Однесено од виорот (филм)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
„Однесено со виорот Gone with the Wind“ | |
---|---|
Theatrical pre-release poster. David O. Selznick demanded that Vivien Leigh be given higher billing, so in later posters, her name was billed right below Clark Gable's. | |
Режисер | Виктор Флеминг Uncredited: Џорџ Кукор Сем Вуд |
Продуцент | Дејвид О. Селзник |
Главни улоги | Clark Gable Vivien Leigh Leslie Howard Olivia de Havilland Hattie McDaniel Butterfly McQueen |
Музика | Max Steiner |
Кинематографија | Ernest Haller Lee Garmes (Uncredited) |
Монтажа | Hal C. Kern James E. Newcom |
Студио | Selznick International Pictures |
Дистрибутер | Metro-Goldwyn-Mayer (original) Warner Bros. (current) |
Премиера | декември 15 1939(Atlanta premiere) јануари 17 1940 (United States) |
Времетраење | 224 minutes 238 minutes with overture, entr'acte, and exit music |
Земја | САД |
Јазик | English |
Буџет | $3.9 million[1] |
Бруто заработка | $400,176,459 (unadjusted)[2] $2,984,000,000 (adjusted 2010)[3] |
Следен | Scarlett |
Однесено од виорот е американски филм од 1939 година, според истоимениот роман на Маргарет Мичел, добитник на Пулицерова награда во 1936 година. Филмот е продуциран од Дејвид О. Селзник, режиран од Виктор Флеминг, а сценариото е на Синди Хауард. Дејствието е поставено во 19 век, во југот на Америка, а во него играат Кларк Гејбл, Вивиен Ли, Лесли Хауард, Оливија де Хевиленд и Хети Мекданиел, и меѓу другото, ја раскажува приказната за Американската граѓанска војна и реконструкција на ерата од Јужната точка на гледање.
Филмот има добиено десет Оскари (осум конкурентни и две почесни), рекорд кој го задржува и наредните 20 години. Американскиот филмски институт во 1998 го вбројува во 100-те најдобри филмови на сите времиња, и го сместува на четвртото место. Однесено од виорот се смета за еден од надобрите љубовни филмови и траен симбол на златното време на Холивуд. Филмот е исто така е и најдолгиот американски звучен филм направен до тоа време, кој трае 3 часа и 44 минути, плус 15 минути пауза. Исто така е еден од првите големи филмови кои се снимени во боја, и добива „Оскар“ од Филмската Академија за најдобар филм и во категоријата за филмови во боја. Однесено од виорот може да се пофали и со голема заработувачка од 400.176.459 долари, од неговото прикажување во кината, а до 2010 година, сумата е приближна до 2.984.000.000 долари, што го прави филм со најголема заработувачка на сите времиња.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дел 1
[уреди | уреди извор]Дејството на филмот почнува на една голема плантажа за памук која е наречена Тара, во руралните делови на Џорџија, во 1861-ва година, пред почетокот на Граѓанската војна во Америка. Скарлет О' Хара (Вивиен Ли) флертува со двајцата браќа Тарлтон, Брент (Фрет Крејн) и Стјуард (Џорџ Ривс), кој пак бил избркан од Универзитетот во Џорџија. Скарлет, Суелен (Евелин Кејс), и Карен (Ен Радерфорд) се трите ќерки на исрски емигрант Џералд О'Хара (Томас Мичел) и неговата сопруга Елен О'Хара, која пак е со француско аристократско потекло. Браќата Тарлтон и кажуваат на Скарлет тајна, која всушност е дека Ешли Вилкс (Лесли Хауард), во кого таа е тајно вљубена планира да се ожени со нејзината братучетка Мелани Хамилтон (Оливија де Хавиленд), и дека свршувачката требало да се објави следниот ден, на скара кај Ешли, во близина на плантажата Твелв Окс. Кога Скарлет се наоѓа во Твелв Окс, забележува еден згоден господин, Рет Батлер (Кларк Гејбл), кој делува помалку измамнички, дека се обидува да ја заведе и шармира. Тој господин бил исврлен од Вест Поинт, но исто така и од неговото семејство во Чарлстон. Како таков, Рет, подоцна, во разговор со машките гости за веројатноста на војната, ќе се најде во немилост, кога ќе каже дека Југот нема никакви шанси во споредба со супериорната војска и индустриска моќ на Северот.
Скарлет, попладнето, се искрадува за да се најде со Ешли насамо во библиотеката, каде му признава дека тајно е заљубена во него. На тоа Ешли и вели дека таа е многу привлечна и привлечна, и дека секогаш потајно ќе ја посакува, но вели дека тој и слатката Мелани се многу покомпатибилни. Потоа таа го обвинува Ешли затоа што ја залажува дека ја сака и му удира шамар. Ешли тивко излегува од библиотеката, но нејзиниот гнев уште повеќе се зголемува кога сфаќа дека Рет ужива во попладневната дремка на каучот од библиотеката, и дека го слушнал целиот разговор. Скарлет ја насочува лутината на Рет велејќи му дека не е господин, на што тој возвраќа пак дека таа не е дама, но сепак и ветува дека ќе ја чува нејзината грешна тајна. Скарлет брзајќи ја напушта библиотеката, а правењето скара е прекинато поради гласините дека војната започнала. Мажите поитуваат да се пријават, а жените се разбудени од попладневната дремка. Скарлет од прозорецот на горноит кат гледа како Ешли ја бакнува Мелани за збогум, а Мелани се засрамува од нејзиниот помлад брат Чарлс Хамилтон (Ренд Брокс), со кој па Скарлет пред тоа наивно флертува. Чарлс ја бара нејзината рака, пред да замине во војна. И покрај тоа што Скарлет воопшто не го сака, се согласува да се омажи за него, се цел да биде поблиску до семејството и да го направи Ешли љубоморен.
