Региони во Нов Зеланд: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: fi:Uuden-Seelannin alueet |
с r2.7.1) (Бот Додава: hr:Novozelandske regije |
||
Ред 117: | Ред 117: | ||
[[ko:뉴질랜드의 행정 구역]] |
[[ko:뉴질랜드의 행정 구역]] |
||
[[hy:Նոր Զելանդիայի վարչական բաժանում]] |
[[hy:Նոր Զելանդիայի վարչական բաժանում]] |
||
[[hr:Novozelandske regije]] |
|||
[[it:Regioni della Nuova Zelanda]] |
[[it:Regioni della Nuova Zelanda]] |
||
[[he:חבלי ניו זילנד]] |
[[he:חבלי ניו זילנד]] |
Преработка од 22:48, 19 јануари 2012
Регион (англ. region) е формален термин за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални власти (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни власти. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од индивидуална територијална власт на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните единици, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.
Должности
Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните власти се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.
Региони
Области вон регионалните граници
Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и субантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.
Раководство
Советите се бираат со јавно гласање секои три години.
Видете исто така
- Територијални единици во Нов Зеланд
- Административна поделба на Нов Зеланд
- Листа на градови во Нов Зеланд
Наводи
- ↑ Густина на живеење: Табела 1, Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 (англиски) Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари.
- ↑ „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.
Надворешни врски
- Карта (англиски)
- Населенија и зафатнини (англиски)
|
Административна поделба на Нов Зеланд
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Државно ниво | Кралство Нов Зеланд | ||||||||||
Државно ниво | Нов Зеланд | Токелау | Кукови Острови | Ниуе | Росова Зависност | ||||||
Региони | 12 неунитарни региони | 4 унитарни региони | Четемски Острови | Кермадек | Подантарктички Острови | ||||||
Територијални единици | 16 градови и 57 окрузи | ||||||||||
Белешки | Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион | Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно | Специјална територијална единица | Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените острови | Земји под управа на Нов Зеланд | Држави во слободно здружение со Нов Зеланд | Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор |