица на Северниот пол (за разлика од Јужниот пол). Како и да е, Советскиот Сојуз и подоцна Русија, имаат изградено голем број на станици преку кој го проучуваат Северниот пол. Денеска, научниците предвидуваат дека до 2050 ќе дојде до топење на сантите мраз.[1] Повеќе песимистички, беше тврдено од некои научници дека сантите мраз ќе исчезнат некаде во средината на 2008, предвидување кое очигледно не се исполни.[2][3] На 15 декември 2008, некои Канаѓани изјавија дека некои научници тврдат дека топењето на сантите мраз ќе почне некаде во 2014.[4]

Морската длабочина на Северниот пол е измерена и изнасува околу 4261 метри.[5] Најчесто се вели дека најблиското копно е островот Кафеклубен, одалечен околу 700 км од северниот брег на Гренланд.

Прецизна дефиниција[уреди]

Астрономите го дефинираат северниот географски пол на планета или друг објект во Сончевиот систем со планетарниот пол кој е во истата елиптична хемисфера како и Земјиниот северен пол. Попрецизно, „Северниот пол е полот на ротација кој лежи на северната страна на постојана рамнина од сончениот систем“ [1]. Ова значи дека некои објекти имаат обратни насоки на ротација од „нормалата“, (т.е. во насока на стрелките на часовникот). Друга често користена дефиниција го користи правилото на десна рака: северниот пол е оној пол околу кој објектите ротираат спротивно на стрелките на часовникот [2]. Ако се користи првата дефиниција (според Интернационалната Астрономска Унија), оскениот агол секогаш ќе биде 90° или помалку, но периодот на ротација може да биде негативен (ретроградна ротација); кога се користи втората дефиниција, оскениот агол може да биде поголем од 90° но периодот на ротација е секогаш позитивен..

Имињата на магнетните полови се добиваат во зависност од насоката на силовите линии (кон или од земјината кора). Ако тие имаат иста насока како кај Земјата во Северниот Пол, го нарекуваме северен магнетен пол за планетата.

Некои тела во сончевиот систем како Сатурновиот природен сателит Хиперион и астероидот 4179 Toutatis, немаат Географски Северен Пол. Тие ротираат хаотично заради неправилната форма и гравитациските влијанија од околните планети и месечини.

Проекцијата на Северниот Географски пол на една планета на небесната сфера го дава небесниот пол.

Во случај на синхрони сателити, можеме да дефинираме четири или повеќе пола. Тие се близок, далечен, водечки и краен пол. На пример, Ио месечината на Јупитер ротира синхроно, па нејзината ориентација во однос на Јупитер е секогаш константна.

Дефинирање на Земјиниот Северен Пол[уреди]

Северниот пол, е всушност најсеверната точка на земјата, може да се дефинира на четири различни начини. Само првите две дефиниции се користат во пракса. Како и да се дефинира, Северниот пол лежи во Артичкиот Океан.

  1. Географски Северен пол, е приближно најсеверната точка во која Земјините оски се сечат со површината.
  2. Магнетен Северен пол е најсеверната точка во која геомагнетното поле покажува вертикално, т.е. аголот е 90°.
  3. Геомагнетен Северен Пол е најсеверната точка на диполниот момент на Земјиното геомагнетно поле.
  4. Северен Пол на Непристапност се дефинира како точка во Артикот најдалеку од било кој брег, и се наоѓа на 84°03′N, 174°51′W

. Сличен пол постои и во Пацификот и Индискиот Океан.

Географски Северен пол[уреди]

Географскиот Северен Пол се наоѓа близу до најсеверната точка каде Земјините оски на ротација се сечат со површината. Географскиот Север дефинира Географска ширина 90° север. Во која насока и да тргнете одовде, секогаш ќе одите јужно. Полот се наоѓа во Артичкиот Океан, кој во оваа точка има длабочина 4087 метри. Во 19 век луѓето верувале дека во токму оваа точка се сечат оските на ротација на Земјата со површината, но наскоро астрономите забележале мала варијација во географска ширина кога се набљудува од фискна точка на земјата. Оваа варијација има период од околу 435 дена и се нарекува Чендлерово нишање по пронаоѓачот. Препорачливо е да се поврзе системот од Земјини координати, географска ширина, должина и надморската височина на фиксни рељефи. Сепак, со оглед на расцепувањето на земјиштето и подигнувањето и спуштањето заради вулкани, ерозија и слични појави, не постои систем кој е постојан.

Првата експедиција на северниот пол ја направил Роберт Едви Пери и неговиот вработен Метју Хенсон и четворица Инуити на 6 aприл 1909. Историчарите веруваат дека Пери мислел дека стигнал на северниот пол, но анализи од 1996 покажуваат дека тој всушност бил на 20 наутички милји (40 километри) од полот.

Првото неоспорувано пристигнување на Северниот пол е во 1926 од Норвешкиот истражувач Роалд Амундсен и неговиот aмерикански спонзор Линколн Елсворт од аеродромот Норге, конструиран и управуван од Италијанецот Умберто Нобиле, во лет од Свалбард до Алјаска.

На 3 мај 1952 американскиот авијациски поручник Џозеф О. Флечер и поручникот Вилијам П. Бенедикт слетале со авион на географскиот Северен Пол. Со нив летал и научникот Алберт П. Крери.

Американската воена подморница USS Nautilus (SSN-571) го помина Северниот Пол на 3 август 1958, а на 17 март 1959, USS Skate (SSN-578) излезе на површината, со што стана првото водно возило што стигнало.

Ralph Plaisted made the first confirmed surface conquest of the North Pole on April 19, 1968.

Советскиот нуклеарен мразокршач Арктика на 17 август, 1977, го комплетираше првото пристигнување на копнено возило на полот.

На 6 април 1992 Роберт Шуман стана најмладата личност што стигнала на Северниот Пол.

Во популарната митологија, Дедо Мраз живее на географскиот Северен Пол.

Канадската пошта го додели поштенскиот код H0H 0H0 на Северниот Пол.

Северен Пол на непристапност[уреди]

Северниот пол на непристапност, лоциран на 84°03' СГШ, 174°51' ЗГД, е најдалечната точка од било кој северен континент, околу 1100 км од најблискиот брег. Тоа е географска конструкција, а не физички феномен. Првпат бил откриен од Хјуберт Вилкинс, кој го прелетал со авион во 1927; во 1958 руски мразокршач пристапил до оваа точка.

Територијални претензии на Северниот Пол (Арктик)[уреди]

Сè до 1999, Северниот Пол (Арктик) се сметаше за меѓународна територија. Сепак, како поларниот лед почна да се топи со брзина поголема од очекуваната (видете глобално затоплување), неколку земји пробаа да преземат делови од водата и крајбрејжето на Полот. Русија го направи првиот обид во 2001 година, преземајќи го Ломоносовиот Гребен, подводен гребен под Полот, како природен продолжеток на Сибир. Ова преземање беше оспорено од Норвешка, Канада, САД и Данска во 2004. Данскиот дел од Гренланд е најблиското крајбрежје до Северниот Пол, и Данска тврди дека Ломоносовиот Гребен е всушност продолжеток на Гренланд. Канада бара сопственост на исечокот помеѓу 60°З и 141° ЗГД, што не е универзално прифатено. Канада исто така ја презема водата помеѓу нејзините Канадски Артички острови, што не е прифатено од САД (Данска, Русија и Норвешка имаат направено слични претензии слични на Канадските и се оспорувани од Европската Унија и САД). Потенцијалната вредност на Северниот Пол и неговата област е во можните ноѓалишта на нафта и гас под ледениот блок. Можни се повеќе истражувања за овие материи по скорешното отворање на Северозападниот Премин.

Време[уреди]

На повеќето места на Земјата, локалното време се дефинира според позицијата на Cонцето на небото. Напладне Cонцето е на највисоката точка. Овој метод за време кај Северниот пол не важи бидејќи таму има постојано Cонце цели шест месеци. Нема жив човек на Северниот пол и никоја одредена временска зона не е поставена. Поларните експедиции можат да ја користат секоја временска зона која е погодна за нив, како GMT, или временската зона од државата од која тие доаѓаат.

Флора и фауна[уреди]

Поларните мечки се верува дека ретко се движат околу 82° северно поради недостатокот на храна таму, иако траги од поларни мечки се видени во близина на Северниот пол и една експедиција одржана во 2006 тврди дека виделе мечка на 1,6 км од полот.[6][7] Слепи фоки исто така се видени на Северниот пол, како и северни лисици, видени вон 60 км на 89°40′ СГШ.[8][9]

Птици кои се видени на Северниот пол или блиску Северниот пол се малата птица позната под името „Снегулка“, северниот фулмар и таканаречениот црноног галеб. Иако сите овие птици како и некои други се видени на Северниот пол не значи дека тие живееат на него бидејќи птиците знаат често да ги следат бродовите што е една причина да бидат таму.[10]

Риби се видени во водите на Северниот пол, но веројатно се многу малку.[10] Член не еден од руските тимови кои се пратени за испитување на полот во август 2007 тврдат дека нема никакво водно живо суштество на Северниот пол.[11]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]