Чарлс набргу умира од напад на пневмонија и мали сипаници, служејќи во армијата, а Скарлет останува вдовица. Мјката на Скарлет за да ја орасположи ја испрака во домот на Хамилтонови во Атланта, а нивната добродушна и без влакна на јазикот куќна помошнича отворено и вели на Скарлет дека оди таму само за да го чека враќањето на Ешли.
Во Атланта, Скарлет и Мелани учествуваат во добротворен саем, каде и двете се изненадени од појавата на Рет, кој пак сега е херој кој помага на војниците и местата кои се блокирани, носејќи им храна и пренесувајки пораки од надворешниот свет, работејќи како човек од доверба на Конфедерацијата, и покрај тоа што таа треба да е во длабока жалост, таа шепоти со него, и уште и ја прифаќа неговата покана за танго, со што Скарлет комплетно ја шокира јавноста во Атланта. Додека играат, Рет и ја кажува неговата намера да ја освои, на што таа одговара дека тоа нема да се случи додека е жива.
Бранот на војната се свртува против Конфедерацијата, а по Битката кај Гетисбург се убиени многу луѓе од градот на Скарлет. Ешли доаѓа во посета за божиќните празници, при што Скарлет прави уште еден неуспешен обид да допре до срцето на Ешли, иако во меѓувреме тие споделуваат страсен бакнеж, пред Ешли повторно да замине во војна. Понатаму Скарлет и Мелани се грижат за еден војник (Клиф Едвардс) кој се наоѓа во болница и се опоравува.
Осум месеци подоцна, градот е под опсада на Армијата на Унијата, и поради тоа Мелани мора да оди и напорно да работи. Скарлет, останувајќи верна на ветувањето кое му го дава на Ешли дека ќе се грижи за Мелани, со нејзината млад слуѓинќа Приси (Батерфлај Меквин), мора да го транспортираат детето без медицинска помош, затоа го повикува Рет да и помогне и да ја однесе на Тара со Мелани, Приси и бебето. Тој се појавува со запрежна кола, поведувајќи ги на опасно патување низ области со запалени складишта и магацини. Тој ја остава со речиси мртов коњ, беспомошно болната Мелани, нејзиното бебе, преплашената Приси, и со страсен бакнеж, на патот кој води до Тара. Таа грубо го отфрла, удирајќи му шамар поради неговата бесрамност, а тој од тука се враќа да се бори заедно со Армијата на Конфедерацијата. На патот до дома, Скарлет го догледува Твелв Окс запален, руиниран и напуштен. Иако градот е напуштен од сите, Скарлет на Тара го наоѓа нејзиното семејство, при што дознава дека нејзината мајка починала од треска, а дека нејзиниот татко го изгубил здравиот разум, а тука се и нејзините две сестри, и двајца слуги Мами и Порк (Оскар Полк). Во ограбената Тара од војниците на Унијата, необработливата земја, Скарлет се колне дека ќе направи се за да преживее таа и нејзиното семејство велејќи, „Бог ми е сведок, никогаш повеќе нема да бидам гладна“.
Дел 2
[уреди | уреди извор]Скарлет го организира своето семејство и слугите да работат на полињата и да собираат памук. Исто така убива дезертиран војник од Армијата на Унијата, кој сака да ги ограби, и во неговиот паричник наоѓа доволно пари за да го прехрани семејството и слугите за одредено време. Со поразот на Конфедерацијата, војната завршува. Ешли се враќа на Тара, откако бил воен заробеник во војната. Мами едвај успева да ја задржи Скарлет да потрча кај него кога тој се среќава со Мелани. Истоштениот Ешли е од мала помош на Тара, а Скарлет го моли да побегнат заедно, иако тој и се исповедува дека чувствува голема страст спрема неа, ја бакнува страсно и сепак и вели дека не може да ја напушти Мелани.
Џералд О'Хара умира откако паѓа од својот коњ кога го брка неговиот поранешен надзорник кој сакал да ја купи Тара. Скарлет, која ја има таа одговорност да го издржува семејството, сфаќа дека не може да ги плати даноците кои се воведени после војната. Знаејќи дека Рет се наоѓа во Атланта и верувајќи дека сѐ уште е богат, и вели на Мами да ѝ направи раскошен фустан од завесите на нејзината мајка кои сѐ уште висат на прозорците во салонот. Ама од нејзината посета дознава дека Рет е во затвор. Оди да го посети, но тој и кажува дека неговите странски банкарски сметки се блокирани, но дека сепак направила добар обид, но залуден.
Откако го напушта затворот во кој се наоѓа Рет, Скарлет се сретнува со свршеникот на нејзината сестра, средовечниот Френк Кенеди (Керол Нај), кој е успешен сопственик на продавница и работилница за преработка на дрво. Добивајќи брилијантна идеја, го лаже Кенеди велејќи му дека нејзината сестра се омажила за друг, и за брзо време станува Г-ѓа Кенеди. Потоа таа го презема неговиот бизнис, од профитот купува пилана со која многу профитира за време на обновата на Атланта, и затоа што е подготвена да тргува со омразените Јенки, и вработувајќи осуденици во нејзината работилница.
Кога Ешли добива понуда за работа во банка на север. Скарлет, плачејќи, го преколнува да остане велејќи дека и е потребен во фабриката, а ја искористува и симпатичната Мелани за да го омекне, и тој попушта. Еден ден Скарлет е нападната додека сама се враќала за кон дома. Вечерта после тоа, Френк, Ешли и дугите го возвраќаат ударот, при што Ешли е ранет, а Френк е убиен.
