Христо Узунов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14: Ред 14:
== Детство и школување ==
== Детство и школување ==


Христо Узунов е роден на [[22 февруари]] [[1878]] година во [[Охрид]]. Татко му бил учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од [[Струга]] од семејството на преродбенскиот деец [[Ѓорѓи Чакалов]] од [[Струга]]. Христо Узунов своето образование го започнал во родниот град, [[Охрид]]. Потоа, уште како ученик на [[Солунска егзархиска гимназија|Солунската егзархиска гимназија]] пристапил во [[ВМРО]] и таму раководел со револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во [[Охрид]].
Христо Узунов е роден на [[22 февруари]] [[1878]] година во [[Охрид]]. Татко му бил [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од [[Струга]] од семејството на преродбенскиот деец [[Ѓорѓи Чакалов]] од [[Струга]]. Христо Узунов своето образование го започнал во родниот град, [[Охрид]]. Потоа, уште како ученик на [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската егзархиска гимназија]] пристапил во [[ВМРО]] и таму раководел со револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во [[Охрид]].


== Вклучување и дејствување во редовите на организацијата ==
== Вклучување и дејствување во редовите на организацијата ==

Преработка од 15:49, 18 април 2009

Христо Узунов
Податотека:Hristo.jpg
Роден 22 февруари 1878
Охрид, Македонија, Отоманска Империја)
Починал починал на 24 април 1905
починал во с.Цер, Кичево

Христо Узунов е македонски револуционер кој го претставува охридското револуционерно движење.

Детство и школување

Христо Узунов е роден на 22 февруари 1878 година во Охрид. Татко му бил егзархиски учител и активно вклучен во револуционерното движење. Неговата мајка била по потекло од Струга од семејството на преродбенскиот деец Ѓорѓи Чакалов од Струга. Христо Узунов своето образование го започнал во родниот град, Охрид. Потоа, уште како ученик на Солунската егзархиска гимназија пристапил во ВМРО и таму раководел со револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во Охрид.

Вклучување и дејствување во редовите на организацијата

Според некои документации, се смета дека Христо Узунов во револуционерната организација се вклучува во 1896 година заедно со Методиј Патче. Така, Христо Узунов бил и раководител односно организатор на ТМОРО во Охридско и Струшко. Прогонуван од турската власт, на двапати бил затворен во Битола. На познатиот Солунски конгрес на Организациjата во 1903 година била донесена одлука да се крене востание. Конгресот на округот пак, бил закажан во селото Смилево, на 1 маj 1903 година. На него охридскиот воjвода Христо Узунов, коj jа предводел делегациjата на Охридската револуционерна околиjа, предложил, поради недоволната организираност и слабата вооруженост да не се крева востание, во кое не успеал. По задушувањето на востанието, во охридскиот краj останал воjводата Христо Узунов, коj по одредено поминато време на Смилевската планина, во декември 1903 година се вратил во своjата околиjа за да ги обнови растурените комитети на Организациjата. Во текот на 1904-1905 година Узунов главно се свртел кон организирање борба против присутните пропаганди, како и со разрешување на идеолошко-теоретските проблеми со кои се соочувала Организациjата.

Благодарејќи токму на него, за илинденското востание се знае многу повеќе отколку за другите востанички реони. Тој регистрирал сѐ, го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец, на секој предавник кого организацијата го осудувала на смрт. Денес се познати имињата на сите 478 лица од охридско-струшки крај кои загинале во востанието. За големата посветеност на македонското дело на Христо Узунов зборува и неговата средба со селаните од село Куратица, веднаш по трагичниот крај на востанието:

Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв, и за сѐ знаете, јас сум виновен. Еве ви се предавам, убијте ме, предајте ме, што сакате правете со мене.

А потоа востаниците ќе му одговорат:

Не, ти не си виновен. Ако раководството даде решение ние повторно ќе се кренеме.

Христо Узунов за неуспехот на востанието чувствува голема грижа на совеста. Неговиот сограѓанин Огненов во едно писмо ќе му напише:

Брату Арсение(надимак на Христо), тие за тебе имаат повеќе од добро мислење (се смета за сограѓаните), те сметаат за идеален, особено по заминувањето на твоите другари за Бугарија. Сите со гордост го споменуваат твоето име и се чувствуваат особено привилегирани ако некој од нив зборувал со тебе...

Христо Узунов бил многу револтиран од заминувањето на другите членови во Бугарија, иако тој никогаш не престојувал во Софија, туку останал во татковината каде настојувал борбите да продолжат.

Смртта на Узунов

На 24 април 1905 година, од Крушево заминал за Кичевско, придружуван од страна на 14 соработници и револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето сѐ со цел да го исполнат решението за егзекуција на петнаесетмината ренегати во една ноќ. Но во кичевското село Цер биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Тие не примиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Војводата Ванчо Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, во кој сепак не успеал. За да не им паднат на Турците живи во раце, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва.

Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици.

Податотека:Kukata Hristo Uzunov.jpg
Куќата во која е роден Христо Узунов во Охрид

Писма

Писмо до сите чесни револуционери на внатрешната организација пред неговото самоубиство

Браќа,

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо.

Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете.

Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 - 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат.

Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели.

Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари.

Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници.

Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација.

Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување.

Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините.

За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.устав.

Останувам со братски бакнежи.

Х.Д.У ...

Оригинал на писмото на Христо Узунов: (превод на македонски:)“ ...За последен пат ќе Ви повторам: бидете искрени и чувајте ги основните закони на организ. устав. Останувам со Братски бакнеж, Хр. Д. Узунов “.

Давајќи и го писмото на Спировица (која при земањето бил ранета) и подвикнал:

Последен пат збогум сестро, кажи им на другарите дека славно ќе умрам, смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши. Кажете им дека сме предадени.

По завршувањето на писмото тој и 11 востаници се самоубиле во село Цер, 24 април, 1905 година.

Писмо на Христо Узунов до неговата мајка

Мила ми мајко,

Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?

- Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.

Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги