Џамија Михримах Султан
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Џамија Михримах Султан Mihrimah Sultan Camii |
|
Џамијата Михримах Султан |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Истанбул, Турција |
| Координати | |
| Религија | Ислам |
| Осветен | 1562 |
| Архитектонски опис | |
| Архитект | Синан |
| Архитектонски тип | џамија |
| Карактеристики | |
| Висина на купола (однадвор) | 37 метри |
| Висина на купола (однатре) | 20 метри |
| Минаре/иња | 1 |
| Материјали | гранит мермер |
Џамијата Михримах Султан (турски: Mihrimah Sultan Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Оваа џамија била изградена од страна на познатиот отомански архитект Мимар Синан и била посветена на ќерката на Сулејман Величенствениот, принцезата Михримах. Џамијата се наоѓа на врвот од шестиот рид на стариот Константинопол[1], правејќи ја една од главните обележја на градот.
Градбата на оваа џамија траела во периодот од 1562 до 1565 година[2]. Самиот комплекс бил на неколку пати разрушуван од страна на земјотреси и тоа во 1719, 1766, 1814 и 1894 година. Во текот на времето, џамијата била реконструирана постојано. Во 1999 година исто така бил разрушен дек од џамијата како и еден дел од минариња.