Едвај завршен погребот на Френк, Рет доаѓа во посета на Скарлет со предлог за брак. Скарлет прифаќа, но делумно и поради неговите пари. Тој ја бакнува страсно велејќи и дека еден ден ќе ја добие нејзината љубов, бидејќи смета дека тие двајца се исти. После нивниот меден месец во Њу Орлеанс, Рет и ветува на Скарлет дека ќе и ја врати на Тара нејзината поранешна возвишеност, на која ќе може да ја изгради најголемата палата во Атланта. Скарлет и Рет добиваат ќерка. Скарлет сака нивната ќерка да се вика Евгенија Викторија, но Рет одлучува да и го даде името Бони Блу Батлер (Кеми Кинг). Рет ја обожува неговата ќерка, гледајќи ја во неа духовитата, но помалку лакомата Скарлет, таква каква што била пред војната. Тој исто така прави сè што може за да стекне добро мислење кај јавноста во Атланта, се во интерес на неговата ќерка. Ама Скарлет сѐ уште чувствува болка за Ешли, и збеснува кога согледува дека нејзината фигура е уништена (половината и се зголемила од осумнаесет и пол инчи на дваесет), по што му кажува на Рет дека не сака да има други деца и дека нема повеќе да делат ист кревет. Поради тоа Рет збеснува и со нога ја крши вратата која ги раздвојува нивните соби, велејќи и дека не може да го држи подалеку, сè додека тој сака да биде со неа.
Кога еден ден Скарлет оди во мелницата, го слуша носталгичниот Ешли, и кога сака да го утеши, прегрнувајќи го, во тој момент тие се шпионирани од две озборувачки меѓу кои и сестрата на Ешли, Индиа (Алисија Рет), која пак многу ја мрази Скарлет. Тие многу бргу ги шират гласините за тоа, а репутацијата на Скарлет е доведена во прашање. Подоцна и Рет дознава за тоа, и бидејќи Скарлет е тажна и не станува од кревет, Рет ја присилува да стане и да оди на роденденската забава на Ешли. Кога Скарлет пристигнува на забавата, добродушната Мелани срдечно ја пречекува, застанува до неа, со што на сите има дава до знаење дека не верува во тие озборувања. Истата вечер, во нејзиниот дом, Скарлет се искрадува, сакајќи да се напие, но го здогледува Рет кој е веќе пијан. Ослепен од љубомора, Рет и вели дека би ја убил доколку би знаел дека така ќе го заборави Ешли. Потоа ја крева во раце и носејќи ја по скалите и вели дека ова е ноќ кога нема да дозволи таа да го отфрли. Следното утро, Скарлет се буди со видливо задоволство на лицето, но Рет доаѓа да и се извини за синоќешното однесување, понудувајќи и развод, но таа одбива да се разведе велејќи дека тоа би било голем срам. Потоа Рет одлучува да ја поведе Бони на патување во Лондон. Кога една ноќ Бони се буди во плач од кошмарен сон, Рет сфаќа дека сѐ уште треба нејзината мајка да биде покрај неа. Рет и Бони се враќаат дома, а на Скарлет и е многу мило што го гледа, но тој одбива да се помири со неа. Но Рет забележува дека Скарлет изгледа некако поинаку, и дознава дека таа е повторно бремена. Ја прашува кој е татко на детето, а Скарлет му вели дека тој добро знае дека детето е негово, но дека таа и онака не го сака. Рет и вели да се расположи, дека може ќе и се случи некоја несреќа, на тоа таа збеснува, се нафрла врз Рет и паѓа по скалите, при што ќе го изгуби бебето. Поради тоа Рет чувствува голема вина, оплакувајќи и се на Мелани, но сепак се воздржува да ѝ каже за вистинските чувства на Скарлет кои ги има за Ешли.
Како што Скарлет се опоравува, малата Бони сè повеќе наликува по нејзината импулсивност на нејзиниот дедо, и јавајќи на Пони во обид да ја прескокне оградата, Бони паѓа и го губи нејзиниот живот. Скарлет го обвинува Рет, а Рет се обвинува самиот себе. Мелани оди да ги посети во нивниот дом, да ги расположи малку и да ги смири, но и да го моли Рет да дозволи да ја погребат Бони за да почива во мир. Но малку потоа Мелани колабира, затоа што била повторно бремена и била предупредена дека таа бременост би можела да ја убие. На смртната постела, Мелани ја моли Скарлет да се грижи за Ешли после нејзината смрт, а Скарлет се врти и гледа во Ешли. Испуштајќи здив Мелани исто така и вели да биде пољубезна со Рет бидејќи тој многу ја сака. Надвор од собата Ешли скршен од болка и солзи, се чувствува беспомошен без неговата сопруга. Кога Скарлет ќе го здогледа таков, сфаќа дека тој всушност ништо не и значи, и дека цело време сакала нешто што не постои. Веднаш радосна поитува дома, но го наоѓа Рет како се пакува и го напушта домот и неа. Го моли и преколнува да остане, кажувајќи му дека дури сега сфатила дека всушност го сакала него цело време, и дека никогаш вистински не била вљубена во Ешли. Но како и да е, Рет и кажува дека со смртта на Бони ја снемало и последната шанса за нивно помирување. Иако Скарлет продолжува да му повторува дека го сака, тој на тоа одговара дека тоа е за нејзина несреќа.
Излегувајќи низ вратата Рет, кој планира да се врати во неговоит роден Чарлстон, Скарлет го прашува што ќе биде со неа ако тој ја напушти, што би правела, каде би одела? На тоа Рет гордо одговара: „Искрено драга, не ми е гајле“, и се губи во густата магла. Потоа цела во солзи и очај седнува на скалите мислејќи си: „Па што е тоа толку важно“, и во моментот и текнува на зборовите на Џералд, Ешли и Рет кои ја потсетуваат дека нејзината сила доаѓа од нејзината Тара. Набргу лицето и го облева голема надеж и вели: „Тара! Дома. Ќе одам дома, и ќе смислам начин како повторно да го вратам! Па после се, утре е нов ден!“ На крај, Скарлет, уште еднаш, застанува непоколебливо пред Тара.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Вивиен Ли како Скарлет О'Хара
- Кларк Гејбл како Рет Батлер
- Лесли Хауард како Ешли Вилкс
- Оливија де Хевиленд како Мелани Хамилтон Вилкс
- Томас Мичел како Џералд О'Хара
- Барбара О'Нил како Елен О'Хара
- Евелин Кејс како Суелен О'Хара
- Ен Ратенфорд како Карен О'Хара
- Џорџ Ревс како Стјуард Тарлтон*
- Фред Крејн како Брент Тарлтон*
- Хети МекДаниел како Мами
- Оскар Полк како Порк
- Батерфлај МекКвин како Приси
- Виктор Џори како Џонс Вилкерсон
- Еверет Браун како Биг Сем
- Хауард Хикмен како Џон Вилкс
- Алисија Рет како Индија Вилкс
- Ренд Брокс како Чарлс Хамилтон
- Керол Нај како Френк Кенеди
- Лаура Хоуп Кревс како Тетка Питипат
- Еди Андерсон како Вујко Питер
- Хери Давенпорт како Д-р. Мид
- Леона робертс како Г-ѓа. Мид
- Џејн Дарвел како Г-ѓа.Меривејтер
- Она Мансон како Били Ватлинг
- Вард Бонд како Том, капетан на Јенките
- Клиф Едвардс како гласот на невидениот Војник
- Кеми Кинг како Бони Блу Батлер
- Емили Еби како Баба Мосис
- Пол Хартс како дезертираниот војник на Јенките
- Изабел Џевел како Еми Слатери
- Јакима Канут како напаѓачот на Скарлет
(*Како што е прикажано во филмот, има една грешка: Џорџ Ривс и Фред Крејн се прикажани како браќата Тарлтон. Ривс го игра Сјуард но е заведен како Крејн, додека крејн го игра Брент а е запишан како Стјуард.)
Продукција
[уреди | уреди извор]Развој
[уреди | уреди извор]Пред објавувањето, неколку холивудски студија и раководители одбиле да го снимат филмот кој се темели на истоимениот роман, вклучувајќи ги и Луис Б.Мајер во Метро-Голден-Мајер, Пандро Берман во РКО, и Дејвид О. Селзник од Селзник Интернејшнл Пикчрс. На Џек Варнер му се допаднала приказната, но најголемата ѕвезда на Варнер Брос, Бити Дејвис, не бил заинтересиран, а Дерил Занук од 20тh Century Fox не понудил доволно пари. Но Селзник се предомислил откако неговиот уредник на филмови и бизнис партнер Џон Хеј Витни, го убедува да ги откупи филмските права. Еден месец после објавувањето на книгата во јуни 1936 година, Селзник ги откупува правата за 50.000 долари, што во тоа време претставувало рекордна сума.
Кастинг
[уреди | уреди извор]Кастингот за двете главни улоги станал сложен процес кој траел две години. За улогата на Рет Батлет, Кларк Гејбл набргу станал омилен и кај публиката и кај Селзник. Бидејќи Селзник немал долгорочен договор со машки ѕвезди, морал да позајмува глумци од други студија. Прв избор на Селзник бил Гари Купер , затоа што договорот на Купер со Семјуел Голдвин ја вклучува заедничката фирма за дистрибуција, Јунајтед Артистс, со која Селзник имал договор за осум слики. Меѓутоа, Голдвин бил неангажиран околу преговорите. Варнер Брос понудиле пакет со Бити Дејвис, Ерол Флин и Оливија де Хавиленд за главните улоги, во замена за правата за дистрибуција. Но Селзник останал одлучен да го земе Гејбл за главната улога и пронашол начин да го позајми од МГМ студио, кои до тогаш немале пракса да позајмуваат глумци. Таткото на сопругата на Селзник, Луис Б. Мајер кој бил шеф на МГМ студиото, му понудил на Селзник, покрај тоа што ќе му го отстапи Гејбл и 1.250.000 долари што е половина од буџетот на филмот, но за висока цена: Селзник да мора да му плаќа на Гејбл 7000 долари неделна плата, 50% од добивката на филмот да одат на сметката на МГМ како главна компанија, Loew’s, Inc, и Loew’s да примаат 15 % од бруто добивката на филмот. Сите овие услови Селзник ги прифатил и Кларк Гејбл ја добива главната улога.
Договорот за реализирање преку МГМ значи и одолговлечување на снимањето сè додека Селзник не го комплетирал договорот со Обединети Артисти, со што Гејбл станал достапен. Селзник го користи тоа слободно време за доусовршување на сценариото и што е уште поважно да гради публицитет за филмот впуштајќи се во потрага за главната женска улога, Скарлет О'Хара. Селзник пуштил оглас и интервјуирал 1400 непознати глумици што го чинело 100.000 долари (денешни 1.558.768 долари), што се покажало бескорисно, но со тоа успел во намерата и направил голем публицитет за филмот. Многу познати, или глумици во подем биле интервјуирани со кои и се направени пробни снимања, вклучувајќи ги и Џејн Артур, Лусил Бел, Талула Бенкхед, Џоан Бенет, Џоан Фонтејн, Џоан Крафорд, Бити Дејвис, Франсис Ди, Оливија де Хавиленд, Ирене Дуни, Клара Боув, Грир Гарсон, Паулет Годарт, Сузан Хауард, Мириам Хопкинс, Кетрин Хепберн, Керол Ломбарт, Ида Лупино, Мерли Оберон, Норма Шеарер, Барбара Стенвик, Маргарет Саливан, Лана Тарнер, и Лорета Јанг. Мириам Хопкинс била избор на авторката на романот Маргарет Мичел, која чувствувала дека Хопкинс, која е родена во Џорџија, била вистинки избор за улогата на Скарлет, онака како што пишува во книгата. Меѓутоа Хопкинс Била во своите средни триесетти години, што во тоа време се сметала за прилично стара за улогата.
Четири глумици, вклучувајќи ги и Џен Артур и Џоан Бенет, сѐ уште биле во игра до декември 1938-ма година. Но наскоро само две финалистки останале, Паулет Годарт и Вивиен Ли, кои биле тестирани и на колор платно, и во декември Годарт скоро и да ја добила улогата, но контроверзиите околу нејзиниот брак со Чарли Чаплин, направиле Селзник да го смени своето мислење. Селзник бил помалку загрижен околу доделувањето на главната улога, Скарлет О'Хара, на младата и малку позната во Америка, англиска глумица Вивиен Ли, од февруари 1938-ма година, а Селзник првпат ја видел во филмот Фајр Овер Енгланд и Јенк на Оксворд. Американскиот агент на Ли бил лондонски претставник на таленти на Мирон Селзник агенцијата (на чие чело бил братот на Дејвид Селзник, еден од сопствениците на Селзник Инернејшнл). Вивиен Ли во февруари побала името Скарлет да биде ставено на разгледување. Летото 1938-ма година Селзник преговара со александер Корда, со кој Ли имала потпишано договор за своите услуги истата година. Но порадо публицитет Дејвид договорил да се сретне со неа вечерта во декември 1938-ма година, кога филмот Бурнинг оф Атланта бил снимен. Се измислува приказна за новинарите дека Ли и Лауренс Оливиера само биле во посета на студиото како гости на Мајрон Селзник, кој исто така бил агент на Оливиера, и да Ли била во Холивуд со надеж дека ќе добие улога филмот на Оливеира, Оркански Височини. Два дена подоцна Селзник во писмо и признава на својата сопруга дека Ли била „ Скарлетовиот црн коњ“ , и после серија од пробни снимки, во јануари 1939 година, нејзината улога конечно е потврдена. Непосредно пред снимањето на филмот Селзник го информира Ед Саливан дека родителите на Вивиен Ли се со ирско и француско потекло, идентично како на Скарлет О'Хара.
Сценарио
[уреди | уреди извор]За оригиналното сценарио на писателот Сидни Хауард, филмскиот историчар Џоан Јек пишува, „ редуцирањето на интригите во Однесено од Виорот претставува Херкулов зафат... а Хауардовата прва верзија била многу долга, за што би биле потребни најмалку шест саати за филмот “. Селзник сакал Хаѕард да биде присутен на снимањето поради евентуални измени, но тој тоа го одбил, и како резултат на тоа ревизијата била правена од страна на домаќините на локалните писатели, вклучувајќи го и Бен Хечт. Продуцентот Дејвид О Селзник го менува режисерот на филмот само три недели пред да почне снимањето, со што повторно морал да го препишува сценариото. Го бара режисерот на филмот Волшебникот од Оз, Виктор Фламинг, кој пак бил незадоволен од сценариото со што Селзник му дава задача на познатиот писател Бен Хетч да го преработи сценариото во рок од пет дена. Популарната игра Мунлајт и Магнолија напишана од Рон Хачинсон, зборува за оваа драматична епизода кога Селзник, Флеминг и Бен Хетч буквално се заклучиле во соба цели пет дена за да го докомплетираат сценариото.
Во времето на реализирање на филмот се поставило прашање кој треба да добие пари за сценариото, но и покрај тоа што во формирањето на сценариото учествувале повеќе луѓе, последната верзија е со потпис на Хауард. Фактот што името на Хауард единствено стои на сценариото, повеќе како добар гест, затоа што Хауард трагично го губи животот во 1939, на свои четириесет и и осум години, при несреќа со трактор на фарма, пред премиерата на филмот. Во октомври 1939 година, Селзник прави допис во врска со кредитите за сценариото, каде вели дека релативно е мала количината во материјалот во слики кои не се од книгата, а тие што не се од книгата поголемиот дел се негови, нешто на Бен Хетч, на Сидни Хауард , и малку повеќе на Џон Ван Друтен, и слободно вели дека околу десетина оригинални зборови од целата скрипта му припаѓаат на Оливер Гарет. А што се однесува на градењето на целото сценарио, околу осумдесет проценти од правата ги задржува за себе, а останатите дваесет им ги распределува на останатите. Според биографот на Хетч, Вилијам Мек Адамс, саботното утро на 20 февруари 1939-та година, Дејвид Селзник и режисерот Виктор Флеминг, го шокораат Хетч будејќи го, за да има позајми пари од МГМ и да појде со нив на снимањето на Однесено од виорот , поради тоа што Селзник го почал порано снимањето цели пет недели. Тоа Селзник го чинело 50.000 долари дневно, додека се чекало на конечната верзија на сценариото. Хетч бил на пола работа на сценариото за филмот Во Циркус за Макс Бродерс. Одговарајќи на повик од неговиот пријател, сценаристот Џини Фовлер, вели дека ја нема прочитано новелата, но Селзник и режисерот Флеминг не можеле да го чекаат да ја чита. Тие почнуваат да ги прават сцените врз оригиналното сценарио, кое што треба итно да биде преработено. Хетч напишал, „ Секоја сцена ја прегледувавме и ја дискутиравме, потоа седнував на машина за пишување и ја пишував сцената. Селзник и Флеминг нестрпливи да продолжат со снимање, постојано ме притискаа, и на овај начин работевме седум дена, по осумнаесет до дваесет саати на ден. Селзник дури одби да ни даде ручек, велејќи ни дека храната само ќе не успори. Тој набави банани и солени кикирики...па на седмиот ден ги завршив, неповреден, првите девет ролни од епот за граѓанската војна“.
МекАдамс напишал: „ Невозможно е да се одреди колку точно Хетч напишал, ...во официјалните кредити патентирани од Еснафот на писателите, Синди Хауард секако бил награден за самостојно сценарио, а за другите е додадено е во прилог ... Џо Сверлинг за придонес во обработката, Оливер Х.П. Гарент и Барбара Коен за конструирање на сценариото, и Хетч, за дијалозите, што значи дека влијанието на Хетч не е за поценување.
Снимање
[уреди | уреди извор]Главното снимање започнува на 26 јануари 1939 година, а завршува на 27-ми 1939 година, а заедно со пост-продукциската работа (вклучувајќи и пет верзии на сцени за отворањето), до 11 ноември 1939 година. Режисеро Џорџ Цукора, со кој Селзник има долгогодишна соработка, и со кој работи на продикцијана на Однесено од виорот цели два години, е тргнат за помалку од три недели од снимањето. Оливија де Хавиленд кажала дека дознала за неговото отпуштање од Вивиен Ли, на денот на снимањето на сцената за добротворниот саем во Атланта. Двете отишоле до канцеларијата на Селзник облечени во костумите за снимање преколнувајќи да го смени мислењето, но залудно, тој се извинил, но сепак одбил. Виктор Флеминг, режисерот на филмот Волшебникот од Оз, е повикан од МГМ да го доврши снимањето, и покрај тоа што Цукора продолжува да биде приватен учител на Вивиен Ли и Оливија де Хавиленд. Уште еден режисер од МГМ работел две недели, во мај, кога Флеминг го напуштил привремено снимањето поради исцпеност. Кинематографот Ле Гармс започнува со продукција, но после еден месец од снимањето Селзник и неговите соработници забележуваат дека има премногу темни слики, така што и тој бил заменет со Ернест Халер, во соработка со снимателот во техниколор, Реј Ренахан. Поголем дел од снимањето е направено од „ The back forty “ на Селзник Интернејшнл, и повеќето сцени се снимени во Калифорнија, главно во Лос Анџелес или соседниот Вентура округ.Тара, која за многу американци претставува икона на Јужните куќи на плантажите, постои само како шпер- плоча и фасада од тврда хартија, која е изградена во студио во Калифорнија. За сцената кога Атланта гори, сите лажни фасади се изградени пред „ back forty “, поставени се напуштените места, а самиот Селзник врши контрола на експлозивот која е поставен за да ги сруши и запали. Трошоците се проценети на 3,9 милиони долари, а само Бен Хур (1925) и Хелс Ејџлс (1930) чинеле повеќе.
Иако постои легенда дека Селзник бил парично казнет со 5.000 долари, за употреба на зборот „ проклетство “, во последната реплика на Рет Батлер, од страна на Хејс Офис, но всушност одборот на Моушн Пикчрс Асосиејшн поднесува амандман на 1 ноември, за измена на законот кој би забранувал користење на зборови како што се „проклетство“ и „пекол“, освен ако нивната употреба е од суштинско знечење или се потребни за изведба но во соодветен историски контекст, на било која сцена или дијалог со историски факти или фолклор... или цитат од некое книжевно дело, а нивна употреба не е допуштена кога е суштински неприфатлива или го навредува добриот вкус . Со таа измена и надополнување Здружението за продукциски праивла нема понатамошни приговори за завршната реплика на Рет Батлер. За ова исто така е направен документарен филм , Создавањето на легендата: Однесено од виорот.
Издание
[уреди | уреди извор]Прво јавно прикажување
[уреди | уреди извор]Кога Селзник беше запрашан од новинарите како се чувствува во врска со филмот, тој рече: „ На пладне мислам дека е божествен, на полноќ мислам дека е вошлив. Понекогаш мислам дека е најголем филм направен до сега, но и да е само најголем филм до сега, јас ќе бидам задоволен“. На 9 септември 1939 година, Селзник и неговата сопруга Ирена, инвеститорот Џок Витни, и филмскиот уредник Хал Керн, се довезоа до Риверсајд, Калифорниа, со целата филмска ролна за да за да го прегледаат филомот пред публика. Филмот сѐ уште не бил довршен во оваа фаза, му недостигале многу оптички ефекти, и поголемиот дел од музиката која ја направил Макс Штајнер. Тие стигале во Фокс Театарот во Риверсајд, каде што веќе игра двоструката претстава на Хавајски Ноќи и Беу Гест. Керн го побарал менаџерот и му кажал дека го одбрале токму него за да го направат првото јавно прикажување на филмот Однесено од виорот. Му било кажано дека после прикаживањето на Хавајски Ноќи, би можел да направи прераспределба во распоредот, но дека му е забрането да каже за кој филм станува збор. На луѓето им било дозволено да си заминат од театарот, но после тоа, на тие што ќе останат ќе им биде забрането да излегуваат и исто така и нема да смеат да телефонираат. Менаџерот негодувал но на крајот прифатил. Негово единствено барање било да и се јави на неговата сопруга за да ѝ каже веднаш да дојде во театарот. Керн стоел покрај него, за да биде сигурен дека нема да и го каже името на филмот. Кога филмот почнал од публиката се слушало зуење кога се појавило името на Селзник, бидејќи тие веќе имале прочитано за филмот уште пед две години. Во едно интервју, години подоцна Керн ќе го опише вистинскиот момент, за тоа како изгледала публиката кога сфатиле што всушност се случува. Кога името на Маргарет Мичел се појавило на екранот, никогаш во својот живот не сте слушнале таков звук. Тие испуштаа крикови, стоеа на своите седишта... имав (рачна кутија за звук), ја пуштив музиката, но ништо не можеше да се слушне. Г-ѓа Селзник плачеше како бебе, исто така Дејвид а исто и јас. Ох, каков само трепет предизвика Однесено од виорот кога се појави на екранот, беше како гром!“
Во личната биографија на Селзник, Дејвид Томсон напишал, дека реакцијата на публиката уште пред да почне филмот претставува „ најголемиот момент во неговиот живот, најголема победа, и простување на сите негови слабости“. Кога филмот завршил, имало огромни овации. Во преглед на картиците кои публиката ги пополнува по завршувањето на филмот, две третини од луѓето го оцениле филмот како прекрасен, што претставувало необично висок рејтинг. Повеќето од публиката ги замолиле да има што помалку прекини, на филмот и наместо тоа сугерирале да елиминираат какви било филмски Журнали, нишки на Б- филм.
Прифаќање
[уреди | уреди извор]Филмот премиерно е изведен во Атланта, Џорџија, на 15 декември 1939 година. Тоа било кулминација на свеченоста која траела по тој повод во Атланта три дена, под покровителство на градоначалникот Вилијам Б. Хартсвилд, која вклучува и парада со лимузини во кои се наоѓаат ѕвездите на филмот, приеми, илјадници федеративни знамиња, лажни фронтови на продавници и домови, и маскенбал. Еурит Д. Риверс, гувернер на Џорџија го прогласи 15 декември за државен празник. Њујорк Тајмс објавува за најголемиот собир, каде се кренала наголемата врева, и кој бил најснажниот и највозбудлив во историјата на Атланта. Прецедателот Џим Картер ќе го опише како „најголем настан кој се случил на Југот во мојот живот“.
На Хети МекДаниел и на другите црни глумци им било забрането да учествуваат на премиерата на филмот, поради законот на Џим Кров, кој важел во Џорџија, бидејќи не смееле да седат заедно со белите глумци од екипата. Откако за тоа дознава Кларк Гејбл, сака да ја бојкотира премиерата на филмот, но Мекданиел го убедува да присуствува на премиерата. Во Лос Анџелес, филмот ја имал својата премиера во елегантниот Картеј Сиркл Театар. Од Декември 1939 година филмот играл само со однапред резервирани билети и во ограничен бро на кина, пред да премине во општо пуштање. Станал сензационален хит во Лондон во киното Блиц на отворањето во април 1940 година, и филмот играл цели четири години.
Подоцнежни изданија
[уреди | уреди извор]Однесено од виорот добива ре-изданија во 1947, 1954 и 1961 година.Со изданието во 1961-ва се одбележило и 100 годинината од почетокот на граѓанската војна, а вклучувало и гала „премиера“ во Лобс Гранд Театарот. Кларк Гејбл починал неколку месеци пред тоа, но сите други ѕвезди од филмот присуствувале. Филмот е повторно ре – издаден во 1967-ма година во 70мм стерео верзија, која е и денес најпозната по својот легендарен постер. Понатаму повторно е издаден во 1971-ва година, од страна на Јунајтед Артистс во 1974 година, од страна на Тарнер Ентертејмент и МГМ/УА Цомуникејшн Ко во 1989 година, и Њу Лајн Синема во 1998-ма година. Изданието во 1954-та филмот првпат е направен во широк формат, со што се загрозило оригиналното издание и имало отсекувања на врвот и на дното во однос од 1,76 : 1. При тоа голем број на снимки повторно биле врамени и изрежани на танки негативи, со што засекогаш менуваат пет секвенци во филмот. На 70мм ре изданието, со исечоците од филмот, дава многу потесен сооднос на 2,20 : 1. Во 1998-ма година се појавива во ВХС и ДВД изданија кои му го враќаат првобитноит изглад на филмот. На 14ти Ноември 2009 година, по повод 70 – годишнината на филмот, филмот е реиздаден во нова висока дефиниција и пренос во Блу- реј фомат. Ако се земе предвид инфлацијата, Однесено од виорот се очекува да биде филм со најголема заработувачка на сите времиња во земјата.
Tелевизија
[уреди | уреди извор]Филмот го прави своето телевизиско деби на кабловската мрежа ХБО во јуни 1976 година, и да се емитува ТВ деби во ноември истата година во два дела на НБС мрежата, што во тоа време станала највисоко оценета телевизиска програма до тогаш, презентирана на една мрежа, ја гледале 47,5 %од домовите во Америка, а 65 % телевизиски гледачи. Иронично е тоа што гледаноста и ја надминала мини серијата Корени, сага за ропството во Америка. Филмот подоцна е прикажан на ЦБС, а моментално (2011) се пренесува од различните кабелски канали на Тарнер Ентертејмент.
Наследство
[уреди | уреди извор]Дејвид О Селзник во обид да избегне да ги плати високите даноци на добивка, заедно со неговиот партнер ја ликвидираат нивната компанија Селзник Интернејшнл Пикчрс , повеќе од три години во раните 1940-ти години. Како дел од ликвидацијата, Селзник ги продава и своите права на Однесено од виорот на Џек Битни и на неговата сестра, кои пак ги продаваат на Метро- Голдвин Мајер ви 1944 година. Денес е во сопствеништво на Тарнер Ентертејмент, чија матична компанија Тарнер Бродкастинг, ја стекнува и МГМ филмската библиотека во 1986 година. Тарнер моментално е подружница на Тајм Варнер, која пак е матична компанија на Варнер Брос Ентертејмент. Филмот е омилен филм на Тед Тарнер, основачот на ТБС, а и жител на Атланта.
Во 1989 година, Однесено од виорот е избран од Националниот Филмски Регистер на САД од страна на Конгресната книжарница како „културно, историски и естетски значаен филм “. Во 1998 Американскиот филмски институт го рангира во на 4-то место во своите 100 најдобри филмови. Гласините за негово продолжение траеле со години , сè до 1994 година, кога продолжението конечно е продуцирано за телевизија на темели на романот на Александра Рипли, имануван како Скарлет, кое претставува своевидно продолжение на романот на Мичел. Двете, книгата и мини сериите испреплетено се прикажувани. Во ТВ верзиите, британски глумци ги играат главните улоги: велшкиот глумец Тимоти Далтон го игра Рет Батлер, а пак Скарлет О'Хара ја игра Џоан Вали која е од Манчестер. За снимањето се користени изворните планови, за реконструкција на репликите и оригиналниот изглед на Тара, а снимани се Чарлстон во Јужна Каролина. Последната реплика на Рет Батлер, при што и се обрака на Скарлет, „ Искрено драга, не ми е гајле “, во 2005 година од страна на Американскиот филмски институт е избрана за најзапамтена реплика на сите времиња во филмската индустрија.
Ликот пак наЛесли Хауард е еден од најомразените, но сепак неговиот придонес за Британскиот филм е голем, и исто така поборник за кревање на гласот против холокаустот. Во 2005 музиката на Макс Стеинер за филмот е рангирана како втора најдобра филмска музика на сите времиња, рангирана од АФИ.АФИ исто така го рангира на второто место во нивниот попис за 100 најдобри филмски романи на сите времиња. После снимањето на филмот, за сетот на Тара, заклучуваат, како Селзник така и сите негови бивши студија како Форти Актрис, РКО Пикчрс да биде продаден на Десли Продакшн. Во 1959 година Соутер Атракшн, Инк, ја купуваат фасадата на Тара за да ја пренесат во Атланта, со план да прерасне во туристичка атракција. Дејвид О Селзник во тоа време коментирал: „Ништо во Хиливуд не е трајно, после снимањето животот овде е завршен. Тоа е скоро симбол во Холивуд. Тара немаше соби внатре, тоа е само фасада. Се во Холивуд е само фасада “. Но застапниците на Маргарет Мичел одбиваат каква било комерцијализација во врска со фасадата, ужаснати од тоа колку малку личи на нејзиниот опис. Во 1979 година расклопените шпер-плочи и тврдата хартија и наводно во страшна состојба се купени за 5000 долари од Бети Талмадџ, бившата сопруга на поранешниот гувернер на Џорџија и американски сенатор Херман Талмадџ. Таа ја позајмува влезната врата од Тара, и ја мести веднаш до куќата музеј на Маргарет Мичел, во центарот на Атланта, Џорџија, каде е трајно поставена, вклучувајќи го Однесено од виорот како филмски музеј. Други елементи од филмот како на пример замокот на Рет и Скарлет, сѐ уште се чуваат складирани Калвер Студио ( поранешно Селзник Интернејшнл ), вклучувајќи го и прозорот на врвот на скалите, која всушност е слика. Познатиот портрет на Скарлет во син фустан, кој стои обесен во спланата соба на Рет Батлер, стоел во основното училиште Маргарет Мичел во Атланта, но сега се наоѓа во музејот на Маргарет Мичел, но е прилично оштетен со дамки од чаша шери кои Рет Батлер и Кларк Гејбл ги фрлиле во моменти на бес.
Расни критики
[уреди | уреди извор]Неодамнешните историски студии на движењето за граѓански права се фокусираат на идиличен приказ на граѓанската војна во времето на Југот, во филмот. Професорот Д.Ј. Рејнолдс напишал дека белите жени се елегантни, благородни и допадливи. А во позадина нивните црни робови се верни во извршувањето во своите должности, и јасно неспособни за самостојна егзистенција. Рејнолдас го споредува Однесено од виорот со раѓањето на една нова нација и нивните нови замисли за Југот во времето на сегрегацијата со што белите жители на Југот се претставени како ги бранат традиционалните вредности, но и прашањето за ропството е занемарено во голема мерка. Изведбата на Хети МекДаниел (преку која таа стана првиот црн Американец што добил Оскар) и Батерфлај Меквин се опишани како стереотипи на црна мајка и дете како црнечки роб (во филмот карактерот на Приси бил дванаесетгодишен, но игал во филмот како возрасен). Малколм Х потсетил дека кога Батерфлај МекКвин го снимал својот чин, имал чувство како да ползи под тепихот.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]„Однесено со виорот” е првиот фил кој добил повеќе од пет Филмски награди на академијата на САД. Од 15 конкурентни награди одредени за тоа време, „Однесено со виорот” имаше 13 номинации. Селзник Интернејшнал Пикчрс (продуцентот Дејвид О. Селзник) освои награда за најдобра снимка; Виктор Флеминг доби награда за најдобар режисер; Вивиен Ли освои награда за најдобра глумица; Сидни Хауард освои награда за најдобро адаптирано сценарио; Хати Макданиел освои награда за најдобра споредна улога; Ернест Халер и Реј Ренахан освоија награда за најдобра кинематографија, боја; Хал Ц. Керн и Џејмс Е. Њуком добија награда за најдобра монтажа и Лајл Вилер доби награда за најдобра уметничка режија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "G With the W Архивирано на 29 јуни 2011 г.", Time, vol. 34, December 25, 1939. "Record Wind Архивирано на 2 февруари 2010 г.", Time, February 19, 1940, specified $3,850,000.
- ↑ „Gone with the wind (1939)“. Box Office Mojo. Посетено на January 1, 2009.
- ↑ Shone, Tom (February 3, 2010). „Oscars 2010: How James Cameron took on the world“. Telegraph.co.uk. Посетено на October 20, 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Однесено од виорот (филм)“ на Ризницата ? |
- Gone with the Wind на Семрежната филмската база на податоци
- Gone with the Wind на филмската база TCM
- Gone with the Wind — AllMovie (англиски)
- Gone with the Wind на Box Office Mojo
- Gone with the Wind на Rotten Tomatoes
- Gone with the Wind wardrobe Архивирано на 5 април 2011 г., an online exhibition from the David O. Selznick collection at the Harry Ransom Center
- Film Stills Архивирано на 17 јули 2011 г. Photo Archive
- Gone with the Wind on DVD at Warner Home Video
- Literature on Gone with the Wind
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Jezebel |
Academy Award winner for Best Actress and Best Supporting Actress | Наследник Mrs. Miniver |
|
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
- Филмови од 1939 година
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови засновани на романи
- Филмови на MGM
- Филмови на Виктор Флеминг
- Филмови со Кларк Гејбл
- Филмови со Вивиен Ли
- Филмови со Оливија де Хевиленд
- Филмови за Американската граѓанска војна
- Филмови чие дејство се одвива во САД